Мултикултурализам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик за Мултикултуризам во Торонто, Канада. Автор: Франческо Перили. Четири идентични скулптури се наоѓаат во Буфало, Јужноафриканска Република; Чангчуен, Кина; Сараево, Босна; Сиднеј, Австралија.

Концептот на мултикултурализмот во неговото дескриптивно значење е нашироко прифатен. Да се каже дека некое општество е мултикултурно, значи да се посочи на културното различје на тоа општество. Таквата употреба на концептот е еднаква на значењето на културниот плурализам.

Нормативното значење на мултикултурализмот се однесува на можните начини на општествена организација, која за свој принцип го има културното различје. Во контекст на политичко-правната теорија, посебно во рамките на либералната теорија, мултикултурниот дискурс се темели на премисата дека малцинските култури, односно начини на живот не се доволно заштитени со поединечните права на нивните припадници, па според тоа треба да бидат заштитени со специјални колективни права и одредени привилегии. Ваквиот став се брани со аргументот дека културниот идентитет има суштинска улога во конституирањето на личниот идентитет на поединецот. Бидејќи културата, односно културната заедница е од такво фундаментално значење за животот на нејзините припадници, културните практики на малцинските културни заедници треба да бидат заштитени.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Марија Иванова - Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.