Михаил Вивег

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Михаил Вивег

Михаил Вивег (роден на 31 март 1962 во Прага) е еден од најпопуларните и најпродаваните современи чешки писатели. Дипломирал на Филозовскиот Факултет во Прага, на групата чешки јазик - педагогија. Работел како наставник во основно училиште во Збраслав и уредни во издавачката куќа „Чески списовател“. Како професионален писател се дефинира од 1995-та година.

Главно пишува за романтични врски на неговите современице со хумор и иронија, со обид за подлабоко значење. Неговите фанови го споредуваат со Ник Хорнби.

Неговите книги, кои од доцните 1990-ти ги издава секоја пролет, се продаваат во повеќе од 50.000 копии во повеќе реедиции, со вкупен тираж од повеќе од триста илјади примероци. Доживеале и две филмски и две тетарски адаптации, како и превод на десетина светски јазици.

Библиографија[уреди]

  • Názory na vraždu ( Погледи на човештвото, 1990)
  • Báječná léta pod psa (Одлични години за никаде, 1992) - хумористичен бестселер за комунизмот; екранизран во 1997 (ко-сценарист бил Јан Новак)
  • Nápady laskavého čtenáře (Идеите на љубезниот читател, 1993) - колекција на литературни пародии
  • Výchova dívek v Čechách (Воспитувањето на девојките во Чешка, 1994) ; екранизиран во 1997
  • Účastníci zájezdu (Учесници на патувањето, 1996) - екранизиран во 2006, успешен на Трибечки Филмски Фестивал
  • Zapisovatelé otcovský lásky (Запишувачи на татковската љубов, 1998)
  • Povídky o manželství a sexu (Кратки раскази за бракот и сексот, 1999)
  • Nové nápady laskavého čtenáře (2000) - втора колекција на литературни пародии
  • Román pro ženy (Женска новела, 2001) - екранизиран во 2005
  • Báječná léta s Klausem (Прекрасни години со Клаус, 2002) -
  • Případ nevěrné Kláry (2003) - филм во предпродукција
  • Vybíjená (2004)
  • Tři v háji (2004) – заедно со Халина Павловска и Ива Херцикова
  • Lekce tvůrčího psaní (Лекции за креативно пишување, 2005)
  • Báječný rok (Прекрасна година, 2006) - дневник за 2005

колекции на колумни:

  • Švédské stoly aneb Jací jsme (2000)
  • Na dvou židlích (2004)

Надворешни врски[уреди]

Онлајн дела на англиски јазик: