Мост Келбранд
| Мост Келбранд Köhlbrandbrücke |
|
Мостот Келбранд над Хамбуршкото пристаниште |
|
| Намена | Автомобили |
|---|---|
| Премостува | Келбранд, дел од реката Јужна Елба |
| Место | Хамбург, Германија |
| Тип | Висечки мост |
| Вк. должина | 3.618 м |
| Ширина | 17.5 м |
| Висина | 135 м |
| Најдолг распон | 325 м |
| Потпростор | 55 м над среден прилив |
| Изградбата почнала | 1970 |
| Изградбата завршила | 1974 |
| Отворен | 20 септември 1974 |
| Мостарина | слободен |
| Дневен сообраќај | 30.000 автомобили |
| Затворен | околу 2028[1] |
Мостот Келбранд (германски: Köhlbrandbrücke) е висечки мост во Хамбург, Германија, кој ја поврзува пристанишната површина на островот Вилхелмсбург помеѓу Северна и Јужна Елба, делови на реката Елба со автопатот 7 (излез Валтерсхоф). Ја премостува Јужна Елба, тука наречена Келбранд, пред се спои повторно со Северна Елба. Мостот бил отворен во 9 септември 1974.
Содржина |
Историја [уреди]
Мостот бил проектиран од Ханс Витфот и Егон Јукс. Биле потребни години да се изгради.
Од отворањето на мостот само двапати бил отворен за пешаци, на денот на отворање 1974 и на неговиот 30-ти роденден во 2004. Меѓутоа, прекрасниот поглед над градот Хамбург не е целосно ограничен за возачите на автомобилите и камионите. Мостот е на рутата на годишната велосипедска трка Ватенфал Класик во Хамбург, дел од светската турнеја UCI. Добар број на аматери, кои учествуваат во трката прават пауза на врвот на мостот Келбранд.
Неколку луѓе извршиле самоубиства со скокања од мостот Келбранд.
Мостот бил спектакуларна локација во германскиот трилер од 1987 Der Joker, во кои играат Петер Мафај и Мајкл Јорк.[2] Исто така, бил прикажан во видеоиграта Call of Duty: Modern Warfare 3, во текот на мисијата „Goalpost“.
Технички податоци [уреди]
Мостот е направен од околу 81.000 м³ бетон и 12.700 тони челик. Секој дел, околу 30.000 автомобили преминуваат преку мостот. Вкупните трошоци изнесувале 160 милиони германски марки.
Мостот бил направен од 88 челични кабли (секој со дијаметар од 10 цм). Тој е 3.940 метри долг, централниот дел 325 метри. Носен е од 75 далноводи (највисокиот во висина од 135 метри) за да достигне висина од 55 метри, дозволувајќи им на бродовите да поминуваат под него, дури и во висока плима Патот има косина од 4%.
Наводи [уреди]
- ↑ Die Welt, 8 јануари 2008 (на германски)
- ↑ http://www.imdb.com/title/tt0093318/
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Мост Келбранд“ |
|
||||||||