Михајло Андоновски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Михајло Митрев Андоновски е роден во ноември 1918 година во Ѓавато. Уште во раното детство нивната фамилија се преселила во село Гопеш. Конкретно Андоновски Михајло потекнува од сиромашна фамилија, која претежно се занимавала со сточарство, а и со земјоделство. Поради слабата материјална положба Михајло како и неговите браќа биле принудени да се глават како момоци кај имотните селани во разни места. Окупацијата Михајло го затекнала во Мариово каде што бил да работи како момок. Преку партиската организација се поврзал во село Рапеш со партизаните кои ги помагал на сите можни илегални начини, а во август 1944 и самиот се приклучил кон НОВЈ. Како борец зел учество во повеќе акции, меѓу кои попознати се оние на Ѓавато, за ослободување на Прилеп и други. Во борбите за ослободување на Охрид од Германците, Михајло го изгубил својот живот на 7 ноември 1944 година.