Народна монархија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Народна монархија е систем на монархиско уредување каде титулата на монархот е во потесна врска со народот, а не со унитарната држава. Во некои земји тоа бил вообичаениот вид на уредување (како на пр. во Шкотска) уште од Средниот век, а во некои Европски земји се јавила дури во во XIX и XX век, често пати како резултат на народни револуции. Моментално Белгија е единствената земја која е официјална народна монархија. За царот на Јапонија индиректно се подразбира дека е народен владетел, бидејќи денешниот Устав на Јапонија вели дека суверенитетот лежи во народот.

Примери[уреди]

Земја Титула Белешки
Света Римска Империја Крал на Римјаните Едно од звањата на царот
Кралство Хрватска Крал на Хрватите подоцна проширено во Крал на Хрватите и Далматинците
Кралство Португалија Крал на Португалците Првиот португалски крал, Алфонсо Енрикес, се нарекувал Крал на Португалците за да се памети дека бил избран на бојното поле од неговите соработници и поданици; нивните потомци пак, наместо ова ја користеле титулата Крал на Португалија.
Кралство Франција Крал на Французите Употребувана од Луј XVI од 1791 до 1792, и од Луј-Филип од 1830 до 1848.
Француска империја Цар на Французите Користена од Наполеон I, Наполеон II (но само за кратко и само церемонијално), и Наполеон III.
Кралство Белгија Крал на Белгијците Во употреба од уставната заклетва на Леополд I во 1831. Белгиската народна монархија денес е единствената останата монархија од ваков вид.
Кралство Грција Крал на Елините Во употреба од 1863 до укинувањето на монархијата во 1967.
Германско царство Германски цар Во употреба од 1871 до 1918.
Кралство Југославија (СХС) Крал на Србите, Хрватите и Словенците Во употреба од 1918 до 1929, кога титулата се променила во Крал на Југославија.
Албанско Кралство Крал на Албанците Го употребувал кралот Зог I од 1928 до 1943.
Кралство Романија Крал на Романците Во употреба од 1881 до 1947.
Кралство Шкотска Крал на Шкотите Ова звање станало поретко кога Џејмс VI го наследил англискиот престол, и затоа се нарекол Крал на Велика Британија. Со Унитарниот акт од 1707 г., шкотскиот престол се укинува како засебен, независен ентитет.

Видете исто така[уреди]