Монтгомери (Алабама)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Монтгомери, Алабама)
Прејди на: содржини, барај
Монтгомери
Montgomery
Поглед на Монтгомери
Поглед на Монтгомери
Официјално знаме на Монтгомери
Знаме
Местоположба
Часовен појас
- лето
UTC-6
UTC-5
Општи податоци
Име
- изворно
Монтгомери
  Montgomery
Основан 1819
Официјална страница www.montgomeryal.gov
Управа
Земја САД
Сојузна држава Алабама
Географија
Површина
- копно
404,5 км²
402,4
Население
Население 201.998 (2006)
Густина 502 ж/км²


Монтгомери (англиски: Montgomery) е главен и втор по големина град во американската сојузна држава Алабама. Според пописот направен во 2006 година во Монтгомери живееле 201.998 жители.

Географија[уреди]

Панорама на Монтгомери

Монтгомери е сместен во средишниот дел на Алабама, на југот на САД. Низ градот тече реката Алабama, каде што недалеку од местото каде што извира се спојува со реките Туса и Талапуса. Релјефот е претежно низински (дел од низините се долж бреговите на Мексиканскиот Залив). Во близина се наоѓаат езерата Кобс и Кресцент. Летата во оваа област се многу жешки, а во зима и претежно преку целата година има многу врнежи од дожд.

Историја[уреди]

Пред доаѓањето на Европјаните овој простор бил населен со Алабама Индијанците. На просторот на денешен Монтгомери постоела индијанска населба на Иканатхатите и Товасите. Прв Европеец кој го населил тој простор бил шкотскиот трговец Џејмс Маквин кој се населил во 1716 година. Во 1717 французите изградиле трговска станица под името Форт Тулуз североисточно од денешниот Монтгомери. Британците го населиле просторот посе војната против Французите и Индијанците во 1764 година. Европејците на тој простор многу бавно се доселувале

Округот Монтгомери е основан во 1816 година. Првата група населеници ја водел генералот Џон Скот. Тој го основал градот Алабама Таун во близина на денешниот Монтгомери. Подоцна Ендру Декстер го основал градот Њу Филаделфија. Тие два градови се обединиле во 1819 година и така бил создаден градот Монтгомери. Градот е именуван според генералот Ричард Монтгомери кој загинал во Американската битка за независнотс. Во градот се развила трговијата со памук, што многу брзо растела. Од 1821 година паробродот Херијет почнал да плови по реката Алабама. Во 1832 година е изградена железничка пруга по државата Џорџија.

Седиштето на владата на Алабама

Монтгомери брзо се развивал и станал најзначаен град во југот на САД, па во него во 1861 година е одржан состанок на кој Алабама, Џорџија, Флорида, Луизијана, Мисисипи и Јужна Каролина се отцепиле од САД и формирале Конфедеративни Американски Држави. Со тоа и почнала Американската граѓанска војна. Монтгомери станал главен град на Конфедеративните Американски Држави и во него бил изгласан новиот претседател Џеферсон Дејвис. Подоцна главниот град бил преместен во градот Ричмонд во Вирџинија кој бил блиску до линијата на фронтот. Монтгомери не страдал многу во граѓанската битка.

Монтгомери во 1886 бил прв град во САД кој вовел електричен трамвај. После тоа се повеќе жители ги населувале предградијата, а помалку во центарот. Во 1910 браќата Рајт ја основале летачката школа

После Втората светска војна на југот на САД засилено било движењето за поголеми права на црнците, а Монтгомери бил еден од центарите на тоа движење. Неговиот лидер Мартин Лутер Кинг, бил пастир во една црква во Монтгомери и од таму го почнал своето делување. Позначајна личност на тоа движење била шивачката Роса Паркс која во 1955 одбила да отстапи место на белец, поради тоа таа била уапсена, а нејзиното притворување било причина за масовни протести на црнците кои довеле до укинување на сегрегацијата во автобусите, што била прва поголема победа за црнците. Во 1965 година Мартин Лутер Кинг го организирал маршот во Монтгомери со цел да се исполнат гласачките права на црнците.

Знаменитости[уреди]

Најпозната зграда во градот претставува зградата на собранието на Алабама во која се наоѓа центарот на владата на Алабама. Најзначаен облакодер во градот е РСА Тауер.

Поврзано[уреди]