Мирина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Мирина била кралица на Амазонките. Според Диодор Сикулус,[1] таа водела воен поход во Либија и освоила победа над народот познат и како Атлантиани, уништувајќи го нивниот град Срн; но била помалку успешна во борбата против Горгоните (кои се опишани од страна на Диодор како воинствена нација која живеела во близина на Атлантианите), не успеала да ги докрајчи нивните шуми. За време на подоцнежна кампања, таа го промени договорот за мир со Хорус, владетелот на Египет, освоила неколку народи, вклучувајќи ги и Сиријците, Арапите и Киликијаните. Таа, исто така ја освои Голема Фригија, од Таур до реката Каикос и неколку егејски острови, вклучувајќи го и Лезбос; исто така се смета дека таа прва стигнала на претходно ненаселениот остров кој таа го именувала Самотраки, и изградела храм таму. Градовите Мирина (во Лемнос),[2] најверојатно и друга Мирина во Мизија, Митилена, Кими, Питејн и Приен се верува дека се основани од неа, и се именувани по неа, нејзината сестра Митилена, и командирите во нејзината армија, Кими, Питејн и Приен.[3]

Наводи[уреди]

  1. Diodorus Siculus, Library of History, 3. 54-56
  2. Stephanus of Byzantium, s. v. Myrina
  3. See also Strabo, Geography, 11. 5. 5. = 12. 3. 22