Монтекристо (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Монтекристо
Жанрдрама
мистерија
трилер
теленовела
Создадена одАдријана Лоренсон
Марсело Камањо
УлогиПабло Ечари
Паола Крум
Хоакин Фуриел
Вивиана Саконе
Милтон де ла Канал
Воведна тема"Yo Soy Aquel" - AQM
Земја на потеклоАргентина
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди144
Продукција
МестоположбаБуенос Аирес Маракеш
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелефе

Монтекристо: Љубов и Одмазда (шпански: Montecristo: Un amor, una venganza) е аргентинска теленовела заснована на истоимениот роман од Александар Дима. Серијата е снимана минатата година, и освои многу гледачи во Аргентина, како и во целиот свет. Доволно интересно е тоа што половина од гледачите на оваа теленовела биле мажи. Оваа теленовела исто така во Аргентина, ги срушила рекордите, и минатата година за време на Светското Првенство во фудбал во Германија, оваа теленовела во Аргентина била втора емисија по гледаност, после натпреварите, што било огромен супех. Серијата исто така беше снимана во Мароко, но тие сцени се појавуваат само во првата епизода од серијата. Исто така оваа теленовела, оваа година на аргентинските награди Премио Мартин Фиеро освои награда за најдобра теленовела во изминатата година, како и други награди коишто беа за глумците од серијата.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Млад, убав и чесен адвокат има сè во животот: сјајна професионална кариера, заедно со саканата девојка со која наскоро планира венчавка. Но, сето тоа во еден ден ќе се смени во 10 годишен затвор. Во еден момент сè ќе се промени - омразата на луѓето од кој е опкружен неговиот живот ќе се претвори во пекол!

Син на познат судија, Сантјаго Дијаз Херера е прогласен за секретар на судот и планра да се ожени со преубавата Лаура, жената од неговите соништа. Сантјаго најмногу обожава мечување, страста која ја дели со својот близок пријател Маркос Ломбардо. Тој и Сантјаго одат во Мароко на турнир на мечување, не помислувајќи дека неговиот живот драстично ќе се промени. Неговиот татко Орасио, угледниот судија, открива дека Алберто Ломбардо, таткото на Маркос, бил заплеткан во злосторнички работи врзани со концетрациониот логор во времето на воената диктатура. Алберто дознава за тоа и е спремен на сè само неговото име да не биде откриено. Наредува убиство на судијата, а го користи и патувањето на Сантјаго во Мароко да го тргне од патот и Сантјаго . Набргу потоа, судијата Орасио Ерера умира, а Сантјаго е уапсен во Мароко и обвинет е за злосторство кое не го направил. Сантјаго така останува во Мароканскиот затвор, каде што го застрелуваат. Маркос, мислејќи дека е мртов, и ја соопштува веста на Лаура. Лаура помислува дека единствен излез е самоубиство, но детето на Сантјаго, кое го носи и дава сила за живот. Иако бил најдобриот пријател на Сантјаго , Маркос повеќе време, живеел во негова сенка. Кога сите мислат дека Сантјаго е мртов, Маркос искористува прилика да ја утеши и да ја запроси Лаура. Таа прифаќа, уверена дека тоа е единствениот начин да му обезбеди сигурност на своето неродено дете. Маркос тогаш конечно добива можност да биде со жената што ја сакал, иако е свесен дека таа сè уште го сака Сантјаго. Неговиот живот сега изгледа идеален: има жена која ја сака, води силна адвокатска фирма, ужива во луксузот кој може да си го дозволи, па и она скришното во видот на љубовницата Милена... Во меѓувреме Сантјаго во затворот се спријателува со Улисес, мудриот дилер, кој му објаснува каде ќе го пронајде неговото скриено богатство. На Сантјаго на памет му е само едно - да им се одмазди на оние кои му ја одземале среќата. 10 години подоцна, тој успева да избега од затворот. Улисес загинува во пожарот, а Сантјаго е спасен од лекарката Викторија, која има голема желба - да ги пронајде нејзината сестра и братот кои биле родени во заробништво. Сантјаго сега стапува во контакт со пријателот на Улисес, Леон и тие заедно го наоѓаат скриеното богатство. На овој пат тој го запознава глумецот Рамон. Леон, Рамон, Викторија и Сантјаго смислуваат како да им се одмаздат на сите оние кои им ги уништиле нивните животи. Ви нивниот план за одмазда е вклучена и Лаура, саканата на Сантјаго, која е мажена за Маркос, најголемиот непријател на Сантјаго. Сантјаго не ни помислува дека Лаура не знае ништо за заверата која го уништила неговиот живот, ниту дека сè уште го сака со целото срце.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Пабло Ечари Сантјаго
Паола Крум Лаура
Хоакин Фуриел Маркос
Вивиана Саконе Викторија
Милтон де ла Канал Матијас
Рита Коретесе Сара
Луис Мачин Леон

Монтекристо на Балканот[уреди | уреди извор]

Хрватска: РТЛ
Бугарија: Нова ТВ
Србија: Студио Б
Црна Гора: ТВ ИН
Босна и Херцеговина: РТРС

Надворешни врски[уреди | уреди извор]