Насочувачка табела

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кај сметачките мрежи, насочувачка табела (англ. routing table или Routing Information Base, RIB) е податочна структура во облик на табела како објект сочуван во некој насочувач или вмрежен сметач со список на патишта до извесни мрежни одредишта, а во некој случај и метрика поврзана со овие правци. Насочувачката табела содржи информации за топологијата на мрежата и го води насочувањето според потребите на корисникот. Конструирањето на насочувачките табели е примарна цел на насочувачките протоколи. Статичните патеки (routes) се записи во насочувачката табела со не-автоматско значење, коишто се фиксирани наместо да бидат резултат од некоја мрежна топологија.

Насочувачките табели обично не се користат за препраќање на пакети во архитектури на еден современ насочувач, туку се користат за генерирање на информациите за помала препраќачка табела, која ги содржи само патеките што се избрани од страна на насочувачкиот алгоритам како приоритетни патеки за препраќање на пакети. Остатокот од нив ќе ги игнорира овие имплементациски детали, и ќе се однесува на целото насочување/препраќање на информациски подсистем како „насочувачка табела“.

Основа[уреди | уреди извор]

Насочувачката табела ја користи истата идеја како што користи карта (план) во испорака на пакет. Секогаш кога еден јазол треба да испрати податоци до друг јазол во мрежа, прво, тој мора да знае каде да ги испрати. Ако јазолот не може директно да се поврзе до одредиштето на другиот јазол, тој мора да го испрати по други јазли долж соодветна патека до одредишниот јазол. Повеќето јазли не се обидуваат да дознаат кои патеки (правци) работат. Наместо тоа, еден јазол ќе испрати IP пакет до портата, која потоа ќе одлучи како да го насочува „пакетот“ од податоци до соодветната дстинација. Насочувачката табела е база на податоци која ги чува правците, како карта, и им овозможува на портите да ги обезбедат овие информации до јазолот кој ги побарува истите информации.

Со насочувањето „скок по скок“ (hop-by-hop) секоја насочувачка табела, за сите достапните одредишта, адресата на следниот уред на пат до одредиштето, следниот скок. Ова е основна одлика на интернет-слојот од IP протоколот и мрежниот слој од моделот OSI, за разлика од IP од „крај до крај“ (end-to-end) и транспортното ниво од моделот OSI .

Функции[уреди | уреди извор]

Во текот на процесот на насочување, одлуките на домаќините и на насочувачите се потпомогнати од базата на податоци на патеките, познати како насочувачката табела. Насочувачката табела не е исклучива за насочувачот. Во зависност од насочувачкиот протокол, домаќините можат исто така да имаат насочувачка табела која може да одлучи кој насочувач е најдобар за препраќање на пакетите. Насочувачките табели на домаќините се по избор на Инернет протоколот, како и застарените насочувачки протоколи како што е IPX.

Видови на записи во насочувачка табела:

  • мрежна патека: (правецм, маршрута) до одредени мрежни ID во меѓумрежа. Тоа е порта, знамето G ќе се појави до IP-адресата.
  • домаќинска патека: патека (правец) до одредена адреса (network ID и host ID). Оваа патека овозможува интелигентни насочувачки одлуки да бидат дондесени за секоја мрежна адреса. Се користат за да создаваат сопствени патеки за контрола или оптимизирање на мрежниот сообраќај.
  • стандардна (подразбрана) патека: патека што се користи кога нема други патишта до извесно одредиште. Ако некој насочувач или крајниот систем (како ЛС) не можат да најдат пат до саканото одредиште, тогаш се користи оваа патека.

Потешкотии со насочувачките табели[уреди | уреди извор]

Потребата за снимање на патиштата до голем број на уреди кои користат ограничен простор претставува голем предизвик во изградбата на насочувачкata табела. На интернет, моменталната доминантна адресна агрегација е претставка за прикажување на шемата наречена CIDR (бескласно меѓудоменско пренасочување).

Бидејќи во мрежата секој јазол се претпоставува дека поседува важечка насочувачка табела, насочувачките табели мора да бидат во согласност помеѓу различните јазли или да се развијат насочувачки јамки. Ова е особено проблематично во насочувачкиот модел „скок по скок“ во кој ефектот од недоследни табели во неколку различни насочувачи препраќањето на пакети би можело да се повторува бесконечно. Насочувачките јамки имаат историско поразено насочување и нивното избегнување е една од главните цели на насочувачките протоколи.

Содржина на насочувачката табела[уреди | уреди извор]

Насочувачката табела се состои најмалку од три полиња со информации:

  • мрежно име ID: т.е одредиштето на ID
  • цена: т.е цена или метрика на патеката по која ќе се движи пакетот којшто ќе биде испратен
  • следен скок: следниот скок или порта е адресата на следната станица од каде што пакетот ќе биде испратен до крајното одредиште.

Зависно од намената и примената, насочувачката табела може исто така да содржи и дополнителни вредности:

  • квалитет на услугата поврзана со патеката. На пример, знакот U укажува на IP-патеката
  • врски до пристап листи поврзани со патеката
  • посредник (interface): како на пример eth0 за првата Етнернетска мрежна карта, eth1 за втората Етернетска мрежна карта итн.

Routing Chair исто така е клучен аспект на одредени безбедносни операции, како што е патеката за обратно препраќање (uRPF). Ако не постои пат назад до изворната адреса, се претпоставува дека пакетот...

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]