Монголски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Монголски јазик
монгол хэл
ᠮᠣᠩᠭᠣᠯ ᠬᠡᠯᠡ ꡏꡡꡃ ꡢꡡꡙ ꡁꡦ ꡙꡦ
Сојомбо симболи
Изговор/mɔŋɢɔ̆ɮ xeɮ/
Застапен воГолема Монголија
ПодрачјеАзија
Говорници5,7 милиони  
Јазично семејство
Писмомонголско писмо
Статус
Службен во Монголија
Внатрешна Монголија (Кина)
Регулативен органДржавен совет за јазици
Јазични кодови
ISO 639-1mn
ISO 639-2mon
ISO 639-3mon
Linguasphere44-BAA-b
Распрестранетост на монглоски јазик (жолта боја)

Монголски јазик (, Mongɣul kele, кирилица: Монгол хэл, Mongol khel) — најпознатиот јазик на групата на монголски јазици. Има статус на службен јазик во Монголија и се пишува со кирилица. Во текот на својот развој, јазикот се пишувал и со традиционалното монголско писмо што се вовело во монголскиот јазик преку ујгурскиот јазик со одредени модификации. Исто така, јазикот се зборува во НР Кина, поточно во Внатрешна Монголија, во Русија и во Киргистан. Во Монголија се зборува халха дијалектот па поради тоа јазикот се нарекува и како халха монголски јазик. Во НР Кина, монголскиот се нарекува и како чахарски, ојирадски или бургу-бурјатски. Јазикот го зборуваат околу 5,7 милиони луѓе.

Географска раширеност[уреди | уреди извор]

Монголскиот јазик е национален јазик на Монголија, каде има повеќе од два милиони луѓе што го зборуваат. Исто така во НР Кина има околу три милиони луѓе што зборуваат монголски јазик и најчесто се во Внатрешна Монголија.

Дијалектите на монголскиот јазик се разликуваат по изговорот на зборовите, граматиката и мали разлики во зборовниот фонт. Најпознатиот монголски дијалект е халха дијалектот, што е и всушност службениот јазик на Монголија. Во НР Кина најпознат е дијалектот од Осумте Банери.

Класификација[уреди | уреди извор]

Халх монголскиот е монголски јазик. Според алтајската теорија, монголскиот е член на поголема алтајска фамилија на јазици, во кои се вклучени и туркиските јазици и тунгуските јазици и некои други јазици како на пример калмички, бурјатски и останатите јазици во Средна Азија.

Фонологија[уреди | уреди извор]

Во монголскиот јазик, самогласките се поделени во две групи во систем на самогласна хармонија. Од историски причини, овие биле традиционално бележани како предни самогласки (e, u, o) и задни самогласки (a, ʊ, ɔ). Според јазичарот Свантесон, самогласките ги поделил во две групи наречени нефарингални (или предни) и фарингални (задни). Исто така во монголскиот јазик има една неутрална самогласка, /i/, која не припаѓа во ниту една група.

Сите самогласки во еден збор мора да бидат од истата група. Ако на пример првата самогласка во зборот е фарингална, тогаш секоја самогласка во зборот мора да биде или /i/ или фарингална. Истото правило важи и за нефарингалните самогласки и нивното присуство во зборот. Кога станува збор за наставкаи, постојат два шаблони. Некои монголски наставки можат да бидат со /a/, /ɔ/, /e/, или /o/ следувајќи ја последната фонетска самогласка во коренот на зборот, па така /ʊ/ и /u/ водат до промена во /a/ и /e/. На пример, /orx/ (домаќинство) + /Ar/ (инструментал)→ /orxor/ ‘покрај домаќинство’. Други наставки можат да бидат со /ʊ/ или /u/, во овој случај сите фарингални самогласки водат до /ʊ/ а додека сите нефарингални самогласки водат до /u/. Така на пример, /aw/ ‘зема’ + /Uɮ/ ‘кузатив’ → /awʊɮ/. Ако единствената самогласка во коренот на зборот е /i/, тогаш наставката ќе користи нефарингална самогласка или наставкана форма. Изговорот на долги и кратки самогласки зависи од позицијата на слогот во зборот. Во слогови што се наоѓаат на почетокот на зборот има појава на зацврстувачка разлика во должината. Во слогови на почетокот на зборот и во слогови на крајот на зборот, долгите самогласки не се толку долги и кратките самогласки се кратки. Во повеќе слогови што не се на почетокот на зборот, одредена самогласка се испушта при изговорот. Така на пример, <hojor> 'два', <ažil> 'работа', и <saarmag> 'неутрално' фонетски се, /xɔjr/, /atʃɮ/, и /saːrmɡ/.

