Нагојски замок

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Нагоја (замок))
Прејди на: содржини, барај
Замокот со стражарска кула
Нагојскиот замок и околните згради на дворецот Хонмару - фотографија од 1880 г. Благодарение на фотографиите, денес се планира реконструкција на овој комплекс.

Нагојски замок (јапонски: 名古屋城, Нагоја-џо) — замок во градот Нагоја, во префектурата Ајчи, Јапонија.

Историја[уреди]

Првичниот замок е изграден од властелинот Имагава Уџичика околу 1525 година. Во 1532, Ода Нобухиде го зазел замокот од рацете на Имагава Уџитојо, но подоцна го напуштил.

Во 1610 година, Токугава Иејасу им наредил на разни дајмија да помогнат со изградбата на нов замок на истото место. Овој нов замок требал да биде новиот административен центар на постоечката провинција Овари и голем дел од градежниот материјал бил искористен од помалиот замок Кијосу, меѓу другото и неговиот донжон (теншу), кој се наоѓал во постоечкиот провинциски главен град Кијосу. Изградбата на Нагојскиот замок била завршена во 1612 година.

За време на периодот Едо, замокот бил центар на еден од најзначајните призамочни градови во Јапонија, познат како Нагоја-џуку.

Сѐ до периодот Мејџи, замокот бил дом на кланот Овари Токугава од семејството Токугава. Замокот бил опожарен за време на Втората светска војна, но донжонот бил одново изграден.

За време на Втората Светска војна, замокот служел како окружен штаб и воен заробенички логор.[1] Во текот на бомбардирањето на Јапонија, на 14 мај 1945, американската авијација го опожарила замокот, и тој изгорел. Со замокот изгореле и речиси сите негови артефакти; меѓутоа многу од сликите во замокот опстоиле, и се зачувани до ден денес. Реконтрукцијата на донжонот завршила во 1959. Денес донжонот е современа бетонска градба со клима уреди и лифтови. Покрај ова, се планира реконструкција и на дворецот Хонмару, кој исто така изгорел во бомбардирањето. Многу од сликите во дворецот исто така биле спасени, па така со реизградбата на дворецот на нивно место се планира да стојат реплики. До тогаш, сите предмети, покуќнина, врати и други објекти се реконструираат и реставрираат во Токугавскиот музеј на уметноста во Нагоја.

Карактеристики[уреди]

Киншачи (金鯱)

Нагојскиот замок припаѓа во групата на рамнински замоци. Изграден е на пет нивоа и содржи седум ката. Во внатрешноста на замокот се наоѓа историскиот музеј на градот Нагоја. За надворешниот изглед на замокот се карактеристични црти од архитектурата во периодот Аѕути Момојама[2]

Украси[уреди]

Врз покривот на замокот стојат два златни делфина со глава на тигар, наречени „киншачи“ (金鯱); овој мотив се користи како амајлија против пожар. Тие, исто така се сметаат за симбол на власта на феудалниот властодржец.

Наводи[уреди]

Литература[уреди]

  • Schmorleitz, Morton S. (1974). „Castles in Japan“. Токио: Charles E. Tuttle Co.. стр. стр. 128-142. ISBN 0-8084-1102-4. 
  • Motoo, Hinago (1986). „Japanese Castles“. Токио: Kodansha. стр. 200 pages. ISBN 0-87011-766-1. 

Надворешни врски[уреди]