НЦ „Козлодуј“
Нуклеарната централа „Козлодуј“ е нуклеарна централа во Бугарија. Таа се наоѓа на брегот на река Дунав, на 5 км источно од град Козлодуј и на 200 км северно од Софија.
Содржина |
[уреди] Историја
- 1965 - на 19 август Политбирото на ЦК на БКП дал решение за барање помош од СССР за проектирање и изградба на атомска централа.[1]
- 1966 г. - НРБ потпишуал договор со СССР за заедничко градење на нуклеарната централа на оваа територија.
- 1970 г. - На 6 април започнала изградбата на атомската централа.
- 1974 - 1975 г. - започнале со работа првиот и вториот блок (по 440 мегавата).
- 1980 - 1982 г. - со работа започнуваат третиот и четвртиот блок (по 440 мегавати).
- 1988 - 1993 г. - започнале со работа петтиот и шестиот блок (по 1000 мегавати).
Од 1991 година јачината на шестте блока била 3760 MW. Централата располага со шест нуклеарен реактор — четири со јачина од по 440 мегавати и два со јачина од 1000 мегавати, кои опслужуваат околу 46% од потрошувачката на Бугарија. Централата работи од 2007 година со коефициент за употреба на инсталираните јачини од 83.58%. [2]
[уреди] Затворање на 3 и 4 блок
Пред 2003, после притисок од ЕУ, се затворани четирите реактори со јачина од 440 МВт, бидејќи не одговарале со европските стандарди за сигурност. Затворани биле 1 и 2 блок на нуклеарната централа „Козлодуј” во 2003 и во почетокот на 2007 биле затворани 3 и 4 блок на нуклеарната централа, додека 5 и 6 блок сè уште работаат.
[уреди] Цена
Вкупната цена на проектот нуклеарната централа „Козлодуј” е многу тешка за пресметување. Голем дел од помошта на СССР не се е смета, а самиот проект е финансиран директно од националниот буџет на НРБ.
[уреди] Надоградба
Во последно време се појавува предлог за градење на 7 и 8 блок на НЦ.[3] Најверојатбо тие ќе бидат опремени со американски реактори, секои со јачина од по 1000 МВт. Проектот се појавува како последица на забавувањето на изградба на НЦ „Белене“.
Можноста за изградбата на седмиот блок на локацијата на нуклеарната централа „Козлодуј” е сосема реална, при тоа средствата за спроведувањето на проектот ќе бидат околу половината отколку ако се изгради реактор на целосно нова локација.
[уреди] Наводи
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „НЦ „Козлодуј““ |
- Мрежно место на НЦ "Козлодуj"
- Агенција за нуклеарно регулирање на Бугарија.
- Информации за нуклеарната централа „Козлодуј“ на страницата на МААЕ
|