Гласови[уреди | уреди извор]

Самогласки[уреди | уреди извор]

Предни Централни Задни
кратки долги кратки долги кратки долги
Затворени i u
Скоро затворени ʊ ʊː
Полузатворени e o
Отворени средни ɔ ɔː
Отворени a

Монголскиот јазик исто така има и четири дифтонзи, /ui/, /ʊi/, /ɔi/, и /ai/. Кратко /o/ фонетички е [ɵ].

Согласки[уреди | уреди извор]

Лабијални Дентални Непчани Меконепчани Увуларни
Чисти Палателизирани Чисти Палателизирани Палателизирани Чисти
Носни m n ŋ
Експлозивни Безвучни (со воздишка) () (pʲʰ) tʲʰ (kʲʰ) ()
Безвучни p t
Звучни согласки ɡʲ ɡ ɢ
Африкативни Безвучни (со воздишка) tsʰ tʃʰ
Безвучни (f) ts
Фрикативни s ʃ x
Латерални ɮ ɮʲ
Вевни r
Апроксимантни w̜ʲ j

Монголскиот јазик има недостаток од буквата /l/. Наместо таа согласка, има друга латерално фрикативна буква /ɮ/. Буквата /n/ на крај од зборот се сретнува како [ŋ]. Согласките во загради се сретнуваат само во зборови од туѓо потекло.

Систем на пишување на монголски јазик[уреди | уреди извор]

Приказ на различни писма што се користеле во Монголија

Монголскиот јазик низ историјата и развојот на јазикот се пишувал на повеќе азбуки. Во 1208 се вовел традиционалниот начин на пишување на монголски јазик и писмото било прифатено од ујгурското писмо со одредени транформации на писмото и модифицирање според влијание од други писма. Монголската азбука била користена во Монголија сѐ до 1931 година, кога привремено традиционалниот начин на пишување било заменето со латиница. Тоа траело сѐ до 1937 година кога се вовела монголската кирилична азбука за пишување на јазикот. Традиционалната азбука и писмо била сосема напуштена за време на владеењето на просоветската влада на Монголија во 1941. Во 1991 година со распадот на Советскиот Сојуз и ослабувањето на комунистичките позиции во тој регион, се создала иницијатива за повторно воведување на традиционалното писмо, но по неколку години таа иницијатива сосема исчезнала. Во НР Кина, монголскиот јазик е кослужбен јазик со кинескиот јазик во некои региони, поточно во Автономниот регион Внатрешна Монголија. Традиционалниот начин на пишување е користен отсекогаш таму, иако кириличната азбука била користена во краток период пред сино-советската разделба. Во Кина има два вида на пишување на монголски јазик и тоа: класичното писмо, што е официјално кај сите Монголци и писмото што е претпочитано од оиратите во Синкјанг.

Правопис[уреди | уреди извор]

Поврзано: Македонска транскрипција на монголскиот јазик

Денешна монголска азбука:

