Надежда Крупскаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Надежда Крупскаја
Krupskaja 1890.jpg
Надежда Крупскаја, ц. 1890тите
Роден 26 февруари 1869
Санкт Петербург, Руска империја
Починал 27 февруари 1939
Москва, СССР


Надежда Крупскаја (рус. Наде́жда Константи́новна Кру́пская) — руски болшевички револуционер и политичар, сопруга на рускиот револуционер и болшевички водач Владимир Илич Ленин.

Ран живот[уреди]

Од раното детство Крупскаја билa инспириранa oд протестите против грдиот живот околу неа.[1]

Една од нејзините пријатели од гимназија, Аријадна Тиркова, ја опиша Крупскаја како "висока, тивка девојка, која не флертувала, стално во замисла, и веќе формирала силни убедувања... Таа беше една од оние кои се засекогаш посветени, откако ќе станат опседнати од своите мисли и чувства."[2]

Крупскаја изразила интерес за областа на образованието од рана возраст. Таа била особено привлечена од теориите на Толстој за образованието, кое е флуидно наместо структурно. Тие се фокусирале на личниот развој на секој поединец-студент и биле центрирани на важноста на наставник-студент односите.[3]

Ова доведе Крупскаја да студира голем број на дела на Толстој, вклучувајќи ги и неговите теории за реформирањето. Овие биле мирни, легалистички идеи, кои се фокусирале на воздржувањето од непотребен луксуз, и имајќи самостојност. Толстој остави траен впечаток на Крупскаја; беше кажано дека таа имала "посебен презир за модерна облека."[4]

Како посветена, доживотна ученичка, Крупскаја почна да учествува во дискусии во неколку кругови. Овие групи се собрирале заедно да учат и да дискутираат за одредени теми во корист на сите кои се вклучени. Подоцна, во еден од овие кругови, Крупскаја за прв пат била воведена во теоријата на Маркс. Крупскаја започна во длабочина да ја студира оваа тема. Ова беше тешко бидејќи таквите книги биле забранети од страна на руската влада. Како резултат на тоа, револуционерите собирале такви книги и ги чувале во подземни библиотеки.

Советското образование[уреди]

Nadezhda Krupskaya portrait.JPG

Предреволуционерните руски библиотеки имале тенденција да исклучуваат одредени членови. Некои беа исклучиво за повисоките класи, а некои беа само за вработените на одредени "синдикати". Покрај тоа, тие исто така, имале скудоумна, православна литература. Тешко беше да се најдат книги со нови идеи, што била причината за отварањето на подземни библиотеки. Друг проблем беше ниското ниво на писменост на масите. Таа ги охрабри библиотеките да соработуваат и да ги отворат своите врати за пошироката јавност.[5]

Крупскаја беше посветена марксистка за која секој елемент на едукацијата на јавноста беше чекор кон подобрување на животот на нејзиниот народ, со обезбедување на сите поединци пристап до алатките за образование и библиотеки, потребни за поисполнет живот.[6]

Наводи[уреди]

  1. C. Bobrovskaija, Lenin and Krupskaja (New York City : Workers Library Publishers, Inc., 1940), 4.
  2. McNeal, 19.
  3. Tolstoy, Leo. In Encyclopædia Britannica. Retrieved March 21, 2008, from Encyclopædia Britannica Online
  4. McNeal, 23.
  5. Richardson, John (2000). „The Origin of Soviet Education for Librarianship: The Role of Nadezhda Konstantinovna Krupskaya (1869–1939), Lyubov' Borisovna Khavkina-Hamburger (1871–1949) and Genrietta K. Abele-Derman (1882–1954)“. „Journal of Education for Library and Information Science“ 41 (Spring 2000): 106–128 (115–117). doi:10.2307/40324059. ISSN 0748-5786. http://polaris.gseis.ucla.edu/jrichardson/origin.pdf. 
  6. Raymond, 172.

Надворешни врски[уреди]