Надворешни односи на Монако

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кнежеството Монако е суверена и независна држава,која е тесно е поврзана со Франција со Договорот од јули 1918 година,што официјално беше констатирано во член 436 од Версајскиот договор потпишан во 1919 година. Надворешната политика на Монако е една илустрација од оваа спогодба: Франција се согласи да ја брани независноста и суверенитетот на Монако, додека владата на Monagasque се согласи да ги извршува своите суверени права во согласност со француските интереси, додека во исто време одржува целосна независност.Одтогаш,односите помеѓу суверените држави на Франција и Монако се дополнително дефинирани во Договорот од 1945 година и Спогодбата од 1963 година.

Иако не е членка на Европската Унија (ЕУ), Монако е тесно поврзана со економскиот систем на ЕУ,преку нејзината царинска унија со Франција и нејзиното потпирање врз еврото,како своја официјална валута.

Монако активно учествува во Обединетите Нации, на кои им се приклучи во 1993 година. Монако се приклучи кон Советот на Европа во октомври 2004 година. Монако,исто така е член и на повеќе меѓународни и меѓувладини организации, вклучувајќи ги и Интерпол, УНЕСКО,Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународното хидрографско биро (ИХБ) кое е со седиште во Монако.

Монако има 10 дипломатски претставништа во Западна Европа и постојано претставништво во седиштето на Обединетите нации и Советот на Европа. Држи почесни конзулати во 106 градови во 45 земји. Седумдест и шест земји имаат конзулати или почесни конзулати во Монако.


Односите со земјите[уреди]

Монако има формални дипломатски делегации,некои како конзулати,други со репутација на амбасади ,во следните земји:


==== Данска ==== 

Данска има конзулат во Монте Карло, додека Монако има еден во Хелеруп.


Европска Унија[уреди]

Монако учествува во голем број од политиките на Европската Унија преку неговата интеракција со Франција. Монако е во царинската и ВАТ областа на Европската Унија, дефакто е член на Шенген зоната,кое нешто се должи на отворената граница со Франција, и исто така го користи еврото како единствена валута.

Франција[уреди]

Формалните односи биле воспоставени во 1918 година. Франција се согласила да ја брани независноста и суверенитетот на Монако,додека владата на Monegasque се согласи да ги применува своите суверени права во согласност со француските интереси.Одтогаш, односите помеѓу суверените држави на Франција и Монако се дополнително дефинирани во Договорот од 1945 година и Спогодбата од 1963 година.

Во 2002 година,Монако повторно го обнови Договорот од 1918 година со Франција. Во 2005 година, тој беше ратификуван од двете страни и стапи во сила. Условите на договорот беа надополнети со француската застапеност во Монако од Генерален конзулат во амбасада; дозвола,која за првпат им дозволува на другите земји да акредитираат амбасадори во Монако; и формално ја признаваат наследната шема која била утврдена со Уставот од 1962 година, која дава подобности за ќерките на кнезот и другите членови на фамилијата.


Светиот Стол[уреди]

Тоа е дел од општоприфатената културна и политичка историја,дека Монако и Светиот стол одржуваат дипломатско пријателство, со кое се обврзани од страна на католичката вера од основањето на кнежеството. Член 9 од Уставот на Monegasque,кој датира од 17 декември 1962 година,а е модифициран во 2002 година, ја утврдува католичката религија како официјална религија на суверената држава,која е католичка уставна монархија ,управувана од страна на католичката династија Грималди.

Според официјалниот годишник на Светиот Стол, Annuario Pontificio, Монако има дипломатски претставник на Светиот стол со чин на ополномошен министер од 1915 година. Во 1982 година, по потпишувањето на новата конвенција во јули 1981 година, помеѓу Монако и Светиот стол кои ги потврдува блиското католичко пријателство и дипломатските односи помеѓу католичкото кнежевство и Светиот стол, дипломатското претставништво на Монако беше издигнато од ниво на министерство до ниво на амбасада, на чело со Цезар Чарлс Соламито,кој се издигна од позицијата на министер до позицијата на амбасадор во јуни 1982 година. Амбасадорот Соламито служеше како прв амбасадор на Светиот стол во Монако се до 1997 година. Во 1999 година, како амбасадор на Светиот стол во Монако,беше амбасадорот Неговата екселенција .Жан Клод Мишел.

Заради почиттта кон Светиот стол, Светиот стол има свое дипломатско претставништво во Монако од 2006 година. Назначувањето на папскиот дипломатски претставник во кнежевството било по поднесувањето на ревизија на договорот на Монако со Франција,кој бил сменет во 2002 година и ратификуван во 2005 година. Овој ревидиран договор му доделува на кнежеството суверено право да воспоставува дипломатски односи со другите суверени држави на ниво на највисока дипломатија, на ниво на вонреден и ополномоштен амбасадор во Светиот стол, што значи nunzorial ниво , т.е. на ниво на апостолски nunzorial предводен од страна на апостолски nuncio (апостолки nuncious вообичаено се одредува преку црковната ранг листа на архиепископи).Првиот и сегашен апостолски nuncio кој го претставува Светиот стол во Монако, со место на живеење и ограничена акридетација за ЕУ во Брисел, е архиепескопот Андре Дупуи. Архиепископтот Дупуи ги предаде своите акредативни писма на кнезот Алберт II на 26 септември 2006 година.

Италија[уреди]

- Италија има амбасада во градот Монако,

- Монако има амбасада во Рим,

- Околу 10.000 италијанци живеат во Монако.


Косово[уреди]

Формални односи беа воспоставени на 19 март 2008 година.


Русија[уреди]

-Монако и Русија воспоставија билатерални односи во 1858 година, кога Русија и Монако потпишаа спогодби и договори за екстрадиција на криминалци, за меѓусебна  правна помош, за признавање на граѓанскиот статус на физички лица и за медицинска помош. Сепак, дипломатските односи беа прекинати во 1917 година.
  
  • Дипломатските односи повторно беа обновени во април 2002 г.
  • Монако има почесен конзулат во Сан Петербург
  • Руските интереси во Монако се претставени од страна на неговиот генерален конзулат во Марсеј.


Соединетите држави[уреди]

  • Соединетите држави и Монако имаат одлични односи. Од 1956 година па се до нејзината смрт во 1982 година, американката Грејс Кели беше во брак со кнезот Рение III,таткото на Алберт. САД се уште нема дипломатска мисија во Монако, но постои амбасада во Париз, и генерален конзулат во Марсеј.
  • Во декември 2006 година, САД и Монако ги подигнаа од конзуларни во целосно дипломаски односи. Набргу потоа, Крег Стејплон (амбасадор на САД во Франција) беше акредитиран за амбасадор во Монако,а амбасадорот Жил Ногес стана првиот амбасадор на Монако во САД.