Кирилица Име МФА Макед. Кирилица Име МФА Макед.
Аа а a а Пп пэ ( ), (pʰʲ ) ( п )
Бб бэ p,, b б Рр эр r, р
Вв вэ w, в Сс эс s с
Гг гэ ɡ,ɡʲ,ɢ´, k г Тт тэ ,tʰʲ т
Дд дэ t, д Уу у ʊ полуотворено у
Ее е jε~jɜ, e је Үү ү u у
Ёё ё јо Фф фэ~фа~эф ( f ) ( ф )
Жж жэ ч или џ Хх хэ~ха x, х
Зз зэ ts ѕ или з Цц цэ tsʰ ц
Ии и i и Чч чэ tʃʰ ч
Йй хагас и i кратко и или ј Шш ша~эш ʃ ш
Кк ка ( k ), ( ) ( к ) Щщ ща~эшчэ (stʃ ) ( шч )
Лл эл ɮ,ɮʲ помеѓу л и љ Ъ ъ хатуугийн тэмдэг ' тврд знак
Мм эм m, м Ыы эр үгийн ы i
Нн эн n, н Ьь зөөлний тэмдэг ʲ мек знак
Оо о ɔ отворено о Ээ э e e
Өө ө o о Юю ю , ju ју
Яя я ja, j ја

Буквите Үү и Өө понекогаш се сретнуваат и како Vv и Єє. Тоа се случува кога не се пишува со стандардна монголска тастатура.

Сојомбо писмо[уреди | уреди извор]

Сојомбо знакот

Сојомбо писмото било создадено како четврто писмо за пишување на монголски јазик, само 38 години по создавањето на чистото писмо. Според постоечка легенда во Монголија, Ѕанабаѕар видел знаци во вид на букви на небото што тој подоцна ги претворил во писмо за пишување. Името на писмото сојомбо е поврзано со таа легенда, па така на санскритски јазик сојомбо значи самоздадено. Писмото е слоговни и засновано на девангарското писмо, а додека формите на буквите потекнуваат од индиското ранџанско писмо. Денес не е познато за сигурно дали Ѕанабаѕар го создал писмото комплетно сам или позајмувал од други јазици.

Граматика[уреди | уреди извор]

Следниот опис е заснован на урбаниот халха монголски јазик, но дел од него важи и за јужниот монголски јазик, вклучувајќи и чахарски монголски.

Морфологија[уреди | уреди извор]

Модерниот монголски јазик е јазик со многу наставкаи, наставките се многу често создадени и здобиени од една единствена морфема. Има голем број на морфеми за создавање на сложени зборови од еден прост корен. На пример, зборот <bajguullagynh> се состои од коренот <baj-> ‘сум’, епантетичко <-g->, козативот <-uul-> ('најде'), здобиениот наставка <–laga> што формира именки создадени од акција (‘организација’) и комплексниот наставка <–ynh> што означува нешто што припаѓа на изменетиот збор (<-yn> може да биде генетив). Некои здобиени глаголски наставки се помалку продуктивни, како на пример <jar’-> 'зборува', <jarilts-> 'да зборуваат меѓу себе'. Глаголските наставки што создаваат независни зборови можат да бидат поделени во три класи:

  • крајни глаголи, што можат да бидат користени само на крај од зборот, како на пример <-na> (воглавном за идни или генерални изјави) или –ø (второ лице императив);
  • партиципи, често наречени глаголски именки, можат да се користат на крај од зависна или независна реченица или да се користат атрибутивно, така на пример е <-san> (можеби перфект, инаку е минато) или <-maar> (‘сака да’);
  • коглаголи, можат да поврзат зависни и независни реченици или да функционираат прилошки, така на пример е <-ž> (се става за секоја прилошка функција или неутралност и поврзува две реченици) или <-tal> (акцијата на независната реченица и се користи сè додека акцијата не се изрази со глагол со наставка).

Монголскиот јазик има осум падежи: номинатив (не се бележи), генетив, датив, акузатив, аблатив, инструментал, комитатив и дирекционал. Додатно на овие постојат и зборчиња што се користат за одредување на генетивот, аблативот или комитативот или за облигативна форма. Така е на пример зборот плус понекогаш -Vn поради историски лексички причини или поради аналогијата. Именките можат да имаат рефлексно-присвојни форми означувајќи дека обележаната именка е присвоена од субјектот на реченицата: <Bi najz(-)aa alsan> Јас пријател-[рефлексно-присвојна] убива-[перфект] ‘Јас го убив мојот пријател’. Исто така има и придавки што можат да бидат сменети во именки кога земаат наставки на падеж, но не можат да функционираат именски без мултифункционалната компонента <n’>. Множината не мора да биде обележана, но сепак множинските наставки стануваат сè повеќе користени. Личните заменки постојат за прво и второ лице, додека старите показни заменки преминале во трето лице на лична заменка. Исто така, во монголски јазик има прашални заменки, сврзници (и земаат честички).

