Миров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Миров
Црквата Св. Јован во замокот
Црквата Св. Јован во замокот
Црквата Св. Јован во замокот
Грб на Миров
Миров во рамките на Германија
Миров
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Мекленбуршка Езерска Област
Месна заед. Мала Мекленбуршка Езерска Област
Градоначалник Карло Шметау
Основни податоци
Површина 156,37 км2
Надм. височина 63 м
Население 3.883 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 25 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MST
Пошт. бр. 17252
Повик. бр. 039833
Портал http://www.amt-mecklenburgische-kleinseenplatte.de/
Местоположба на градот Миров во рамките на округот Мекленбуршка Езерска Област
Карта
Карта
Координати 53°16′N 12°48′E / 53.267° СГШ; 12.800° ИГД / 53.267; 12.800Координати: 53°16′N 12°48′E / 53.267° СГШ; 12.800° ИГД / 53.267; 12.800

Миров (германски: Mirow) — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Мала Мекленбуршка Езерска Област.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на градот потекнува од словенскиот збор „мир“. Името било извлечено од „вила мирове“, што означува место на мирот.

Географија[уреди | уреди извор]

Миров се наоѓа во средишниот дел на Мекленбуршката Езерска Област (Mecklenburgische Seenplatte) на јужниот брег на истоименото езеро, кое е поврзано со Мириц и со Хафел преку систем на езера, реки и канали. Постојат уште неколку езера на територијата на градот. Селата Димиц, Флет, Гранцов, Печ и Штарзов биле припоени кон градот во 2004 и сега се дел од него.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1227, Редот на Св. Јован основал бург на брегот на езерото Миров откако војводата Борвин Втори им дал земја тука; во горниот лев дел на грбот на градот сè уште е прикажан крстот на Редот на Св. Јован. Во 1701, градот станува дел од војводството Мекленбург-Штрелиц. Во 1919 добил градски права. Миров е родно место на Шарлота фон Мекленбург-Штрелиц, сопруга на Џорџ III.

Барокниот дворец, во изградба од 1749 до 1760, бил проектиран од Кристоф Јулиус Леве. Познат е по неговата балска сала и Црвениот салон со свилени завеси во кинески стил. Во англискиот парк на дворецот е погребан последниот голем војвода на Мекленбург-Штрелиц, кој умрел во 1918. Гробот на големиот војвода се наоѓа во готската црква на Св. Јован, која била повторно изградена по нејзиното целосно уништување во 1945.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)
  2. „Знаменитости и атракции во и околу Миров“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]