Награда „Франц Кафка“
Од Википедија, слободната енциклопедија
Наградата „Франц Кафка“ е меѓународна книжевна награда во чест на австрискиот писател Франц Кафка. Почнала да се доделува во 2001 г. на иницијатива на нејзините организатори - Друштвото „Франц Кафка“ и градот Прага (Чешка). Доделувањето се одржува во октомври секоја година, во стариот градски дом во Прага. Лауреатот добива 10.000 американски долари, признаница и бронзена статуетка. Критериумот за доделување на наградата гласи: „за хуманистичкиот карактер на делото и неговиот придонес кон културната, националната, јазичната и верската толеранција, како и неговиот егзистенцијален и вечен карактер, општочовечка непобитност и способноста да остави сведоштво за времето во кое живееме.“[1]
[уреди] Добитници
| Година | Име | Земја |
|---|---|---|
| 2011[2] | Џон Бенвил | |
| 2010[3] | Вацлав Хавел | |
| 2009 | Петер Хандке | |
| 2008[4] | Арношт Лустиг | |
| 2007[5] | Ив Бонфоа | |
| 2006[6] | Харуки Мураками | |
| 2005 | Харолд Пинтер | |
| 2004 | Елфрида Јелинек | |
| 2003[7] | Петер Надаш | |
| 2002[8] | Иван Клима | |
| 2001 | Филип Рот |
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ Наградата „Франц Кафка“ - Друштво „Франц Кафка“. проверено на 23 февруари 2008 (англиски)
- ↑ Спејн, Џон. „Бенвил доби врвна книжевна награда“, „Irish Independent“, 26 мај 2011. Проверено на 26 мај 2011. (англиски)
- ↑ „Вацлав Хавел ја доби наградата „Франц Кафка““, „CBC News“, 27 октомври 2010. Проверено на 27 октомври 2010. (англиски)
- ↑ „Писателот Лустиг ја доби наградата „Франц Кафка““, „Agence France-Presse“, 9 април 2008. Проверено на 9 април 2008. (англиски)
- ↑ „Францускоит поет Бонфоа ја доби наградата „Франц Кафка““, „CBC News“, 30 октомври 2010. Проверено на 30 октомври 2010. (англиски)
- ↑ „Јапонскиот писател Харуки Мураками ја доби наградата „Франц Кафка““, „ABC News“, 31 октомври 2006. Проверено на 31 октомври 2006. (англиски)
- ↑ Хоракова, Павла. „Друштвото „Франц Кафка“ го награди Петер Надаш“, „Радио Прага“, 31 октомври 2003. Проверено на 31 октомври 2003. (англиски)
- ↑ Хоракова, Павла. „Писателот Иван Клима ја доби наградата „Франц Кафка““, „Радио Прага“, 31 октомври 2002. Проверено на 31 октомври 2002. (англиски)