Морски пескар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Морски пескар
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Блатарки
Род: Charadrius
Вид: Морски пескар
Биномен назив
Charadrius alexandrinus
Linnaeus, 1758
Подвидови
  • C. a. alexandrinus
  • C. a. nivosus
  • C. a. tenuirostris

Морскиот пескар (науч. Charadrius alexandrinus) е мала блатарка која се среќава и во Македонија.

Опис[уреди]

Морскиот пескар е долг 15-17 см. Тој е помал, посветол, со подолги нозе и потенок клун од средниот пескар. Линијата на градите не е целосна и често личи како темна дамка од страната на градите. Грбот му е кафеавосив, а стомакот бел, без шарки. Во сезона на парење, ознаката на градите е црна, инаку е кафеава. Некои мажјаци во сезоната на парење имаат црно чело и црна маска преку очите. Нозете му се црни. Во лет, пердувите за летање му се црнкави обрабени со силна бела боја на краевите. Летачкиот повик е остро бип.

Во Индија
Charadrius alexandrinus Јајце

Однесување[уреди]

Живеалиштето на морскиот пескар се песочните морски плажи и соленкави езера, и понекогаш крај слатки води. Гнезди на земја и несе 3-5 јајца.

Во потоплите региони оваа птица е постојан жител, но од северните краеви мигрира во тропските.[1] Се храни со инсекти и други без'рбетници, кои ги лови со трчи-пауза техника, за разлика од другите блатарки кои претежно полека одат и пасат по крајбрежјето.

Оваа птица има неколку географски раси, од кои најмногу се издвојуваат двете кои живеат во Америка, наречени снежен пескар. Тие имаат пократки нозе, посветли и посиви се одозгора отколку птиците во стариот свет, и на мажјаците во сезона на парење им недостига испакнатата капа, како и маската врз очите која е или многу слаба или воопшто ја нема. Генетичките истражувања објавени 2009 година, сугерираат дека оваа птица е посебен вид.[2]

Кај расите од Индија и Шри Ланка исто така, недостига капата и имаат слаба маска врз очите.

Статус[уреди]

Во многу делови од светот, многу е тешко овој вид непречено да се размножува на плажите поради човечките активности и нивните животни. Универзитетот на Калифорнија во Санта Барбара вложува напори да ја рехабилитира популацијата на снежниот пескар со заштита на плажите во централна Калифорнија кои минуваат низ универзитетскиот кампус.[3]

На морскиот пескар се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.

Наводи[уреди]

  • „Acta Zoologica Academiae Scientiarum Hungaricae“ 49: 103. 
  • „Micronesica“ 32: 257. 
  • „Museum of Texas Tech University Occasional Papers“ 239: 1. 
  • Hayman, Peter; Marchant, John; Prater, Tony (1986). „Shorebirds: an identification guide to the waders of the world“. Croom Helm. ISBN 0-7099-2034-2. 

Надворешни врски[уреди]