Напев на Г-жица
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Напев на Г-жица или Ер на Г-жица (герм. Air auf der G-Saite) е адаптација од германскиот виолинист Август Вилхелми на оркастрално дело од Јохан Себастијан Бах насловено како „Ер“. Делото се свири бавно и слободно, и се одликува со испреплетена хармонија и мелодија.
Содржина |
[уреди] Историја
Изворното дело е споменатот „Ер“ од Оркестралната свита Бр. 3 во Д-дур, BWV 1068, компонирана за неговиот покровител, Леополд, Принц на Анхалт-Кетен некаде помеѓу 1717 и 1723 г.
Насловот доаѓа од Вилхемиевиот аранжман на делото за виолина и пијано. Со транспозиција на тоналитетот на делото од изворниот Д-дур во Ц-дур и снижување на мелодијата за една октава, Вилхеми можел да го свири ова дело на само една жица од виолината - Г-жицата.
[уреди] Надворешни врски
- Оркестрални свити: Слободни извори на проектот „Меѓународна музичка библиотека на партитури“ (англиски) (најдолу)
- Панев на Г-жица: Слободни извори на проектот „Меѓународна музичка библиотека на партитури“ (англиски)
- Free typeset Партитура за тромбонски квартет од Cantorion.org
[уреди] Аудиоснимка
|
|
Аудиоснимка од 1920 г., во изведба на Џоел Белов (виолина) и Роберт Гејлер (пијано)
|
| Проблеми со преслушувањето на снимкава? Помош со снимки. | |
[уреди] Видеоснимка
- Изведба на „Напев на Г-жица“ од виолончелистот Џулијан Лојд Вебер

