Московска парада на победата 1945

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Снимка од парадата

Московска парада на победата (руски: Парад Победы) — воена парада по повод победата над нацистичка Германија во Големата татковинска војна (Втората светска војна). Се одржала во главниот град на СССР, Москва, во која главен настан била воената парада низ Црвениот плоштад. Се одржала на дождливиот 24 јуни 1945 г, преку месец по 9 мај, денот на германската капитулација.

Маршалите Георгиј Жуков, кој формално ја прифатил капитулацијата на Германија, и Константин Рокосовски, јавале низ парадниот терен на црн и бел пастув. Овој чин е овековечен со коњичка скулптура на Жуков пред Државниот историски музеј на Манежниот плоштад. Премиерот на СССР, Јосиф Сталин ја надгледувал парадата од покривот на Лениновиот мавзолеј.

Главни атракции на парадата биле приказите на пешадијата, артилеријата и восдухопловните сили. Еден од насјлавните нејзини елементи е моментот кога по парадата на пешадијата, војниците Црвената армија донеле германски знамиња и ги фрлиле до мавзолејот. Едено од фрлените знамиња ѝ припаѓало на Личната гарда на Адолф Хитлер, воздигната до ниво на дивизија.

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]