Мошник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мошник е дел од надворешните машки полови органи, во кој се сместени тестисите, заедно со епидидимисот. Кожата во тој дел е потемно пигментирана и е доста осетлива на промени на надворешната температура (тука температурата е за 2 степени пониска отколку во другите делови на човечкото тело, што е многу важно за процесот на сперматогенеза).