Назална согласка
Од Википедија
| Начини на творба |
|---|
| Опструенти |
| Плозив |
| Африкат |
| Фрикатив |
| Сибилант |
| Сонанти |
| Назал |
| Ударник |
| Вибрант |
| Апроксимант |
| Ликвид |
| Самогласка |
| Полусамогласка |
| Латерали |
| Струења |
| Ејективно |
| Имплозивно |
| Авулзивно |
| Оваа страница содржи фонетски информации по МФА, кои може да не се покажат неправилно на некои прелистувачи. |
Назална согласка, назален плозив или само назал (со значење на носна согласка) се изведува со долното меко непце во устата, така што воздухот слободно изглегува низ носот. Усната шуплина сепак игра улога на звучна комора за гласот, но воздухот не струи низ устата бидејќи јазикот е препрека. Во ретки случаи, други видови на согласки можат да бидат назализирани.
Содржина |
[уреди] Дефиниција
Акустички, назалите се сонанти, што значи дека не го ограничуваат текот на воздухот и истите речиси секогаш се звучни. Забележлив исклучок е исландскиот кој има четири безвучни назални гласови. (Споредете ги оралните плозиви, кои сосема го попречуваат воздухот, и фрикативите, кои го попречуваат воздухот со тесен провод. Плозивите и фрикативите се почесто безвучни отколку звучни, и како такви се нарекуваат опструенти.)
Меѓутоа назалите се истовремено и плозиви по нивната творба (артикулација) бидејќи текот на воздухот низ устата е сосема запрен. Ова двојство, сонантно струење низ носот заедно со препречување во устата, значи дека назалните плозиви се однесуваат и како сонанти и како опструенти. При акустички опис тие обично се сметаат за сонанти, но во многу јазици тие можат да произлезат од или да се претворат во плозиви.
Акустички, назалните плозиви имаат опсег на енергетска фреквенција од 200 и 2,000 Hz.
| МФА | опис | SAMPA |
|---|---|---|
| [m] | звучен билабијален назал | |
| [ɱ] | звучен лабиодентален назал | [F] |
| [n̪] | дентален назал | [n_d] |
| [n] | алвеоларен или дентален назал: видете алвеоларен назал | |
| [ɳ] | звучен ретрофлексен назал, чест кај индиските јазици | [n`] |
| [ɲ] | звучен палатален назал, често се среќава во европските јазици како: македонско њ; или шпанско ñ; или француско и италијанско gn; или каталонско, унгарско и луганданско ny; или окситанско и португалско nh. | [J] |
| [ŋ] | звучен веларен назал, најчесто се среќава напишан како ng. | [N] |
| [ɴ] | звучен увуларен назал | [N\] |
Примери за јазици со назални согласки:
Англискиот, германскиот и кантонскиот имаат [m], [n] и [ŋ]. Тамилскиот користи посебни букви за означување на [m], [n̪], [n], [ɳ], [ɲ] и [ŋ] (ம,ந,ன,ண,ஞ,ங).
Каталонскиот, окситанскиот, шпанскиот и италијанскиот ги имаат [m], [n], [ɲ] како фонеми, а [ɱ] и [ŋ] како алофони.
Поимот „назален плозив“ накратко се нарекува само „назал“. Меѓутоа постојат и назални фрикативи, назални едноударни согласки, како и назални самогласки, како во францускиот, португалскиот, каталонскиот (дијалектичка каратеристика), Јоруба, Гбе, полскиот, и љубљанскиот словенечки. Во МФА, назалните согласки се означуваат со тилда (~) над самогласката: француски: sang [sɑ̃].
[уреди] Во македонскиот
Македонскиот јазик има три назални согласки и една која се јавува во некои зборови. Тие се [m] (како во мајка), [n] (како во канта) и [ɲ] (како во коњ). Покрај ова, се јавува и назалот [ŋ] во зборови како англиски, функција и сл. За повеќе информации за македонските гласови, видете Фонологија на македонскиот јазик.
[уреди] Јазици без назали
Мал број на јазици, можеби 2.3%[1], немаат назални согласки. Ова го наведува Фергусон (1963) да претполага дека сие јазици имаат барем една основна назална согласка. Кога се вели за еден јазик дека воопшто нема назални согласки, како неколку нигерско-конгоански јазици, или пак амазонскиот јазик Пираха, назалните и неназалните или предназализираните соагласки се наизменично се јавуваат алофонски, па така поединечниот лингвист може во теорија да тврди дека назалната варијанта не е основниот облик на согласката. Во случајот на неколкуте нигерско-конгоански јазици, назалните согласки се јавуваат само пред назални самогласки. Бидејќи назалните самогласки се фонемски, поупростено може да се рече дека назализацијата кај плозивите е алофонска. Потоа има и втор чекор, со ставот дека назалните самогласки ги назализираат оралните плозиви, а не дека оралните плозиви ги деназализираат назалните самогласки, т.е., дали [mã, mba] се фонемски /mbã, mba/ без целосни назални плозови, или пак /mã, ma/ без предназализирани плозиви. Претпоставувањето дека има скриени орални или предназализирани наместо назални согласки, го расчистува проблемот со привидната нестабилност нестабилност на назалното совпаѓање ширум Нигер-Конго споредено, на пример, со индоевропското.[2] Кај постарите говорници на јазикот Тлингит, [l] и [n] се алофони. Овој јазик е мошне необичен по тоа што е единствениот на светот кој го нема гласот /l/ и покрај тоа што има шест латерални опструенти; може да се рече дека постарата генерација има /l/, но за сметка на тоа што нема назали.
Меѓутоа неколку чимакуански, салишки и вакашки јазици (северноамериканските домородци) околу Пижевиот Мореуз, како квилиутскиот, Лушуцид и Мака, се јазици кои навистина немаат никаква назализација, како во согласките, така и во самогласките. Ова е каратеристика на целото подрачје, само неколку стотици години, каде назалните плозиви станале звучни плозиви ([m] станало [b] и тн). Едиствените други места на светото каде што се јавува овој феномен е дијалектот на јазикот Ротокас во Папуа Нова Гвинеја, каде назалите се користат само за имитирање на странски акценти (вториот дијалект има назали), и некои од езерскорамнински јазици во Западна Папуа.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Белешки и наводи
[уреди] Белешки
- ↑ Maddieson, Ian. 2008. Absence of Common Consonants. In: Haspelmath, Martin & Dryer, Matthew S. & Gil, David & Comrie, Bernard (уредници) The World Atlas of Language Structures Online. Munich: Max Planck Digital Library, глава 18. Он-лај на http://wals.info/feature/18. Пристапено на 15 септември, 2008.
- ↑ Како што забележал Вилијамсон (1989:24).
[уреди] Наводи
- Ladefoged, Peter & Ian Maddieson (1996), The Sounds of the World's Languages, Oxford: Blackwell, ISBN 0-631-19814-8
- Ferguson (1963) 'Assumptions about nasals', во Greenberg (уредник) Universals of Language, стр. 50-60.
- Saout, J. le (1973) 'Languages sans consonnes nasales', Annales de l Université d'Abidjan, H, 6, 1, 179-205.
- Williamson, Kay (1989) 'Niger-Congo overview', во Bendor-Samuel & Hartell (уредници) The Niger-Congo Languages, 3-45.