Миранда Кер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Миранда Кер
Miranda Kerr 2.jpg
Кер во Perth на 21 Февруари, 2009
Сопружник Орландо Блум (2010–)

Миранда Меј Кер (20 април 1983) е австралиска манекенка, која од средината на 2007 година е добро позната како една од ангелите на Викторија Сикрет. Таа е првата австралијанка која учествува во кампањата на Викторија Сикрет, а исто така ги претставува и австралиските модни колекции како Портмантс и Дејвид Џонс Лимитед. Кер започнала да се занимава со манекенство на 13 години, започнувајќи во модната агенција Чеис, и набргу потоа победи на австралиската потрага за национален модел ,организирана од списанието Доли и парфимериите на Импулс.

Раното детство и фамилијата[уреди]

Кер е родена во Сиднеј, но пораснала во малото гратче Гунедах, Нов Јужен Велс. Нејзините родители се викаат Тереза и Џон Кер, и има помлад брат кој се вика Метју. Во едно интервју, Кер изјави дека таа има Англиско, Турско, Француско и Шкотско потекло а и ги негираше гласините дека има Филипинско наследство. Кога била дете, Кер “ возела мотори и јавала коњи на фармата на нејзината баба” . Таа го опишува своето детство во австралиското село како многу обично,нормално...немало никакви претензии и никој не обрнувал внимание кој како се облекува. Можело да бидеш свој. Нејзиното семејство се пресели во Брисбејн за да и овозможи на Кер и на нејзиниот брат да го искусат градскиот живот. Таа матурирала во средното училиште Ал Халос во Брисбејн, и планирала да студира на насоката за прехранување, пред да одлучи да се занимава со манекенство.

Списанието Доли[уреди]

На 13 години, во 1997 година, Кер учествуваше и победи на годишниот избор за Импулс Модел, организирано од списанието Доли. Таа заминала во Сиднеј една недела пред нејзиниот 14 ти роденден за да се слика за списанието. За нејзината победа, локалните медиуми изразија “загриженост” поради тоа што била многу мала. Контраверзноста ги зголеми грижите за славата на младите девојки и нивното учество во модната, козметичката и другите забавни индустрии. Некои конзервативни медиуми се пожалија дека фотографирањето за списанието Доли (вклучувајќи слики од 14 годишната Кер во костими за капење) наведува на детска порнографија. Наспроти тоа, Кер изјави дека медиумите во тоа време се обидувале да ги објават сите детали кои наликувале на педофилијата. Списанието Доли е за млади девојки а не за возрасни мажи. И јас бев целосно облечена за време на зимската фотосесија! Тие направија од ништо нешто.

Кер потпишала за поделбата на Чик Менаџмент во Сиднеј. Таа се стекна со голем публицитет по рекламирињето на костими за капење претежно за австралиската колекција за сурфање Билабонг, за кои Кер рекламираше сурфачки брендови како Тајгерлајли, Рокси, Билабонг грлс, и Уан Тиспун. Со ова таа стана многу позната за австралиските и азиските пазари, а набрзо потоа се пресели во Њу Јорк.

Кариера[уреди]

Миранда Кер за Ober Jeans во 2004.

Во 2003 год , Кер потпиша договор со агенцијата Мадисон. Таа направи рекламна кампања за Обер Џинс со фотографот Ерик Сибан Мајер. Во Њу Јорк, Кер имаше многу настапи на модните писти а потоа на почетокот на 2004 потпиша договор со модната агенција Некст. Оттука, таа беше ангажирана за многу модни писти и познати кампањи како Алекс Пери , Ајилдиз, Бејби Фет, Лиса Хо, Вуду Долс, Левис, Бетина Лиано, Никола Финети, Л.А.М.Б ., Хартерет, Бетски Џонсон, Трилиз Купер, Џетс, Џонс Ричмонд, Блумарин - за костими за капење, Ниман Маркус, Сифоли Свимвер, Ана Молинари, Рок& Репаблик и Роберто Кавали. Таа исто така беше ангажирана за списанија како Ел, австралискиот Вог и Харперс Базар, а беше прикажана во телевизиските реклами рекламирајќи за брендови како Портманс, Бондс и Вит.

