Нада Николова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нада Бутникошарова Николова (Велес, 27 јануари 1919 - Војница, Велешко, 16 декември 1942) била револуционер, организатор на женското и на синдикалното движење во Велес (1939), член на КПМ од 1940 година и активен учесник во подготовките за оруженото востание од 1 април 1941 година. Нејзината куќа била засолниште за голем број илегалци од Македонија и место на првата партиска печатница во Велес. Прогонувана од Бугарите, во 1942 година заминала во Партизанскиот одред „Димитар Влахов“ и учествувала во повеќе борбени акции. Загинала во судир со бугарската полиција.

Литература[уреди | уреди извор]