Надворешен отвор на мочен канал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Надворешен отвор на мочен канал
Поглед кон отворот кај мажите.
Поглед кон отворот кај жените.
Податоци
ЛатинскиOrificium urethrae externum

Надворешен отвор на мочен канал — отвор кој се наоѓа во надворешните полови органи кај мажот и жената. Кај мажот, отворот се наоѓа на врвот на главата на пенисот, а кај жената се наоѓа зад дразницата од вагината. Низ отворот се исфрлува урината.

Мажи[уреди | уреди извор]

Кај мажите отворот се наоѓа на врвот на главата на пенисот. Отворот е долгнавест и поставен вертикално. Отворот зависи од маж до маж. Несоодветната поставеност на отворот се нарекува хипоспадија. Во таков случај, отворот е поставен под главата на пенисот. Ако отворот е поставен на горниот дел од пенисот тогаш таа состојба се нарекува еписпадија.

Жени[уреди | уреди извор]

Кај жените, отворот се наоѓа 2.5 см позади главата на дразницата и веднаш пред вагината.

Дијаграми[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]