Народноослободителна борба во Пиринска Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е статија за Народноослободителна борба во Пиринска Македонија. За Народноослободителна борба на македонскиот народ во сите три дела на Македонија, видете Македонија во Втората светска војна.

Народноослободителната борбa (НОБ) на Пиринска Македонија, понекогаш се сретнува терминот Пиринскиот дел на Македонија во Втората светска војна [1], е вообичаениот термин за борбата на македонскиот народ за ослободување на Пиринска Македонија во текот на Втората светска војна.

Борбата започнала на 27 јуни 1941 година во селото Добриниште кога Иван Козарев дошол во судир со бугарската полиција, оваа борба воено е првата акција против фашизмот на Балканот. Народноослободителната борба во Пиринска Македонија завршила во септември 1944 година кога Отечествениот фронт ја презел власта во Бугарија, а македонските паризански одреди влегле во сите поголеми градови во Пиринска Македонија.

Подготовки и тек на востанието[уреди | уреди извор]

Никола Парапунов

На територијата на пиринскот дел од Македонија, набргу по германскиот напад на СССР, подготовките за оружено востание започнале под раководството на БРП. Нападот на Германија врз СССР бил повод Централниот комитет на БРП да донесе решение за почеток на востание. Подготовките биле најинтензивни во пиринскиот дел од Македонија. Тоа може да се објасни со тоа што таму дејствувале силни партиски организации кои ја поддржувале политиката на БРП и го прифатиле решението за оружено востание. Иницијатор на таа активност бил Окружниот комитет на БРП за пиринскиот крај. Тој орган презел мерки да се засолнат активистите на кои им претстоело апсење и да се илегализираат, а потоа да се пристапи кон вооружување. Членовите добиле задачи и реони на кои требало да дејствуваат.

Во реонот на Разлог, на крајот од јуни 1941 веќе се формирала првата партизанска чета и биле изведени и првите акции, а кон крајот на јули се формирала уште една. Напоредно со вооружувањето, пиринските одреди вршеле и политич ко-пропагандна дејност. Нивната активност постепено била прифаќ ана особено од младината. За секретар на Окружниот комитет на БРП, на 23 септември 1941 година, бил избран Никола Парапунов. Со негова помош во текот на есента биле извршени промени уште во некои партиски раководства. Меѓутоа, во текот на зимата партизаните биле приморани да се повлечат од горите и да живеат легално или полулегално кај нивни јатаци.

Дејствувањето на партизанските групи било отежнато поради зголемената будност на бугарската полиција. Каналот по кој се доста вувало оружјето од линијата Метаксас од југ бил провален, а повеќе активисти биле затворени. Меѓу нив се нашле и членови на Окружниот комитет, што доста повлијаело на активностите. Во судските процеси биле донесени неколку смртни пресуди, а една од нив била извршена. Тоа оставило други негативни последици. Се појавила одредена колебливост, особено во централното партиско раководство на БРП, каде што се заговарало да се причекаат „подобри времиња“ за борба. Парапунов не се согласувал со тоа и размислувал да се промени нешто во начинот на дејствувањето. Тој истакнувал дека без учеството во Антифашистичката војна, Македонија и македонскиот народ не ќе можат да ја стекнат својата слобода. Биле презмени и чекори за поврзување на партизанското движење во пиринскиот со партизанските движења во егејскиот и во вардарскиот дел од Македонија. Во овој период била изведена акција во градот Горна Џумаја.

Борбата во 1943 година[уреди | уреди извор]

Во текот на пролетта 1943 година и антифашистичкото движење во Бугарија зело замав. Бил направена реорганизација. Пиринскиот дел на Македонија ја сочинувал Четвртата зона. Во тој период се формирал Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“. По неговото формирање одредот остварил неколку забележливи акции. Во април 1943 се одиграле неколку политички активности, а на 1 мај 1943 година се формирал одредот „Јане Сандански“. Бил отпечатен првиот број на весникот „Работничко знаме“, орган на РП во Разлошко. Неговите воени дејства биле ограничени на Разлошка, а делумно на Неврокопска и Светиврачка околија. Пред настапување на зимата 1943/1944 одредот се поделил на три дела.

