Наочаресто грмушарче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Наочаресто грмушарче
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Грмушари
Род: Sylvia
Вид: Наочаресто грмушарче
Биномен назив
Sylvia conspicillata
(Temminck, 1820)


Наочарестото грмушарче (науч. Sylvia conspicillata) е мала врапчевидна птица од фамилијата грмушари (Sylvidae), родот грмушарчиња (Sylvia). Се размножува низ северозападна Африка, југозападна Европа од Пиринејскиот Полуостров до Италија, и понатаму на исток до источните Медитерански острови и крајбрежниот регион. Ја има и во Македонија. Во Африка таа е постојан жител, но другите популации се преселници кои зимуваат во северна и западна Африка и во Египет. Оваа птица е редок скитник во северна и западна Европа.

Опис[уреди]

Кај наочарестото грмушарче, како и кај другите грмушари е изразен половиот диморфизам. Долги се 12-13 см, мажјаците имаат сива глава со потемна дамка во близина на очите и бел прстен околу нив, одозгора се кафеави, а одоздола розовикави. Брадата, односно грлото им е бело. На крилјата имаат костенливи нијанси. Женките се побледи, целите се светло кафеави, немаат сиво или имаат сосема малку, а одоздола се белкави. Белиот прстен околу окото не им е изразен. Клунот е долг, малку свиен на врвот, одозгора сив, а долу кремав со сив врв. Нозете се сиви кај младенчињата, а портокаловокафеави кај возрасните. Младенчињата се како женките.

Однесување[уреди]

Живеалиштето на оваа птица се отворените, суви предели со грмушки.

Се храни со инсекти, но и со бобинки и меко овошје.

Песната му е високо чрчорење.

Гнездото го прави скриено во грмушките и несе 3-6 јајца.

Sylvia conspicillata

Наводи[уреди]

  • Álamo Tavío, Manuel (1975): Aves de Fuerteventura en peligro de extinción. In: Asociación Canaria para Defensa de la Naturaleza (ed.): Aves y plantas de Fuerteventura en peligro de extinción: 10-32. Las Palmas de Gran Canaria. PDF текст
  • Helbig, A. J. (2001): Phylogeny and biogeography of the genus Sylvia. In: Shirihai, Hadoram: Sylvia warblers: 24-29. Princeton University Press, Princeton, N.J. ISBN 0-691-08833-0


Надворешни врски[уреди]