Негацијата во монголски јазик е најчесто изразена со <-güj> после партиципот и со партиципот за негација <biš> после именки и придавки. Постојат и партиципи за негација што се претходени од глаголи, но тие тежнеат да бидат заменети со аналитички конструкции.

Зборовен фонд[уреди | уреди извор]

Зборовниот фонд на монголскиот јазик вклучува историски позајмени зборови особено од пратуркискиот јазик, санскритскиот, тибетскиот, кинескиот и зборови од тунгуските јазици. Денес во монголскиот јазик има доста позајмено зборови од рускиот, кинескиот и англискиот јазик. Комисии во Монголија биле доста преокупирано во преведување на новата терминологија од странските зборови во монголски јазик. Па така претседател на монголски е <jerönhijlögč> ("генерализатор") и пиво на монголски е <šar ajrag> ("жолт кумис"). Исто така има и мал број на зборови што се буквално преведени од позајмените јазици, па така има ‘население’ <hün am> (“личност уста”) од кинескиот израз rénkŏu (人口; 'население').

Историски монголски јазик[уреди | уреди извор]

Натпис од Гујук Хан

Првите зачуван монголски текст е Каменот од Јисунге, извештај за спортови на монголско традиционално писмо што датира некаде од 1224 и 1225 година.[1] Други рани записи напишани на монголски јазик се фагспа натписот (укази), кинески карактери, Тајната историја на Монголците, арапска азбука (речници), и мал број западни натписи [2]. Овие натписи и текстови го сочинуваат средновековниот монголски јазик што се зборувал од 13 век па сè до раниот 15 век или 16 век [3][4]. Документите на монголски јазик покажуваат некои различни јазичарички одлики и се често разделени со именување на наивниот јазик како прекласично пишување на монголски јазик [3]. Наредниот период од развојот на монголскиот јазик е класичниот монголски јазик што датира од 17 па сè до 19 век. Јазикот се пишувал со голем степен на стандардизација во правописот и синтаксата што е блиску до денешниот модерен монголски јазик. Најзначајните монголски документи од овој период се монголските канџур и танџул [5] и неколку колекции на хроники.

Промени во фонологија[уреди | уреди извор]

Согласки[уреди | уреди извор]

Средновековните монголски документи покажуваат само два веларни експлизивни согласки, а тоа се /g/ и /k/. Исто така има и алофони за секоја посебно но кога станува збор за согласката /g/ таа во некои ситуации отсуствува а во други ситуации е присутна во текстовите. Низ документите и правилата не се забелажани правила за тоа кога тоа се одвива а кога не и како е тоа поврзано со контекстот на текстот, но постои една хипотеза дека тоа е поврзано со различната должина на самогласката или со акцентот на самогласката [6] но сепак е оспорено, бидејќи цврст доказ за оваа појава сѐ уште не е разработена целосно. Денес во монголскиот јазик има почетна согласка /h/ што во средновековниот монголски јазик не постоела. Оваа буква може настанала од варијанта на буквата /g/, најверодостојна е буквата /x/. Па така имаме премин од буквата /x/ во буквата /h/ [7]. Пример за оваа појава се на пример: на фагспа било haran > на прекласичен монголски било aran па така денес во монголскиот јазик се користи како aran (личност) [8]. Phagspa čaqa’an, Preclassical čaγaγan[9]. Други промени слични на овие би биле смена на /ʧʰ/ во /ʦʰ/ и притоа губење на /h/: /ʧʰagahan/ > /ʦʰaga:n/ (бел)

Самогласки[уреди | уреди извор]

Прамонголскиот јазик ги имал следните самогласки *i, *e, *y, *ø, *u, *o, *a. На почетокот на развојот *o и *u биле фарингализирани во /ɔ/ и /ʊ/, потоа *y и *ø биле веларизирани во /u/ и /o/.

