Наиро Кинтана

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Наиро Квинтана)
Прејди на: содржини, барај
Наиро Кинтана

Кинтана на Трката околу Баскија 2013
Лични податоци
Цело име Наиро Александер Кинтана Рохас
Роден 4 февруари 1990 (1990-02-04) (24 г.)
Бојака, Колумбија
Висина 1,67 м[1]
Маса 59 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Мувистар Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2009
2010–2011

2012–
Бојака ес пара Вивирла
Кафе де Колумбија-Колумбија ес Пасион
Мувистар Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
Генерален пласман (2014)
Пласман за млад возач (2014)
2 индивидуални етапи (2014)
Тур де Франс
Планински пласман (2013)
Пласман за млад возач (2013)
1 индивидуална етапа (2013)

Етапни трки

Тур де л’Авенир (2010)
Рут ду Суд (2012)
Вуелта а Мурсија (2012)
Трка околу Баскија (2013)
Вуелта а Бургос (2013)
Тур де Сан Луис (2014)

Еднодневни трки и класици

Џиро дел’Емилија (2012)
Последна промена
2 јуни 2014

Наиро Александер Кинтана Рохас (шпански: Nairo Alexander Quintana Rojas; р. 4 февруари 1990) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мувистар Тим.[2][3] Негова најголема вештина е искачувањето, бидејќи има многу мала тежина и градба. Негов најголем резултат во кариерата досега е победата на Џиро д’Италија 2014.[4]

Ран живот[уреди]

Кинтана доаѓа од многу скромно семејство и неговите родители го пораснале во многу тешки економски услови, но сепак успеале да заштедат да му купат половен велосипед на Кинтана за да му се олесни патот до училиште.[5]

Професионална кариера[уреди]

Рана кариера[уреди]

Во 2010, Кинтана ја освоил Тур де л’Авенир докажувајќи дека е еден од ветувачките таленти на колумбискиот велосипедизам.

Мувистар (2012-денес)[уреди]

2012[уреди]

Во 2012 го освоил генералниот пласман на Вуелта а Мурсија. Во 2012 однел престижна победа на Критериум ду Дофине, кога отпочнал противнапад на помала група возачи, вклучувајќи го водачот Бредли Вигинс откако го достигнале и последниот бегалец на етапата. Го одржал неговото соло водство на спустот до Морзин.[6] По освојување на таа етапа, годината ја завршил со победа на Рут ду Суд. Кинтана го имал својот прв настан на некоја голема трка на Вуелта а Еспања, каде бил еден од клучните помошници на Алехандро Валверде, така што Шпанецот завршил на второто место во генералниот пласман. Кинтана завршил на 36. место. Во октомври го освоил Џиро дел’Емилија.

2013[уреди]

Кинтана на Трката околу Британија 2013

Во 2013, Кинтана ја освоил кралската етапа на Трката околу Баскија спринтајќи до победа по последното искачување во Еибар-Арате, 2 секунди пред групата од шест велосипедисти во која биле и неговите најблиски ривали.[7] Кинтана победил во генералниот пласман преку завршниот хронометар, завршувајќи секунда зад Тони Мартин (Омега Парма-Квик Степ), здобивајќи доволно време пред возачот на Тим Скај Серхио Енао за да ја преземе водечката маичка од него.[8]

На Тур де Франс 2013, Кинтана нападнал на Кол де Пелер во текот на осмата етапа и станал првиот човек кој поминал низ највисокиот премин таа година. Подоцна бил претекнат на претпоследното искачување на етапата од фаворитот на трката Крис Фрум. Кинтана го преземал водството во пласманот за млад возач и ја добил наградата за најборбен возач на таа етапа.[9] На етапата 15 до Мон Венту, Кинтана повторно нападнал рано и само предводникот на трката Фрум успеал да го следи, на крајот отпаднал во последните два километри на искачување откако возеле заедно во поголем дел.[10] По етапата 15, Кинтана се искачил на шестото место во генералниот пласман. На етапата 18 по прв пат било вклучено познатото искачување Алп д’Ез два пати. Четвртото место на етапата на Кинтана го поместил на третото место, односно на место на подиум, во генералниот пласман по прв пат на Тур де Франс. На етапата 20 не само што го одбранил третото место, туку и го нападнал Фрум и се одвоил од него во последниот километар за победа на етапата пред Хоаким Родригез и Фрум и се искачил до второто место, на кое и завршил на Тур. Исто така ја освоил маичката за млад возач, како и планинскиот пласман. Завршувајќи втор во генералниот пласман бил најдобар резултат за Колумбиец или некој возач од Јужна Америка на Тур де Франс и прв дебитант на Тур, кој завршил на подиум од Јан Улрих во 1996. По Тур, Кинтана победил на Вуелта а Бургос, каде ја освоил петтата етапа, откако отпаднал Винченцо Нибали на последното искачување.