Масовизирање на борбата во 1944 година[уреди | уреди извор]

Во 1944 година, поради промена на општата воена состојба, се почувствувал нов подем на востанието. Освен капитулацијата на Италија на 8 септември 1944, голема улога имало и напредувањето на сојузниците (СССР, САД и Велика Британија) на фронтовите. Тоа се одразило и во другите земји во кои се воделе антифашистички борби (Грција и Југославија), а се одразило и во Бугарија. Меѓутоа, загубите на одредот „Никола Калапчиев“ (загинувањето на командантот Арсо Пандурски и на Никола Парапунов), не можеле брзо да се надоместат.

Се формирале нови органи, нивното седиште било пренесено во Разлошко, па состојбите биле релативно консолидирани. Разлошкиот партизански одред се преименувал во „Никола Парапунов“, а бројот на партизаните се зголемил на 75. Овој одред остварил неколку успешни акции во Пиринско. Тоа предизвикало гнев на полициските структури, кои презеле жестоки акции. Без судски процес, на 29 мај 1944, биле ликвидирани 14 борци.

Зголемувањето на бројот на партизанските одреди во текот на 1944 година како и на нивната пополнетост со борци, биле во постојан подем. Разлошкиот партизански одред се реорганизирал во три баталјони, кои развиле борбени активности во Горноџумајско. Во 1944 нови партизански одреди се формирале во Неврокопско, Светиврачко и во Петричко.

По тригодишното дејствување, пред 9 септември 1944, партизанското движење во Бугарија станало доста масовно. Во овој период тоа го достигнало својот врв. Партизанските единици ја презеле контролата над ситуацијата во овој регион. На 9 септември, кога капитулирало Царството Бугарија, тие слободно влегле во сите градски центри со цел да се вклучат во формирањето на новата власт на Отечествениот фронт.

Обид за обединување на Македонија[уреди | уреди извор]

Треба пред да се има предвид фактот дека антифашистичките движења на Македонците во Бугарија, во Грција и во Југославија не биле раководени од еден центар. Навистина, нив ги раководеле комунистич ки партии, но тие имале различни ставови за македонското национално прашање. Сепак, кај борците се појавиле идеи за соработка и за евентуално обединување на партизанското движење и на македонскиот народ по ослободувањето. Иницијативи пристигале од сите три страни, иако не со ист интензитет.

Така, директни контакти меѓу Македонците од пиринскиот дел на Македонија и претставниците на ГШ на НОВ и ПОМ, ако се исклучат делегирањето на претставници од пиринскиот крај на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) биле воспоставени на 10 октомври 1944 година.

Од страна на ГШ присуствувале Михајло Апостолски (командант) и Бане Андреев (политички комесар), а од пиринскиот дел на Македонија Крсто Стојчев и Крум Радонов. Во следниот период контактите зачестиле, особено по 9 септември 1944 година, кога се остварувале и непосредно и на разни нивоа.

На првата средба Крсто Стојчев ја искажал желбата за обединување на македонскиот народ. Таа желба јасно била искажана на Второто (прво вонредно) заседание на АСНОМ одржано во Скопје на 28–30 декември 1944 година од страна на претставникот на Бугарската влада и на ОФ Бугарија. Овие ставови на Владата на ОФ Бугарија повлијаеле македонскиот народ да поверува дека до таквото обединување, по завршувањето на Втората светска војна, сепак ќе дојде. Меѓутоа, не поминало многу време веќе се создале непремостливи пречки за остварувањето на тој идеал на македонскиот народ, иако со неговото масовно учество во војната тоа обединување народот го заслужи.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА, СКОПЈЕ 2008