Гласот *i ако се наоѓал на почеток на збор бил асимилиран од следните самогласки, на почетокот на зборот преминувал во /ja/. Потоа гласот *e ако бил следен од гласот *y тогаш се заоблувала самогласката и се добивал гласот *ø. VhV и VjV (V стои за самогласка) секвенците каде втората самогласка била секоја самогласка но не и *i. Гласот *i бил монофтонгуван. Кратките самогласки во било кој слог освен во првиот, биле бришени од фонетската презентација на зборот, долгите самогласки преминувале во кратки самогласки.[10] Како пример: *imahan (*i преминува во /ja/, *h се брише)> *jama:n (нестабилно n се испушта; и редукција на самогласка> jama(n) ‘коза’

Промени во морфологија[уреди | уреди извор]

Номинален (именски) систем[уреди | уреди извор]

Поголем дел од модерниот систем на падежи на монголски јазик останале недопрени во текот на развојот, иако некои наставки за одредување на падежи ја смениле својата форма односно биле скратени. Значајни промени се одвивале со падежите датив и комитатив. Средновековниот монголски комитатив <-luγ-a> не можел да се користи атрибутивно, но бил заменет со наставката <-taj> што оригинално се добил од придавки што означувале присвојност на именките (на пример <mori-tai> ‘имање коњ’ преминало во <mor’toj> „имање коњ/ со коњ“). Како што оваа придавка функционирала напоредно на <ügei> „не имање“ било забележано [11] дека привативниот падеж („без“) бил воведен во монголскиот јазик. Имало три различни падежни наставки за датив-локатив-директив и биле групирани на различни начини: <-a> како локатив и <-dur>, <-da> како датив [12] или <-da> и <-a> датив и <-dur> како локатив [13], но сепак во двата случаи со слична или идентична финкција. Усогласувањето на родот бил напуштен и директивот почнал да се користи во стандардниот монголски јазик.

Глаголски систем[уреди | уреди извор]

Средновековниот монголски јазик имал голем сет на крајни глаголски наставки и помал број на честички што биле се помалку користени како крајна позиција. Нивната функционална вредност се сменила исто така, но сепак аспектот и модалните глаголи на средновековниот монголски јазик не се сосема добро разбрани и не е возможно да се направи добра семантичка анализа. Како и да е, неколку форми на имперфект почнале да се користат, а во средновековниот монголскиот јазик не се користеле. Сврзувачкиот глагол <n> почнал да се користи во стабилна глаголска комбинација. Поделбата на родот у бројот произлегол од губење на крајни глаголи.[14].

Промени во синтаксата[уреди | уреди извор]

Редот на зборови во деловите од реченицата се сменил од Објект-Глагол-Субјект (ОГС) во Субјект-Објект-Глагол (СОГ). Негацијата на глаголи се сменила од нагација со честички предводени од крајни глаголи во негација со честички следени од глаголи, па така краен глагол не може да се негира.

Примери[уреди | уреди извор]

Зборување

Следува текст на позната Тга за југ Константин Миладинов, преведена на монголски[15]:

ОСИНО ЗУГТ СЕТГЭЛ ТЭМУУЛНЭ
Одон жигуурт эй ч болоосой билээ.
Олчий нутаггаа бургэд кшч нисч хурэх сэн.
Стамбулынхаа дээгуур нэч аргаж
Алдарт Кукушинхээ даргад буух сан
Нар нь гэтэл эндхийх шич
Намайг гэрэл гэгээчуй учтах юм биш байгаа даа.
Ус нутач минь хэрэв тийм янѕаар
Учтаж намайг авах юм бол.
Огторгуйн иар нь тунгалач чийсэн
Од мичид нь гэрэитан тучсан.
Але тийм нутаг хазгаарыч эрж
Аян зашд дахиад би гарна.
Цас, хунгар, уне нурам бурхсан
Царчиа хуйтон, салхи шуурга болсон
Хар дарсан одар шондуудтой
Харанхуй хуйтон пим газар
Яагаад ч би точтож суухчун
Явж би нутагтаа хурнэ.
Хондий хоосон мос хончил харж
Хуний нутагт тэсч би суухчуй
Энэхэн биед нинь жугуур алв
Эх нутагтая би нисч хурье
Орон гэрээсээ бур уааш давж
Охрид Стругаг очиж узье.
Тэнд хануун нар гийтууеж
Гиди горейн ондор уеде, оргонтал, ойму,
Газар усны хамаг сайхан хосолсон
Гайхамиишичт нутаг сэтэмийг дунаадууитагюм.
Би тэeн л хурч
Бишгуур тоглож насныхаа нарыг удэх сэн.

Белешки[уреди | уреди извор]

{{|2}}

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Γarudi (2002): Dumdadu üy-e-yin mongγul kelen-ü bütüče-yin kelberi-yin sudulul [The study of grammatical forms in Middle Mongolian]. Kökeqota: Öbür mongγul-un arad-un keblel-ün qoriy-a.
  • Janhunen, Juha (ed.) (2003): The Mongolic languages. London: Routledge.
  • Janhunen, Juha (2003a): Written Mongol. In: Janhunen 2003: 30-56.
  • Janhunen, Juha (2003b): Para-Mongolic. In: Janhunen 2003: 391-402.
  • Janhunen, Juha (2003c): Proto-Mongolic. In: Janhunen 2003: 1-29.
  • Poppe, Nicholas (1964 [1954]): Grammar of Written Mongolian. Wiesbaden: Harrassowitz.
  • Rybatzki, Volker (2003): Middle Mongol. In: Janhunen 2003: 47-82.
  • Sechenbaatar, Borjigin (2003): The Chakhar dialect of Mongol - A morphological description. Helsinki: Finno-Ugrian society.
  • Svantesson, Jan-Olof, Anna Tsendina, Anastasia Karlsson, Vivan Franzén (2005): The Phonology of Mongolian. New York: Oxford University Press.
  • Toγtambayar, M. (2006): Mongγul kelen-ü kele ǰüiǰigsen yabuča-yin tuqai sudulul [Grammaticalization in Mongolian]. Liyuuning-un ündüsüten-ü keblel-ün qoriy-a.
  • Tömörtogoo, D. (2005): Mongol dörvölžin üsegijn durashalyn sudalgaa [Research on the Phagspa script]. Ulaanbaatar: IAMS.
  • Tsedendamba, Ts., C. Möömöö (ed.) (1997): Orčin cagijn mongol hel [Contemporary Mongolian]. Ulaanbaatar.
  • Tserenpil, D., Rita Kullmann (2005) [1996]: Mongolian grammar. Ulaanbaatar: Admon.
  • Tümenčečeg (1990): Dumdadu ǰaγun-u mongγul kelen-ü toγačin ögülekü tölüb-ün kelberi-nügüd ba tegün-ü ularil kögǰil. In: Öbür mongγul-un yeke surγaγuli 1990/3: 102-120.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Монголски јазик“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).
  1. eg Γarudi 2002: 7
  2. Rybatzki 2003: 58
  3. 3,0 3,1 Rybatzki 2003: 57
  4. Poppe 1964: 1
  5. Janhunen 2003a: 32
  6. eg Tömörtogoo 2005
  7. Svantesson et al. 2005: 113, 119-124
  8. Денес, /arn/ не е вообичаено за монголски јазик, но неговата множина /ard/ ‘луѓе’ е често користена.
  9. Adapted from Tömörtogoo 2002: 80
  10. Svantesson 2005: 181, 184, 186-187, 190-195
  11. Janhunen 2003c: 27
  12. Rybatzki 2003: 68
  13. Γarudi 2002: 101-107
  14. Прашањето за родот може да се види во Rybatzki 2003: 75.
  15. NYAMAA, Mongolian poet and translator. He translated Miladinov's Longing for the South into Mongolian for the fourth edition of this book.