Мирко Спироски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Мирко Живков Спироски (Лешок, тетовско, 3 февруари 1948) е македонски физиолог и редовен професор по имунологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје.

[уреди] Биографија

Спироски е роден во тетовското село Лешок на 3 февруари 1948 година. Медицина завршил во Скопје. Магистрирал и докторирал на Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Во мај 1995 година е избран за вонреден професор по предметот физиологија. Во октомври 1997 година е избран за вонреден професор по предметот имунологија, во март 2002 година е избран за редовен професор по имунологија, а од 2006 година е професор по хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје. Еден е од основачите и прв претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија, еден од основачите и претседавач на Управниот одбор во МЦМС. Основач е и директор на Институтот за имунологија во 2000 година[1]. Објавил над 100 труда, 3 монографии и 4 практикуми.


[уреди] Наводи

  1. „МЛД - Здруженија“ (на македонски). Македонско лекарско друштво. http://www.mld.org.mk/zdrdata.php?zid=8. проверено на 2009-11-02. 
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник