Мустаклеста сипка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мустаклеста сипка
Возрасен мажјак
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Мустаклести сипки ?
Род: Мустаклести сипки
Koch, 1816
Вид: Мустаклеста сипка
Биномен назив
Panurus biarmicus
(Linnaeus, 1758)

Мустаклестата сипка (науч. Panurus biarmicus) е мала врапчевидна птица со силно изразен полов диморфизам. Иако, во македонскиот јазик името ѝ е сипка, таа не спаѓа во фамилијата на сипките (Paridae), туку во блиската фамилија Panuridae. Оваа птица ја има во Македонија.

Таксономија[уреди]

Отпрво, мустаклестата сипка била сместена во фамилијата на вистинските сипки (Paridae), па префрлена во папагалестите (Paradoxornithidae). Но, по неодамнешни истражувања, се дошло до заклучок дека е единствен вид, неповрзан со други и затоа е сместена во монотипичната фамилија на мустаклести сипки Panuridae.

Распространетост и живеалиште[уреди]

Мустаклестата сипка е широко распространета во умерена Европа и Азија. Таа е постојан жител, и повеќето птици не мигрираат, освен поради нагли временски промени или многу студено време. Таа е подложна на тешки зими, кои можат да убијат многу птици.

Опис[уреди]

Оваа птица е мала, портокаловокафеава по боја со долга опашка и брановиден лет. Долги се околу 15 см. Мажјакот има синосива глава и црни долги „мустаќи“ (не и брада). Женката нема мустаќи и главата ѝ е кафеава. Јатото често го предава своето присуство во грмушките со карактеристичното ѕвонливо пинг огласување.

Живеалиште и исхрана[уреди]

Мустаклестата сипка живее во влажни предели, во колонии крај езера со трска. Лете се храни со инсекти и пајаци, а зимно време се прилагодува во исхраната и јаде со семе од трска.[2]

Размножување[уреди]

Обично, мустеклестите сипки гнездат во колонии, поточно, во двојки, но близу едни до други. Гнездото е лоцирано ниско во трската и е во облик на чашка. Несат 5-7 јајца кои ги квачат околу 12 дена и двата родитела. Грижата за потомството во гнездото продолжува 9-12 дена. За една година може да се одгледуваат две легла.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Panurus biarmicus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106008044. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Robson, Craig (2007). „Family Paradoxornithidae (Parrotbill)“. del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew; Christie, David. „Handbook of the Birds of the World. Volume 12: Picathartes to Tits and Chickadees“. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 292–320. ISBN 978-84-96553-42-2. 

Надворешни врски[уреди]