Можности (штедилница)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Штедилницата Можности — македонска депозитна финансиска институција. Таа е една од најголемите штедилници во Македонија и партнер на глобалната микрофинансиска мрежа Opportunity International со седиште во САД. Седиштето на штедилницата е на следнава адреса: Бул. Јане Сандански бр. 111, 1000, Скопје.

Деловна политика[уреди | уреди извор]

Штедилницата Можности е партнер на глобалната микрофинансиска мрежа Opportunity International со седиште во САД, во чии рамки е рангирана на трето место од вкупно 42 институции во светот. Рангирањето е направено според рејтинг системот CAMEL. Денес, штедилницата има деловна мрежа во следниве градови: Скопје, Куманово, Кавадарци, Кочани, Велес, Струмица, Тетово, Кичево, Битола, Струга и Гостивар. Целта е приближување на производите до сите потенцијални клиенти за да се оправда довербата на сегашните и идните клиенти кои во штедилницата Можности препознаваат сигурна и стабилна финансиска институција.

Водејќи се од својата мисија и визија, штедилницата Можности е препознатлива по улогата на поддржувач на луѓето во потреба да добијат финансиска и морална поддршка за своите добри деловни идеи, вербата во слободната иницијатива, поединечната креативност и личната одговорност. Штедилницата ги услужува микро, малите и средните претпријатија кои спаѓаат во секторите трговија и услуги, како и физички лица на кои нуди финансиски производи и услуги како кредитирање и можност за штедење. Штедилницата ужива голем рејтинг меѓу финансиските инситуции во Македонија благодарение на високата ефикасност. Работењето со клиенти штедилницата го организира на тој начин што секој клиент на штедилницата има точно определено лице за контакт, кое во секој момент може да одговори на сите прашања и потреби на клиентот. Темелите на деловната политика се засноваат на постојана иновација и воведување на нови производи и услуги преку следење на трендовите и препознавање на потребите на пазарот.[1]

Видови финансиски услуги[уреди | уреди извор]

Штедилницата нуди два типа услуги, а тие се кредити и штедење. Исто така, штедилницата Можности има и оn-line аплицирање за кредити и штедни влогови.

Кредити[уреди | уреди извор]

Штедилницата Можности нуди пет видови кредити:

Штедење[уреди | уреди извор]

Штедилницата нуди различни видови на можности за штедење:[3]

  • Денарски штеден влог кој може да биде по видување или да биде орочен,
  • Денарски штеден влог индексиран за евро кој може да биде само орочен,
  • Денарски штеден влог (Flexi).

Организациона структура[уреди | уреди извор]

Штедилницата Можности е организирана во следниве сектори: секторот за деловни контакти, секторот за бизнис развој и инвестиции, сектор за трансакции и логистика за продажба, сектор за деловна мрежа, сектор за општи и правни работи, сектор за човечки ресурси, IT секторот и секторот за финансии, сметководство и трезорско работење. На највисокото ниво од хиерархијата на штедилницата се наоѓа менаџерскиот тим кој го сочинуваат:

Активности на штедилницата[уреди | уреди извор]

Финансиски активности кои може да ги врши штедилницата согласно дозволата за основање и работење, издадена од гувернерот на НБРМ се:

  • Да прибира денарски штедни влогови на физички лица
  • Да одобрува кредити на физички лица и на поединци кои вршат самостојна дејност без својство на правно лице
  • Да пласира средства кај правни лица, без посредство на банка
  • Да зема кредити од банки и штедилници
  • Економско-финансиски консалтинг
  • Да пласира средства неограничено во државни хартии од вредност, на пазар на пари и краткорочни хартии од вредност и кај правни лица преку банкарска гаранција
  • Да купува и продава краткорочни хартии од вредност
  • Менувачки работи
  • Други работи утврдени со закон.[5]

Финансиски податоци[уреди | уреди извор]

Со состојба 30 јуни 2011 година, поважните финансиски показатели за штедилницата се:[5]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Штедилницата Можности - Профил“. Архивирано од изворникот на 2011-11-24. Посетено на 2012-01-12.
  2. „Штедилницата Можности - Кредити“. Архивирано од изворникот на 2011-11-24. Посетено на 2012-01-12.
  3. „Штедилницата Можности - Штедење“. Архивирано од изворникот на 2011-11-24. Посетено на 2012-01-12.
  4. „Штедилницата Можности - Организациска структура“. Архивирано од изворникот на 2011-11-24. Посетено на 2012-01-12.
  5. 5,0 5,1 Штедилницата Можности[мртва врска]