Наднационална унија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Глобарна карта која ја покажува Европската Унија и идните можни наднационални унии

Наднационалната унија е вид на мултинационална,конфедерална или федерална унија каде договорната моќ е предадена на властите од страна на владите на земјите-членки. Концептот на наднационална унија понекогаш се користи да се опише Европската Унија, како нов вид на политички ентитет. ЕУ е единствениот ентитет кој има популарни меѓународни избори и оди над нивото на политичка интеграција нормално дозволена со интернационалниот договор. Терминот ,,наднационален" понекогаш се користи во широка, недефинирана смисла во друг контекст, понекогаш како замена за интернационално, транснационално или глобално. Друг метод за носење одлуки во меѓународните организации е меѓувладината соработка, во кој владите од државите играат поголема улога.[1]

Потеклото како правен концепт[уреди]

Советот на Европа создаде сѕстем кој се базира на човечките права од основниот статут и конвенцијата за човекови права и основни слободи. Роберт Шуман, францускиот министер за надворешни работи ја започна дебатата за наднационална демократија во неговите говори во Обединетите Нации, при потпишувањето на статутот на Советот како и во многу други говори низ Европа и Северна Америка.

Терминот ,,наднационален" за првпат се спомнува во интернационален договор поточно во Договорот од Париз, на 18 април 1951год. Овој нов правен термин го дефинираше методот на Заедницата при создавање на Европската заедница за јаглен и челик и започнувањето на демикратска реорганизација на Европа. Тој ја дефинира врската меѓу Високите власти или Европската комисија и останатите четири институции. Во договорот тој се однесува на нов демократски и легален концепт.

Основоположинците на Европската заедница и сегашната Европска Унија изјавија дека наднационализмот е камен-темелник на владиниот систем. Ова се содржи во Европската декларација создадена на 18 април 1951год. , истиот ден кога Европските основоположници го потпишаа Договорот од Париз.

,,Со потпишувањето на овој Договор,страните-учеснички дадоа доказ за нивната одлучност да ја создадат првата наднационална институција и на тој начин тие се пставување на вистински темел на организирана Европа. Оваа Европа ќе остане отворена за сите нации. Ние длабоко се надеваме дека и други нации ќе ни се приклучат во нашиот заеднички потфат".

Оваа декларација на принципи во која беше вклучена нивната проценка за неопходните случувања во иднина го потпишаа: Конрад Аденауер (Западна Германија), Пол ван Зеланд, Џозеф Морис (Белгија), Роберт Шуман (Франција), Конт Сфорца (Италија),Јозеф Берх (Луксембург), Дирк Стикер, Јан ван ден Бринк (Холандија). Тој беше направен за да ги потсети идните генерации на нивната историска должност да ја обединат Европа , а се базира на слобода и демократија преку владеење на законот. Така тие го видоа создавањето на поширока и подлабока Европа врзано за здрав развој на наднационалното и системот на заедницата.

Оваа Европа беше отворена за сите нации кои беа слободни да одлучат или поточно да упатат покана и да ги поттикнат на слобода земјите со железна завеса. Терминот наднационално го нема во постигнатите договори како што се Договорот од Рим, Договорот од Мастрихт, Договорот од Ница или Уставниот договор, или пак Договорот од Лисабон кој е сличен на него.

Особини на наднационалната унија[уреди]

Наднационалната унија е наднационална област која се наоѓа некаде помеѓу конфедерација, што претставува асоцијација на држави и федерација, што претставува држава. Европската економска заедница беше опишана од нејзиниот основач Роберт Шуман како нешто помеѓу конфедерализмот,кој признава целосна независност на земјите кои се наоѓаат во асоцијација и федерализмот,кој настојува да ги спои во една супер-држава. ЕУ има наднационални надлежности, но таа ги поседува овие надлежности само до оној степен до кој тоа и го дозволуваат нејзините земји-членки. Во рамките на овие надлежности, унијата своите надлежности ги извршува на суверен начин и има свои законодавни, извршни и судски власти. Наднационалната заедница исто така има своја комора за организирано граѓанско општество вклучувајќи и економски и социјални здруженија и регионални тела.

За разлика од земјите здружени во една федерална супер-држава, земјите-членки го задржуваат целосниот суверенитет, иако дел од суверенитетот е споделен или препуштен на наднационалните тела. Наднационалните договори поттикнуваат стабилност и доверба бидејќи владите не можат да ги прекршат меѓународните договори поради своја волја. Наднационалната акција може да биде временски ограничена. Ова беше случај со Европската заедница за јаглен и челик која беше договорена за времетраење од 50 години со можност за обновување. Наднационалните договори може да бидат и трајни, како на пример договор кој забранува војна помеѓу партнерите. Полниот суверенитет може да биде вратен назад со повлекување од наднационалните договори, но така земјата-членка ќе ја изгуби предноста која ја нудат заедништвото, економија на размер ,заедничките надворешни тарифи и други општи договорени стандарди како што е подобрената меѓународна доверба и демократија и надворешните заеднички позиции.

Наднационалната унија, бидејќи претставува договор меѓу суверени земји, се базира на меѓународни договори. Европските договори во глобала се различни, од калсични договори како што се уставните договори кои ја создаваат основата на европското ниво на демократија и владеење на законот во Европа. Тие имаат нешто во природата на уставот,но како и во британскиот устав, не е неопходно тоа да биде еден документ. Тие се базираат на договори меѓу владите на земјите-членки но нормално се поподложни на поблиска демократска контрола отколку другите бидејќи се пообемни, опфаќаат повеќе области од животот и благосостојбата на граѓаните. Поради ова граѓаните често бараат референдуми.

Носењето на одлуки делумно се врши меѓу владите, а делумно на наднационално ниво во рамките на подрачната заедница. Таа произведува висок степен на институционална безбедност и преку Парламентот и преку Консултативните комитети. Меѓувладината соработка предвидува помалку демократски надзор, особено кога институциите како Советот на министри или Европскиот совет се состануваат зад затворени врати,наместо во парламентарна комора.

Наднационалните власти во некои области може да бидат независни од владите на земјите-членки, иако независноста не е толкава како со федерална влада. Наднационалните институции, како федералната влада, навестуваат можност за извршување на дневниот ред на начин на кој земјите кои имаат свои претставници таму не можат да го предвидат. Демократските наднационални заедници, сепак, се дефинирани со договор и со закон. Нивните активности ги контролира Судот, демократските институции и владеењето на законот.

Унијата има правна надмоќ над своите земји-членки (само) само до тој степен до кој тоа и го доделиле владите на нејзините земји-членки. Од индивидуалните влади зависи да обезбедат полна демократска поддршка во секоја од земјите-членки. Граѓаните од земјите-членки и покрај тоа што ја задржуваат својата националност и национално државјанство тие дополнително стануваат и граѓани на Унијата.

Европската Унија, јасен пример за наднационална унија, има парламент со правен надзор, избран од нејзините граѓани. Во ова смисла, наднационална унија како што е Европската Унија поседува карактеристики кои не се целосно различни од карактеристиките на федерална земја како што се Обединетите Американски Држави. Сепак, разликите стануваат забележителни ако некој го спореди федералниот буџет на САД и буџетот на Европската Унија (кој изнесува само околу еден процент комбинираниот БДП) или големината на федералниот граѓански сервис на САД со граѓанскиот сервис на Европскта Унија.

Бидејќи во некои структури на ЕУ одлуките се носат со мнозинство на гласови, можно е останатите земји-членки да натераат некоја земја-членка да ја спроведе одредена одлука. Земјите ја задржуваат надлежноста да додадат вакви дополнителни наднационални надлежности.

