Морфеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Морфеј и Ирида, 1811

Морфеј (грчки: Μορφεύς „облик“) во старогрчката митологија е бог кој го менува обликот, преобразува. Тој е син на Хипнос (сонот) и Никта (ноќта).

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името Морфеј е изведено од зборот: грчки: μορφή (морфи) со значење „облик“. Затоа е тој, „оној што го менува обликот“.

Особености[уреди | уреди извор]

Морфеј праќа човечки слики во соновите и визиите, одговорен е за обликувањето на соништата или суштествата кои се во соништата. Тој им се јавува на луѓето во сон, каде што може да се преобрази во било кој човек. Морфеј го има својот лик само додека се одмара. Во антиката е претставуван како млад човек со крилја на слепоочниците, редовно во друштво со своите браќа.

Митологија[уреди | уреди извор]

Морфеј, како обликувач на соништата има двајца браќа: Фобетор, кој создава страшни соништа и Фантас, кој создава нереални соништа. На Морфеј му се припишуваат и посебни одговорности поврзани со соништата на кралевите и митолошките јунаци. Иако тројцата браќа заедно владеат со царството на соништата, поради поголемите одговорности, Морфеј се смета за главен меѓу нив. Според Овидиј, Морфеј е одговорен за создавање човечки ликови во соништата, а неговите браќа, Фобетор и Фантас, се одговорни за појавувањето на животните и предеметите.[1]

Чамецот на Харон Никта и Морфеј се на облакот

Богот што го успал и самиот Зевс, веројатно е Морфеј, како што спомнува Хомер.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Овидиј, Преобразби
  2. Хомер, Илијада

Надворешни врски[уреди | уреди извор]