Монофтонг

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Монофтонзи)

Монофтонг (едногласник, едногласка)[1] е чист самогласен глас, чија творба на почетокот и крајот е релативно неменлива, и која не се движи горе-долу кон нова положба на творба. Монофтонзите се разликуваат од дифтонзите, бидејќи кај второспоменатите, самогласните особености се менуваат во рамките на истиот слог, и од зевот, каде согласките се соседни, но припаѓаат на два различни слога.

Гласовни промени[уреди | уреди извор]

Важен елемент во промените на еден јазик претставува преодот на монофтонзите во дифтонзи (дифтонгизација, раздвојување) или на дифтонзите во монофтонзи (монофтонгизација, слевање)[2] и поттикнува други промени во истиот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „монофтонг“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. „монофтонгизација“ — Лексикон на македонскиот јазик