Наднационализам во Европската Унија[уреди]

Европска Унија
Знаме на Европската унија

Дел од серијалот:
Политика на и управување со
Европската Унија

Историски концептот го претстави и го претвори во реалност Роберт Шуман кога француската влада се согласи на принципите во Шумановата декларација и го прифати Шумановиот план кој се задржуваше на одредени сектори кои се од витално значење за мирот и војната. Така започна системот на Европската заедница на кој му претходеше Европската заедница за јаглен и челик. Шесте земји основачки (Франција, Италија, Германија, Холандија, Белгија, Луксембург) ја договорија целта, со што војната не само што ја направија незамислива туку и материјално невозможна. Се договорија околу средствата, ставајќи го главниот интерес,производството на јаглен и челик, под надлежност на заедничка Високи власти, предмет на секојдневни, демократски и легални институции. Се договорија и во врска со Европското владеење на законот и нова демократска процедура.

Петте институции (покрај Високите власти) беа: Консултативен комитет (комора која ги застапува граѓанските социјални интереси на компаниите,работниците и потрошувачите), парламент и Совет на владините министри. Судот на правдата ќе решава спорови меѓу владите, јавни или приватни компании, групи на потрошувачи и секакви други групни интереси па дури и индивидуални. Жалба може да се поднесе во локалниот трибунал или национлните соодветни судови. Земјите-членки сеуште треба да ги исполнат и развијат членовите од Парискиот и Римскиот договор за целосна демократија во Европскиот парламент и други институции како Економскиот и социјален комитет и Регионалниот комитет.

Шуман ги опишал наднационалните унии како нова состојба во човековиот развој. Таа се разликува од деструктивниот национализам од деветнаесетиот и дваесетиот век кој започна со славен патриотизам, а заврши со војни. Тој ги следел почетоците на концептот на наднационализмот уште од деветнаесетиот век, пример за тоа е Поштенската унија, а терминот наднационално се користи и за време на првата светска војна. Демократијата, која тој ја дефинира како ,, во служба на народот и постапување во согласност со тоа" беше основен дел на наднационалната заедница. Сепак, владите започнаа да одржуваат директни избори во Европскиот парламент дури во 1979год.,што не е во согласност со договорите. Еден изборен статут беше утврден во договорот за првата Европска заедница за јаглен и челик во 1951год. Граѓанското општество (долго неопределено политички) требаше да има своја избрана комора во Консултативните комитети посебни за секоја заедница како што беше договорено демократски, но процесот (како и Европските парламентарни избори) го замрзна Шарл де Гол и други политичари кои се спротиставуваа на методот на заедница.

Денес, наднационализмот постои само во двете Европски заедници во ЕУ: Економската заедница (кој чесето го нарекуваат Европска заедница иако легално ги покрива сите државни активности) и Евроатом (Европската заедница за атомска енергија, заедница за спречување на проширување на нуклеарното оружје, во која одредени можности беа замрзнати или блокирани). Од наднационалните заедници произлегуваат моќни но генерално неексплоатирани и иновативни сретства за надворешна демократска политика, со мобилизирање на граѓанското општество кон договорените демократски цели на Заедницата.

Првата заедница за јаглен и челик била создадена само за 50 години. Опозицијата, главно преку компании кои мораа да платат мал европски данок од помалку од еден процент и владините министри во Советот, се залагаа нејзиниот демократски мандат да не биде обновен. Нејзината судска практика и наследство остануваат дел од системот на Европската заедница. Обидот на де Гол, Европската комисија да ја претвори во политички секретаријат под негова контрола според планот Фушет беше спречен од демократите од Бенелукс како што се: Пол Хенри Спак, Џозеф Лунс и Џозеф Беч како и голем број на други про-европјани во сите земји од Заедницата.

