Музеј Сантрал Истанбул
| Музеј Сантрал Истанбул Santralİstanbul Müzesi |
|
| Податоци | |
|---|---|
| Локација | Истанбул |
| Земја | Турција |
Музејот Сантрал Истанбул (турски: Santralİstanbul) е музеј кој се наѓа во Ејуп, Истанбул, Турција. Музејот бил основан во 2002 година и истиот е наменет за уметнички и културни дела. Комплексот се состои од една модерна зграда каде се наоѓа музејот на уметноста, потоа енергетски музеј и амфитеатар, концертни сали и јавна библиотека. Во периодот од 1914-1983 година објектот служел за снабдување со електрична енергија на градот.
Планот за претварање на објектот во музеј бил на младиот бизнисмен Огуз Озерден, основач на Универзитетот Билги. Тој успеал да ја убеди владата на Реџеп Тајип Ердоган и министерството за енергетика и природни ресурси да го искористат неговиот план. [1] Договорот бил потпишан во 2004 година. [2] Свеченото отварање на музејот се случило на 8 септември 2007 година. Музејот бил посетуван од страна на околу 1.500.000 посетители.
Наводи[уреди]
- ↑ Newspaper Radikal July 21, 2007 (турски)
- ↑ Newspaper Yeni Şafak, May 2, 2004 (турски)
Надворешни врски[уреди]
| „Category:Santral Istanbul“ на Ризницата |
- Официјална интернет страна (турски)
- Hayal Saati (турски)
- Yapı (турски)
- Universes in Universe (германски)
- Kamca (турски)