Монада (старогрчка философија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Приказ на питагорејската монада[1]

Монада (од грч. μονάς, монас = „единица“),[2], според Питагорејците, е поим за Бог или првичното исконско битие, или пак севкупноста на сите битија. Тука се мисли на изворот на нештата (прапочетокот) или Едното, кое е нешто неделиво.

Според Питагорејците, создавањето на бројни низи е поврзано со геометриските објекти (фигури, тела) и космогонијата.[3] Според Диоген Лаертиј, од монадата произлегла дијадата; од неа, броеви; од броевите, точки; потоа линии, дводимензионални ентитети, тридимензионални ентитети, тела, кулминирајќи со четирите елементи земја, вода, оган и воздух, кои пак се ‘граѓата’ од кои е направен сиот свет.[4][5]

Содржина

[уреди] Историја

Според Иполит Римски, ова гледиште е инспирирано од Питагорејците, кои првото нешто што постоело го нарекувале монада, од се изродила дијадата, од која произлегле броевите, од кои произлегла точката, од која произлегла линијата или конечноста и т.н.[6] Питагорејските и платонистичките философи како Плотин и Порфириј го осудувале Гностицизмот (погледајте Неоплатонизмот и Гностицизмот) за нивниот приод кон монадата или едното.

[уреди] Понова философија

Во подоцнежните периоди, поимот „монада“ го презеле и мислители како Џордано Бруно, Лајбниц (Монадологија) и други.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи

  1. Hemenway, стр. 56.
  2. Compact Oxford English Dictionary.
  3. Sandywell, стр. 205. Создавањето на бројните низи за Питагорејците, со други зборови, претставува создавање на објекти во геометријата, но истовремено и космогонија. Бидејќи нештата се еднакви на броеви, првата единица, при создавањето на бројните низи, истовремено го создава и физичкот универзум. (KR: 256) По ова гледиште, ‘монадата’ или ‘Едното’ веднаш се поистоветувала со боженствениот постанок (потекло) на стварноста.
  4. Диоген Лаертиј, „Животите и мислењата на славните философи
  5. Оваа питагорејска космогонија е во извесна смисла слична со краткиот пасус таоистичката книгаЛао Це“: „Од „Тао“-то добиваме едно, од едното добиваме две, од двете добиваме три, и од три добиваме десет илјади нешта.“ (道生一、一生二、二生三、三生萬物。) Тао Те Кинг, Глава 42
  6. Диоген Лаертиј, „Животите и мислењата на славните философи“.

[уреди] Извори

  • Hemenway, Priya. Divine Proportion: Phi In Art, Nature, and Science. Sterling Publishing Company Inc., 2005, стр. 56. ISBN 1-4027-3522-7
  • Sandywell, Barry. Presocratic Reflexivity: The Construction of Philosophical Discourse C. 600-450 BC. Routledge, 1996.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици