Модата во Милано

Од Википедија — слободната енциклопедија

Историја[уреди | уреди извор]

Миланската модна историја значително се пазвиваше низ годините. Милан стана центар на модата во текот на средните години и ренесансата, како што Венеција и Фиренца, правењето на луксузни производи била индустриска гранка од голема вредност што во 16 век што градот си го дал името кое потекнувало од англискиот збор “milaner” или “millaner”, што значи првокласна стока како накит, облека, шапки и луксузни скапоцени украси. Од 19 век, подоцнежната варијанта на зборот ” millinery”, почна да значи некој кој прави или продава шапки.

Во средината на 19 век почнало да се увезува поевтина свила од Азија и штетникот “ phylloxera” ja оштетила свилата и производството на вино. Како резултат на ова огромно земјиште беше дадено за индустријализација. Текстилното производство било придружено од метално – машинската и дрвната индустрија.

Подоцна, во почетокот на 20 век, Милано станал главниот центар за проиводство на свила и текстил. Како и да е, статусот како главен моден град го изгубил поради Фиренца, која во 1950-тите и 60-тите била главниот град на модата во Италија и дом на италијанската “ Alta Moda” која е еквивалент на француската “ Haute couture”.

Како и да е, во 1970-тите, модниот имиџ на Милано станал погламурузен, и како што дизајните од Фиренца кои беа многу формални и скапи, градот станал попопуларно одредиште за пазарење, со многубројни бутици кои продалвале и елегантна и секојдневна облека. Миланските дизајни биле препознатливи по нивната практична и едноставна елеганција и станале попопуларни и достапни од париските и дизајните од Фиренца. Милано почна да станува меѓународно успешен и познат моден главен град во доцните 80-ти и раните 90-ти. По краткото опаѓање на популарноста во 2000-та ( кога според Global Language Monitor, Милано беше рангиран малку пониско од Њујорк, Париз, Лондон и Рим), Милано во 2009 година беше прогласен за престолнина на модата во светот.

Список на модни творци од Милано[уреди | уреди извор]

Милано стана дом на голем број на дизајнери како што се Џорџо Армани, Валентино Гаравани, Џанфранко Фере, Муичи Прада, Криција,Мошино, Етро, Трусарди, Мисони и Долче и Габана.

Модна Недела[уреди | уреди извор]

Милано, како и повеќето други главни модни градови, има две модни недели, една во есен и една во пролет. Шоута за машка облека се случуваат помеѓу есен/зима и пролет/лето во градот. Претпоследната модна недела исто така се одржува во Милано. Шоуто за првпат беше одржано во 1979 година.

Миланските модни куќи и марки[уреди | уреди извор]

Седиштата на повеќето од големите италијански модни куќи се во Милано, иако многу од нив се основани во други градови.Врвните модни куќи на денешницата со главни седишта во Милано се Гучи, Прада, Валентино С.п.А, Армани, Долче и Габана, Версаче, Мисони, Луксотика, Трусарди, Етро и Миу Миу. Миланската компанија Луксотика, моментално е најпознатата компанија за очила во светот, со со приход од 5.202 милијарди евра ( во 2008 година),со тековен приход од 749.8 милиони евра(2008 година) и профит од 379.7 милијарди евра.

Модни институции и агенции[уреди | уреди извор]

Многуте модни агенции и институции во Милано ги вклучуваат Beatrice International Models Agency, D'management Group, Why Not Model Agency, Istituto Marangoni и Style Design College.

Шопинг – центри[уреди | уреди извор]

Недовршена список на миланските најпрестижни и најважни шопинг улици и области:

  • The Galleria Vittorio Emanuele II
  • The Piazza Duomo
  • Via Dante
  • Corso Buenos Aires
  • Piazza San Babila