Народна банка на Полска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Народна банка на Полска
Narodowy Bank Polski
Narodowy Bank Polski logo.svg Седиштето на НБП во Варшава
Седиштето на НБП во Варшава
Седиште Варшава
Основана 1945
Претседател Марек Белка
Земја Полска
Валута злота
ISO 4217 PLN
Страница nbp.pl
Претходник Банка на Полска (1828 и 1918)

Народната банка на Полска или НБП (полски: Narodowy Bank Polski, NBP) централна банка и главен носител на банкарскиот систем во Полска. Нејзините задачи се утврдени со уставот на државата, Законот за Народна банка на Полска и посебниот банкарски закон. Основна нејзина цел е да постигне стабилност на цените. Монетарната политика има стратегија изготвена по 2003 година од страна на Советот за монетарна политика, насочена кон стабилизација на стапката на инфлација на ниво од 2,5 проценти со дозволена флуктација од +/ - 1 процентен поен.

Историја за појавата и развој на Народната банка на Полска[уреди]

Во јануари 1924 година, Сејмот (полскиот парламент), ги донесол значајните валутни реформи, со што се овозможи да се надминат последиците од катастрофалната хиперинфлација. Во април 1924 година во оптек била воведена злотата (парично средство) во замена на полската марка која била уништена за време на инфлацијата. Таа била воведена од страна на т.н. Основна банка на Полска, претходник на денешната Народна банка. Во врска со овој напредок посебна чест заслужува брилијатниот политичар и економист, таткото на злотата и еден пд основачите на првата банка во Полска, Владислав Грабски. Полската држава била обновена кон крајот на 1918 година. Тогаш, полските марки биле основна валута на земјата. Во тие години, Полска го зголемила јавниот долг, кој бил покриен делумно со печатење пари. Износот на готови пари во оптек брзо растел и соодветно на тоа девизниот курс на полската марка опаднал. Во средината на 1923 година, инфлацијата се претворила во хиперинфлација. Месечното зголемување на цените достигнало до 50%. Во 1924 година, Сејмот го донесол Законот за државната каса и започнал серија валутни реформи.

На 20 јануари 1924 година бил донесен статутот на банката на Полска и таа била единствената институција овластена да издава книжни пари. Според современите модели, централната банка била основана како приватно акционерско друштво. Акциите на банката биле во сопственост на 176 000 акционери, а државниот трезор држел само 1% од акциите. Банката започнала со работа на 28 април 1924 година. Во тоа време, злотата била на истото ниво со швајцарскиот франк. Здрав буџет и биланс на плаќање како и акумулирани девизни резерви и резерви во злато биле исходот од успешно спроведените реформи. Но, успехот бил краткотраен: Падот на индустриското и земјоделско производство во 1924 година, а подоцна и влошениот биланс на плаќање ја ослабел злотата драматично. Девизните интервенции се покажале неефикасни и банката одлучила да не го брани девизниот курс. Премиерот поднесол оставка и тогаш започнало продлабочувањето на буџетскиот дефицит и на инфлацијата. Во 1927 година, Полка успеала да го стабилизира девизниот курс багодарение на меѓународниот заем. Злотата останала стабилна и силна валута до Втората светска војна.

Народната банка официјално започнала со работа во 1945 година, основана како банка во државна сопственост и надгледувана од страна на министерот за финансии. Народната банка на Полска постепено се изградила во монопол, не само во однос на прашањето со валутата, туку и во одобрување кредити и собирање на заштедите. Кон крајот на 1980-тите, злотите почнале да се враќаат во светот на вистинските пари. Реформите биле успешни во овозможување на злотата да ја врши функцијата на националната валута и Народната банка на Полска станала централна банка која е одговорна за вредноста на полската валута. Во почетокот на 1990-тите години, значителниот степен на доларизација на стопанството се јавило како голем проблем. По долг период на ограничени ценовни движења и искривените ценовни структури, инфлацијата експлодирала во 1989 година. Воведувањето на ограничена конвертибилност придонесло злотата да се доближи поблиску до улогата на вистинска валута. Во 1995 година била спроведена деноминација на злотата и таа била запаметена како "премин од четири нули."

