Нанумеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нанумеја
Nanumea
—  атол  —
Сателитска снимка на Нанумеја
Нанумеја се наоѓа во Тувалу
Нанумеја
Местоположба во Тувалу
Координати: 5°41′ ЈГШ 176°12′ ИГД / 
Држава Тувалу

Нанумеја (тувалуански: Nanumea) е атол во Тувалу. Нанумеја се наоѓа на северозапад од државата. Атолот е воедно и еден од деветте окрузи на Тувалу.

Географија[уреди]

Нанумеја се наоѓа јужно од Гилбертските Острови. Нанумеја е типичен атол, каде има лагуна и мали острови распоредени на корален гребен. Вкупната големина на атолот е 12 километри во должина и 2,5 километри во ширина. Според пописот од 2002 година, атолот имал население од 664 жители, кои воглавно живеат во главното село Нанумеја кое се наоѓа во северозападниот дел од атолот. Покрај селото, куќи можат да се најдат и околу лагуната и во југоисточниот дел од атолот. Најголемите атоли од кои е составена Нанимеја се Нанумеја и Лакена. Покрај нив, во околината има и помали островчиња како што се Темотуфолики, Лефогаки и Театуа а Таепоа.

Јазик и култура[уреди]

Како и Тувалуанците, така и Нанумејанците, се полинезијци кои зборуваат тувалуански јазик. Јазикот е сроден со останатите полинезиски јазици како токелауански јазик или самоански јазик. Скоро сите дијалекти се слични и се разбираат меѓу себе, освен дијалектот на островот Нуи кој е дел од кирибатскиот јазик. Сепак, тувалуанскиот јазик се зборува низ целата држава, каде е и официјален покрај англискиот.

Познати личности[уреди]

Користена литература[уреди]

  • Chambers, Keith S. and Anne 2001 Unity of Heart: Culture and Change in a Polynesian Atoll Society. Prospect Hts, Illinois: Waveland Press (ISBN 1-57766-166-4)
  • Chambers, Anne 1984 Nanumea. (No. 6 in Atoll Economy: Social Change in Kiribati and Tuvalu.) Canberra: Australian National University, Development Studies Centre (ISBN 86784-457-4)
  • Chambers, Keith S. 1984 Heirs of Tefolaha: Tradition and Social Organization in Nanumea, a Polynesian Atoll Community. Ph.D. Dissertation, Anthropology, University of California, Berkeley (pub. by University Microfilms, Ann Arbor, Michigan)
  • Laracy, Hugh (editor) 1983 Tuvalu: a History. Suva: University of the South Pacific, Institute of Pacific Studies and Extension Services, and Funafuti: Ministry of Social Services. [21 chapters, maps, photos, appendices. Chapters written by Tuvaluan authors]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]