2014[уреди]

Поради високите планини и поголемиот број искачувања на Џиро д’Италија 2014, Кинтана одлучил да цели на Џиро и да го прескокне Тур. Сезоната 2014 му започнала со победа на Тур де Сан Луис. Завршил втор на Тирено-Адријатико, разболувајќи се веднаш по завршувањето на трката.

На Џиро д’Италија 2014, неговиот почеток на трката не бил во најдобар тек поради некои здравствени проблеми поради студеното време. Иако не загубил многу време, по индивидуалниот хронометар на етапата 12, бил на три и пол минути доцнење зад предводникот на трката Ригоберто Уран. Сепак, неговата форма се вратила на етапите 14 и 15, намалувајќи ја разликата на 2' 40". Подоцна ја достигнал неговата врвна форма во последната недела на трката. На етапата 16 ја преземал водечката розева маичка во контроверзни услови, откако некои од неговите ривали погрешно помислиле дека спустот од Стелвио бил неутрализиран; возејќи низ густата магла и слабата видливост, Кинтана го следел нападот на Пјер Ролан и други, на крајот победувајќи на етапата и го преземал водството на трката. На етапата 19, Кинтана извозил фантастично на Монте Грапе победувајќи го планинскиот хронометар, со што покажал дека е најдобриот возач на трката. Го одржал водството од три минути и на Цонколан, како и на завршницата во Трст. Кинтана, исто така, ја освоил и белата маичка за најдобар млад возач.

Достигнувања[уреди]

2010
1. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапи 6
1. Етапа 7
2011
1. Jersey red.svg Планински пласман Волта а Каталуња
2012
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта а Мурсија
1. Етапа 1
1. Jersey orange.svg Краен пласман Рут ду Суд
1. Етапа 3
1. Џиро дел’Емилија
1. Етапа 6 Критериум ду Дофине
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
1. Пласман за млад возач Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 4
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
1. Jersey violet.svg Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 5
2. Краен пласман Тур де Франс
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 20
4. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 3
7. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2014
1. Jersey pink.svg Краен пласман Џиро д’Италија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 16
1. Етапа 19 (ITT)
1. Jersey orange.svg Генерален пласман Тур де Сан Луис
1. Jersey red.svg Планински пласман
1. Етапа 4
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
5. Краен пласман Волта а Каталуња

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 1
Jersey yellow.svg Тур 2
Jersey red.svg Вуелта 36

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Наиро Кинтана“. „Мувистар Тим“. Abarca Sports. http://www.movistarteam.com/equipo/nairo-quintana. конс. 3 јануари 2014. 
  2. Јаселга Абрео, Алфредо. „A Nairo Quintana el ciclismo lo marcó desde el día en que nació“, „El Espectador“, Fidel Cano Correa; Comunican S.A., 4 декември 2010 (конс. 20 февруари 2012). (на шпански)
  3. Стоукс, Шејн. „Поранешниот победник на Тур де л’Авенир потпиша за Мувистар“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 4 октомври 2011 (конс. 3 март 2012).
  4. Кинтана победник на Џиро д’Италија“, „Утрински весник“, МПМ Македонија, 2 јуни 2014 (конс. 2 јуни 2014).
  5. „Кој е Наиро Кинтана?“. Cycling Inquisition. 6 април 2013. http://www.cyclinginquisition.com/2013/04/who-is-nairo-quintana.html. конс. 6 јули 2013. 
  6. Сузан Вестемајер. „Дофине: Вигинс и Скај доминираа на Жу План“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 јуни 2012 (конс. 22 октомври 2012).
  7. Даниел Бенсон. „Кинтана победи на дождот во Арате“, „Cyclingnews“, Future Publishing Limited, 4 април 2013 (конс. 6 април 2013).
  8. Кинтана победи на Трката околу Баскија“, „Cyclingnews“, Future Publishing Limited, 6 април 2013 (конс. 6 април 2013).
  9. Boom: Froome blows the race to pieces!“, „Тур де Франс“, Amaury Sport Organisation, 6 јули 2013 (конс. 6 јули 2013).
  10. „Резултати од етапата 15 - Тур де Франс 2013“. http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/stage-15/news/int/nairo-quintana-at-the-end-i-lacked-strength.html. 

Надворешни врски[уреди]