Методот на наднационална заедница беше нападнат не само од де Гол туку и од страна на други националисти и комунисти. Во периодот по де Гол, наместо да се одржат пан-европски избори со единствен статут како што е наведено во сите договори, владите одржуваа и продолжија да одржуваат посебни национални избори за Европскиот парламент. Ова често беше во корист на поголемите партии, а ги дискриминираше помалите, регионални партии. Наместо изборите да ги доделат да ги организира граѓанското општество во консултативните комитети, владите создадоа систем кој се состои од три столба со Договорот од Амстердам и Договорот од Мастрихт со што ги измешаа меѓувладините и наднационалните системи. Надворешната политика ја регулираатдва столба ,додека правдата и внатрешните работи не се предмет на истите демократски контроли како и системот на Заедницата.

Во Лисабонскиот договор и претходниот скоро идентичен Уставен договор, демократската независност од клучните пет институции дополнително е прекршена и нејасна. Со ова, проектот од целосно демократско наднационалистички преминува во правец не само на меѓувладино одлучување туку и до политизирање на институциите и воспоставување на контрола од страна на две или три најголеми политички партии. Комисијата ги дефинира клучните правни аспекти на наднационалниот систем бидејќи нејзините членки треба да бидат независни , не само за реклами, работа, потрошувачки, партиски или лобирачки интереси (член 9 од Договорот од Париз). Комисијата требаше да биде составена од мал број искусни луѓе, чија непристрасност беше вон дискусија. Како такви, првите претседатели на Комисијата и Високите власти беа големи бранители на европската демократија наспроти националната, автократска практика или правилото моќните да бидат над послабите.

Идејата на Конституционалниот и Лисабонскиот договор е Европската Комисија да ја водат како политичка установа. Владите претпочитаа да имаат национален претставник во Комисијата, иако тоа е против принципите на наднационалната демократија. (Оригиналниот концепт беше Комисијата да дејствува како еден непристрасен колегиум на независни, искусни луѓе кои ја имаат довербата од јавноста. Една од Заедниците беше дефинирана во договор со Комисијата со помалку членови отколку што има земји-членки.) Така, членовите на Комисијата стануваат претежно партиски, а понекогаш таа е составена од одбиени, посрамотени или несакани национални политичари. Првиот претседател на Високата власт беше Жан Моне, кој никогаш не беше дел од некоја политичка партија, што беше случај и со многу други членови на Комисијата. Тие беа со различни слободни професии и направија да бидат признати придонесите на Европската Унија.

Владите исто така сакаа да ја задржат тајноста на нивните одлуки донесени во Советот на министрите или Европскиот совет, во кој се дискутираат теми кои се од витален интерес за граѓаните во Европа. Додека во некои институции како што е на пример Европскиот парламент дебатите се отворени за јавноста, во други како што е Советот на министри и многу од комитетите тоа не е така. Шуман напиша во неговата книга 'Поур л'Еуропе' (За Европа) дека една демократска наднационална заедница како советите,комитетите и другите органи треба да бидат контролирани од јавното мислење што ќе биде ефикасно и нема да ги парализира нивните активности и корисни иницијативи.

Категоризирање на европскиот наднационализам[уреди]

Џозев Х.Х. Вајлер во своето значајно дело ,, Двојниот карактер на наднационализмот" тврди дека во европскиот наднационализам постојат два главни аспекти, иако изгледа е така и со многу други наднационални системи.

Тоа се: - Нормативен наднационализам: Односите и хиерархијата кои постојат општествената политика и правните мерки на една страна и политиката на натпреварување и правните мерки на земјите-членки на друга страна. (извршната димензија) - Одлучувачки наднационализам: институционалната рамка и носењето на одлуки со кои такви мерки се иницираат, дебатираат, формулираат, носат и на крај се извршуваат. (законодавно-судската димензија) На многу начини,поделбата се гледа како поделба на власта ограничена на само две гранки. Споредба на Европската Унија со САД Во Лисабонскиот договор, поделбата на надлежностите на неколку политички области помеѓу земјите-членки и Европската Унија е преподелена на три категории. Во 19 век САД, имаше само извршни надлежности (од тогаш некои работи се променија, но основниот дизајн остана се до денес). Надлежностите кои не се експлицитно наведени припаѓаат на пониски нивоа на власт.

