Насерово Езеро
| Насерово Езеро | |
|---|---|
|
|
|
|
|
|
| Координати | 22°25′N 31°45′E / 22.417°N 31.75°EКоординати: 22°25′N 31°45′E / 22.417°N 31.75°E |
| Тип | Резервоар |
| Главен прилив | Нил |
| Главен одлив | Нил |
| Земји во сливот | Египет, Судан |
| Макс. должина | 550 km (340 mi) |
| Макс. ширина | 35 km (22 mi) |
| Површина | 5.250 km2 (2,030 sq mi) |
| Прос. длабочина | 252 m (830 ft) |
| Макс. длабочина | 180 m (590 ft) |
| Водна зафатнина | 132 km3 (51,000 sq mi)[1] |
| Брежна должина1 | 7.844 km (25,730,000 ft) |
| Надм. височина на површината | 183 m (600 ft) |
| Наводи | [1] |
| 1 Брежната должина не е добро утврдена мерка. | |
Насеровото Езеро е големо вештачко езеро на југот од Египет и на северот на Судан. Строго, терминот Насерово Езеро се однесува само на поголемиот дел на езера кои се наоѓаат на Египетска територија (83%), додека пак делот што припаѓа на Судан, Суданците го нарекуваат Нубијско Езеро.
Езерото настанало како резулата на изградбата на Асуанската брана преку Нил помеѓу 1958 и 1970 година. Езерото е долго околу 550 километри и има максимална ширина од 35 километри, во близината на северниот повратник. Езерото има површина од 5,250 квадратни километри, а има најголем волумен од 157 километри кубни вода. Подигнувањето на нивото на езерото во текот на 1990-те довело до изливање вода во западната пустина, со тоа што настанало езерото Тошка во 1998 година.
Повеќе значајни Нубијски археолошки наоѓалишта се раздвоени камен по камин и преместени на повисоко ниво, меѓу кои е најзначајно Абу Симбел. Еѓипќаните му дали име во чест на нивниот претседател Гамал Абдел Насер, кој бил започнувач на проектот.