Музеј на современата уметност (Скопје)
Музејот на современата уметност во Скопје е сместен на самиот рид „Кале“, во непосредна близина на истоимената тврдина. Изградбата на зградата на Музејот е започната на 5 април 1969 година и е завршена до 13 ноември 1970 година, кога свечено е пуштена во употреба. Градбата преставува донација од страна на Владата на Полска. Денес, овој музеј е единствената институција во Македонија, којашто собира и обработува документација за македонската уметност, а исто така и единствена институција, каде што се прикажуваат историски филмови од големо значење.[1]
Содржина |
Историја[уреди]
Идејата за формирање на ваков музеј возникнала по земјотресот во 1963 и големиот број на пристигнати уметнички дела, како солидарност од страна на меѓународните организации, музеи и поединци. Со цел да се сместат овие подароци, на 11 февруари 1964 година е донесена одлука за основање на Музејот на современа уметност. Бројот на дарувања и подароци се зголемил во последните неколку години, а во периодот од 1966 до 1970 г. бил изнајмен галериски простор за одржување на изложби. Поради зголемените потреби, во 1969 г., започнала изградбата на новата музејска зграда, којашто била свечено отворена на 13 ноември 1970 година.[2]
Архитектура[уреди]
Зградата на музејот зафаќа вкупна површина од над 5.000 m2, а неа ја сочинуваат три поврзани објекти, во кои се распоредени салите за повремени изложби, просторот за постојана поставка, салата за предавања, библиотека и архива и другите простории. Надворешната површина околу Музејот служи за спроведвање на разни скулпторски проекти.[3] Во просториите на музејот се одржуваат изложби, настани поврзани со македонската и странската уметност, трибини, разговори со уметници, филмски прикажување и други културно-уметнички настани. Музејот, исто така, располага со драгоцена меѓународна зборка, која дава претстава за македонската современа уметност.[1]
Поврзано[уреди]
Наводи[уреди]
Надворешни врски[уреди]
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||