Ексклузивни надлежности на ЕУ[уреди]

Унијата има ексклузивни надлежности да дава директиви и да склучува меѓународни договори кои се предвидени со законските акти на Унијата. - Царинската унија - Воспоставување на правила на конкурентност кои се неопходни за функционирање на внатрешниот пазар - Монетарна политика за оние земји-членки чија валута е еврото - Зачувување на морските биолошки ресурси преку заедничката политика за рибарство - Заедничка комерцијална (трговска) политика

Заедничките надлежности на ЕУ[уреди]

Земјите-членки не можат да бидат надлежни во областите каде надлежноста ја има Унијата. - Внатрешен пазар - Социјална политика, за аспектите дефинирани во овој договор - Економска, социјална и територијална кохезија - Земјоделство и рибарство, со исклучок на зачувување на морските биолошки ресурси - Животна средина - Заштита на потрошувачи - Транспорт - Транс-европски мрежи - Енергија - Слободните област, сигурност и правда - Заеднички безбедносни проблеми во јавното здравство, за аспектите дефинирани во овој договор - Заедничка надворешна и безбедносна политика

Поддржувачка надлежност на ЕУ[уреди]

Унијата може да врши дејствија што ќе ги поддржат, координираат или надополнат дејствата на земјите-членки. - Зштита и унапредување на човековото здравје - Индустрија - Култура - Туризам - Образование, младина, спорт и стручна обука - Заштита на граѓаните (превенција од катастрофи) - Административна соработка

Ексклузивните надлежности на САД[уреди]

Федералната влада на САД во 19 век. - Внатрешно унапредување - Субвенционирање (главно на транспортот) - Даноци - Ослободување од јавното земјиште - Закон за имиграција - Надворешна политика - Авторски права - Патенти - Валута

,,Демократски дефицит"[уреди]

Во една наднационална унија, проблемот како да се ускладат принципите на единство помеѓу нациите, кој се појавува во меѓународни (меѓувладини) организации, и принципот на единство помеѓу нациите кој се појавува во државите, се решава преку секторски пристап. Тоа дозволува иновативно демократско проширување бројот на луѓе кои ќе бидат вклучени. Тие се присутни не само во класичниот парламент кој има малку поинаква функција туку исто така и во Консулатативните комитети како Економско-социјалниот комитет и Регионалниот комитет, на кои договорите им дадоа моќ еднаква на парламентите во нивните региони, а кои се до денес го развиваат својот потенцијал. Во Европската унија, Лисабонскиот договор спојува два принципи (класична парламентарна влада со политички избрана влада) и наднационална заедница со тотално независна Европска комисија. Владите исто така се трудат Лисабонскиот договор да го третитаат како едноставен класичен договор, па дури и како амандман од некој договор, кој не бара целосни мерки за поддршка и формално одобрување од страна на граѓаните. Предложениот Лисабонски договор и претходниот уставен нацрт-план сеуште задржаа во Европската Унија елементи од наднационална унија, што ја разликува од федерална држава од редот на Соединетите Американски Држави. Но тоа е на сметка на демократските потенцијали на една целосно наднационална унија како што беше создадена со првата Заедница.


Наводи[уреди]

  1. Kiljunen, Kimmo (2004). „The European Constitution in the Making“. Centre for European Policy Studies. стр. 21–26. ISBN 978-92-9079-493-6. 

Надворешни врски[уреди]

„Towards Unity“. http://www.towardsunity.org/. конс. 5 јули 2009.  „Robert Schuman and supranational union of Europe“. http://www.schuman.info/. конс. 15 ноември 2009.  „Supranational Alliance“. http://www.salliance.org/. конс. 20 февруари 2011.