Значајни промени се случиле по 1997 година. Новиот Устав ѝ дал на Народната банка на Полска силна позиција меѓу јавните институции и направил монетарната политика да прерасне во одговорност на Советот на НБП. Супервизијата на банките била доверена на Комисијата за банкарска супервизија и Генералниот инспекторат за банкарска супервизија, како организациски самостоен орган во рамките на структурата на НБП. Така, потрагата по стабилната злота и стабилноста на финансискиот систем, станале основните цели на Полската централната банка. По многу години, Народната банка на Полска постанала централна банка која функционира врз основа на најдобрите модели.

Сруктура[уреди]

Претседателот на НБП е назначен од страна на Сејмот, по предлог на претседателот на земјата, за период од шест години. Тој е одговорен за организација и функционирање на Народната банка. Истото лице не може да послужи како претседател на НБП за повеќе од два мандата. Претседателот на НБП ги извршува следниве работи: тој раководи со сите вработени, претседава со Советот за монетарната политика и Управниот одбор на НБП, ја преставува НБП пред надворешните лица и органи, ги застапува интересите на Полска во рамките на меѓународните банкарски институции, во издавањето прописи и објавување административни одлуки тој има право да користи печат со ознака на националниот амблем.

Совет за монетарна политика[уреди]

Во согласност со членот 227, став 2 од Уставот на Полска, овој Совет е еден од органите на НБП. Советот е конструиран на 17 февруари 1998 година и е составен од претседателот на НБП, девет члена кои ги именува претседателот на Полска, на Сејмот и на Сенатот. Членовите на Советот се именуваат за време од шест години. Според членот 12 од Законот за НБП, Советот е задолжен да: изготвува годишни насоки за монетарната политика и заедно со oстанатите информации ги поднесува на Сејмот, а потоа и до Советот на министри на предлог на Буџетот, утврдува чекори со кои се регулира задолжителната резерва, прифаќа годишни сметки на НБП, утврдува кои пpинципи да се применуваат за операции на отворен пазар, ја оценува активноста на НБП, донесува сметководствени принципи итн.

Управен одбор[уреди]

Дејноста на Народната банка на Полска е во надлежност на управниот одбор. Составен е од претседателот на НБП и шест до осум членови на одборот од кои двајца се потпретседателите на НБП. Одборот е одговорен за спроведување на резулуциите на Советот за монетарната политика и за донесување резолуции околу прашањата кои не се содржани во статутот. Неговата дејност опфаќа: донесување резолуции за лиценцирање на банките да располагаат со девизни услуги, вршење на надлежности во однос на политиката на девизен курс,оценување на работењето на банкарскиот систем, усвојување на финансиски планови, определување на видовите банкарски провизии и специфицирање на стапките кои важат, изготвување на сметките на билансот на НБП, подготовка и испитување на нацрт-резолуции и други материјали кои треба да бидат достапни на Советот, изготвување биланси на работењето, воспоставување на организациска структура и поделба на одговорностите во рамките на НБП.

Функции[уреди]

Народната банка на Полска игра клучна улога во пазарната економија на оваа земја. Таа ги исполнува следниве неколку функциии: Емисиона банка. Народната банка на Полска има единствено право да ја издаде валутата која е законско платежно средство во републиката. НБП ја одредува висината на вредноста на валутата, времето во кое таа влегува во оптек и нејзината ликвидност. Таа го организира начинот на циркулација на парите и ја контролира количината на пари во оптек. Банка над банките. На НБП ѝ е доделено потполно право да врши регулаторни функции за разлика од другите банки, со цел да осигура безбедност на депозитите кои се чуваат од страна на комерцијалните банки т.е да има стабилен банкарскиот сектор. Таа ги надгледува платните системи во државата, активно учествува во меѓубанкарскиот пазар на пари и го организира монетарниот клириншки систем. Централна банка во земјата. НБП обезбедува банкарски услуги на ниво на централната власт, државните институции и ги извршува своите платни налози.


Активности на Народната банка на Полска[уреди]

Најважни области на делување на НБП се монетарната политика, развојот на платниот систем, управувањето со државните резерви, образование и информации за банкарскиот сектор како и валутните прашања; Одговорноста за стабилност на националната валута се имплементира преку монетарна стратегија и нејзини соодветни упатства. Преку управување со официјалните резерви, таа обезбедува ниво на фискална сигурност на државата. Како издавач на валутата, НБП одржува ликвидност на готовинските плаќања. Со своите регулаторни и супервизорски функции, НБП ја контролира сигурноста и ефикасноста на платниот систем. Згора на тоа, презема активности насочени кон знаењата за економијата, како на пример, објавување на информации на својата Интернет-страница и работење на NBPortal - Economics Education Portal. Во периодот на усвојување на еврото, од НБП се бара да ги исполни барањата кои се однесуваат и на централните банки на земјите што веќе имаат воведено заедничка валута. Исто така, НБП се стреми за постигнување позиција на значаен економски истражувачки центар, како во земјата така и во рамките на Европскиот систем на централни банки.


Монетарна политика[уреди]

Основна цел на монетарната политика на Полска е одржување ценовна стабилност. Стабилните цени се неопходен елемент за градење на економски раст и развој на земјата. Од 1999 година, во фокусот на монетарната политика е борбата со директната инфлација. НБП ја таргетира инфлацијата на ниво од 2,5%, со можни флуктации од +/- 1 процентен поен. Монетарната политика има повеќе инструменти преку кои влијае врз каматните стапки и нивното одржување на пазарот на пари. Овие инструменти се: операции на отворен пазар, задолжителна резерва, политика на девизен курс и кредитно-депозитно работење.

Операции на отворен пазар[уреди]

Тие се инструменти преку кои централната банка врши купување и продажба на хартии од вредност и со тоа влијае на каматните стапки на меѓубанкарскиот пазар.

Задолжителна резерва[уреди]

Централната банка им наметнува обврска на комерцијалните банки да издвојуваат сума пари кај сметките на Народната банка на Полска, со цел намалување на вишокот на ликвидност и стабилизирање на каматните стапки на пазарот на пари. Задолжителната резерва се утврдува од страна на Советот за монетарна политика и за 2010 година таа изнесувала 3,5% за сите видови на депозити, со исклучок на средствата добиени од договорите за реоткуп, чија стапка е 0%.

Кредитно-депозитно работење[уреди]

Како дел од овој инструмент, централната банка се вклучува во давање на ломбардни кредити и орочени депозити на банките. Орочените депозити имаат рок на враќање еден ден, каде се исплатуваат со износот на каматата (варијабилна), поставена од Советот за НБП. Тие овозможуваат полесно управување со вишокот на ликвидни средства и спречување на падот на краткорочните каматни стапки под депозитната каматна стапка. Ломбарните кредити овозможуваат прекривање на ликвидните недостатоци и во согласност со следните правила: НБП бара колатерал од државни хартии од вредност, при што износот на кредитот не може да надмине 80% и нивната номинална вредност; заемите се доделуваат под услов претходните заеми да бидат отплатени и заемите достасуваат на следниот работен ден;

Политика на девизен курс[уреди]

Од 12 април 2000 година, злотата преминала кон флуктуирачки девизен курс, без никакви ограничувања.По приемот во ЕУ, Полска се обврзала да се приклучи кон еврозоната. Така, во иднина, злотата ќе биде заменета со европската валута и монетарната политика ќе се обликува од Европската централна банка.

Подрачни експозитури[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]