Мичу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шпанија Мичу
Michu 2013.jpg
Лични податоци
Роден на 21 март 1986 (1986-03-21) (28 г.)
Роден во Овиедо, Шпанија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Наполи Наполи
Број 21
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2007 Овиедо 100 (13)
2007-2008 600px Bianco e Azzurro con Croce di San Giacomo.png Селта Виго Б 28 (10)
2010-2012 Селта Селта Виго 103 (15)
2011-2012 Рајо Валјекано Рајо Валјекано 37 (15)
2012- Свонзи Сити Свонзи Сити 52 (20)
2014- Наполи Наполи (заем) 2 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Мигел Перез Куеста (роден на 21 март, 1986 во Овиедо), или попознат како Мичу, е шпански фудбалер, напаѓач на Наполи во Серија А.

Клупска кариера[уреди]

Рани години од кариерата и настапите во Селта[уреди]

По почетокот на својата кариера во локалниот тим Реал Овиедо во долните лиги на шпанскиот фудбал, Мичу се пресели во вториот тим на Селта Виго (Селта Виго Б) во Сегунда дивизион Б во 2007 година. Во средина на сезоната 2007-08, тој го доби својот прв повик во првиот тим на Селта, а сезоната ја заврши како првотимец во стартниот состав во дресот на тимот од Сегунда дивизион.

Во средината на јануари 2010 година, тој се поврзуваше со трансфер во тимот од Ла Лига Спортинг Хихон, со цел да го замени Мичел кој замина во Бирмингем Сити, но на крајот трансферот пропадна и Мичу остана во Селта.

Во неговaтa последнa сезонa во Селта, Мичу постигна 12 гола за Галицијанците. На 8 јуни 2011 година, откако му помогна на клубот да заврши на шестата позиција во регуларниот дел од сезоната, тој го постигна единствениот гол на првиот натпревар од Плејофот за промоција во повисок ранг против Гранада, дома; во реваншот, сепак, тој го промаши својот пенал и Селта беше елиминирана на пенали (4-5).

Рајо Ваљекано[уреди]

На 27 јули 2011 година, откако неговиот договор со Селта беше истечен, Мичу потпиша двегодишен договор со Рајо Ваљекано, тим кој само што се врати во Ла Лига. Тој го направи своето деби во лигата на 28 август во ремито 1-1 нагости против Атлетик Билбао.

Во својата прва сезона, Мичу беше најдобар стрелец на клубот и најефикасниот фудбалер од средината на теренот во лигата со 15 голови. Тој беше двоен стрелец на неколку натпревари против Реал Сосиедад (4:0 победа), Расинг Сантандер (4-2, дома) и ФК Осасуна (6:0, дома). На 24-ти септември 2011 тој им приреди студен туш на навивачите на Реал Мадрид откривајќи го резултатот уште во првата минута. Подоцна тој постигна уште еден погодок на овој натпревар но Реал Мадрид победи со 6-2 (на домашен терен).

Свонзи Сити[уреди]

На 20 јули 2012 година, Мичу потпиша три-годишен договор со англискиот Премиер лигаш Свонзи Сити за сума од £ 2.000.000. По заминувањето на Гилфи Сигурдсон, клубот го доведува Мичу за да ја пополни позицијата на играч кој ќе игра зад напаѓачот во 4-2-3-1 формација.

Во своето деби во лигата на 18 август, Мичу постигна два гола и му додеде на Скот Синклер за еден погодок во победа од 5-0 на гостувањето кај Квинс Парк Ренџерс. Првиот од неговите голови беше воедно и прв постигнат гол во сезоната, а тој подоцна го опиша својот деби настап како "неверојатен". Мичу остана на врвот на листата на стрелци во Премиер Лигата откако постигна погодок и во второто коло кога Свонзи го совлада на домашен терен Вест Хем Јунајтед со 3-0. Мичу го постигна вториот погодок по катастрофалната грешка на Џејмс Колинс.

Наполи[уреди]

На 17 јули 2014 година, Мичу се преселил на позајмица во Наполи во Серија А за претстојната натпреварувачка сезона, со можност за постојан траансфер.[1] Тој го направил своето деби во првото коло од сезоната во победата над Џенова со 2-1, влегувајќи како замена на местото на Лоренцо Инсиње за последните пет минути од натпреварот.[2]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Мичу на позајмица во Наполи“. „mkd.mk“. http://www.mkd.mk/sport/fudbal/michu-na-pozajmica-vo-napoli. конс. 30 септември 2014. 
  2. Genoa 1-2 Napoli: Dramatic De Guzman strike seals victory“, „Goal.com“, 31 август 2014 (конс. 31 август 2014).