На почетокот на 2006 , Кер се појави во последната епизода на телевизиското шоу Проект Писта , рекламирајќи облека за учесникот Даниел Восовиќ. Таа беше првата која зачекори на модната писта.

Во 2006, Кер се проби на пазарот на Соединетите држави потпишувајќи профитабилен договор со Мејбилајн, Њу Јорк. Оваа кампања се покажа како успешна продавајќи списанија за женска убавина насекаде во светот, вклучувајќи ги списанијата Космополитан, КЛЕО, и ЕЛ, а беше вклучена и во каталозите на Викторија Сикрет.

Напоредно со нејзиниот успех со Мејбилајн, Кер стана првиот австралиски модел на кој во 2007година и беше понуден договор за Викторија Сикрет, заменувајќи ја манекенката Жизел Бундхен. По нејзиното прифаќање, воопшто првиот австралиски модел на Викторија сикрет, се приклучи кон другите избрани модели кои потпишаа за гигантот на долна облека, вклучувајќи ги Александра Амбросио, Каролина Куркова, Адријана Лима, Селита Ибанкс, Изабел Гуларт и Хајди Клум. Пред да стане ангел во 2007 година , Кер веќе беше избрана за наследник на Александра Амбросио како лице за ПИНК во 2006 година. Популарноста на Кер продолжи да расте како една од најпрепознатливите ангели кога таа се појави во Викторија сикрет во 2006, 2007, 2008, и 2009 на телевизиските модни ревии, кои се емитуваа на четири континенти. Поради овој успех Кер беше избрана за списанието Ев, Еф ха ем, списанието Доли, австралиското списание Харперс Базар и списанието Медисон.

До 2007 година , Кер потпиша за да биде модно лице за калифорниската модна икона Арден Б. По појавувањето во нивните есенски и летни кампањи , Кер се врати за нивната зимска кампања 2007 година, фотографирајќи ја познатиот моден фотограф Диего Учител. Таа исто така стана новото лице на Клинки Хепи и потпиша добар шест цифрен договор за да биде новото лице на австралиската стоковна куќа Дејвид Џонс, заменувајќи го моделот Меган Гејл. Во 2008 година , таа заработи 3.5 милиони долари за само дванаесет месеци, и Форбес ја стави десетта на листата на светските најплатени модели.

Кер ( заедно со другите модели од Викторија Сикрет и од агенцијата Некст) беше избрана за да учествува во спотот на американскиот хип-хоп сингл “Број еден” на изведувачите Канје Вест и Фарел.

Следејќи го нејзиниот манекенски успех со Викторија сикрет, Кер направи мало гостување во емисијата ЦБС:” Како ја запознав мајка ви”, заедно со Адријана Лима, Мариса Милер, Александра Амбросио, Хајди Клум и Селита Ибанкс.

Од 2009, Кер беше избрана за насловната страна на австралиското списание Ролинг Стоун, за Харпер Базар- Aвстралија, за Неделниот весник, за турското списание Темпо, за шпанскио списание Космополитен и за германското списание ЏеКју. Кер исто така беше избрана за календарот Пирели 2010 и колумните за колекцијата на XOXO пролет/лето 2009година, списанието Ев , Вог Нипон, рускиот Вог, германскиот магазин Гламур, и австралискиот Hарперс Базар.

Во октомври 2009, Кер започна со претставување на линија на козметички производи од органско потекло за нега на кожата, Кора, во австралија заедно со главниот производител Џорџ Москос.

Кер исто така се појави на модната писта за Баленсијага пролет/ лето,во 2007 година ,нејзиното прво модно шоу каде што рекламираше дизајнерска облека, надвор од ангажманите на Викторија сикрет.

Таа моментално има потпишано со ИМГ Моделс, Некст менаџмент модел Париз, Трафик Моделс и Чик Менаџмент. Во почетоток на февруари 2010 година, Кер случајно стана предмет на оговарање кога Дејвид Кајли, сиднејски главен банкар, бил фатен како гледа разни фотографии од неа на неговиот компјутер во позадина за време на едно нејзино телевизиско шоу кое се емитувало во живо. По неколку дена клипот од интервјуто било закачено на ЈуТјуб со гледаност од 1.3 милиони луѓе. Кога Кајл беше суспендиран од работа за тоа, се отвори интернет кампања во негово име и Кер самата му даде подршка велејќи” кажано ми е дека има петиција за тој да ја задржи работата, и секако јас ке ја потпишам”. Ова случување предизвика зголемување од 100% на бројот на оние кои ја пребаруваа Кер на инернет. По неколку дена од овој инцидент, беше објавено дека господинот Кајли ке може да си ја задржи работата во Мек’квајри. Во 2010 година таа се приклучи кон дизајнерската позната компанија Прада за нивната сезонска колекција 2010 во модната недела во Милано заедно со ангелите Дојчен Крос и Александра Амбросио.


Јавен Имиџ[уреди]

Миранда Кер во 2009

Кер беше нарекувана “следниот Мекферсон” .Таа е препознатлива по нејзините дупчиња во образите. Познатиот славен фотограф Расел Џејмс за Кер изјавил, “Америка се вљуби во неа”. Се вљубивме во неа затоа што таа го има неверојатниот изглед на девојка од соседството и таа е исто така премногу убава. Тоа значи дека жените и се толку љубоморни за нејзиниот изглед а мажите мислат дека не би можеле да и се приближат. Тоа е прекрасна комбинација....луѓето сакаат да бидат во нејзина близина, таа е забавна за време на снимањето..и не е глупава, а тоа може да биде многу неподнослива особина кај другите модели. Модниот агент Урсула Хуфнагл ја опиша Кер како “совршена појава ” наведувајќи го тоа како причина за нејзината способност да “продава вистински производи “.

Нејзината добротворна и хумана работа ги вклучува Wildlife Warriors Worldwide и Children International Во јуни 2009 година , Кер позираше гола, врзана за дрво во австралиското списанието Ролинг Стоун, со цел да го привлече јавното внимание за коалата.


Приватен живот[уреди]

Кер практикува Нихирен будизам- посебна вештина од јапонскиот будизам- како член на Сока Гак’каи Интернешенал (СГИ) со верувањата дека “ ние ја имаме одговорноста да донесеме мир и хармонија во нашите животи и во светот.” Како дел од нејзините верувања во Нихирен, Кер наводно се моли по 20 минути наутро и навечер , вежба јога , медитира, води спиритуален живот.

Според незјзиниот профил од Викторија сикрет, пуштен на страната на ЦБС ЈиТјуб, Кер го опиша нејзиниот поглед врз животот како “ужива во било што и се обидува да го искористи секој момент од нејзиниот живот колку што е можно повеќе” . Во 2007 година беше објавено дека Кер пишува инспирирачка книга за самодовербата и како да си помогнеш самиот себеси, наречена “Пронајди се себеси”, посветена за женската тинејџерска популација . Кер вели, “Всушност тоа се многу информации кои јас ги пронајдов, и кои ми помогнаа”. И ако можам да и помогнам на некоја друга девојка тогаш сум ја исполнила својата мисија.

Во 2003 година Кер почна да се гледа со финансискиот брокер Адријан Камилери. По прегледот од Комисијата за истрага, на австралиските хартии од вредност и неговите инвестиции , Камилери беше прогласен за виновен по пет точки, за измамничко однесување од февруари 2003 до февруари 2004. Кер веднаш после овој настан ја прекина врската со него. Весник од 2007 год изјавил дека Кер имала финансиски проблеми “ по прифаќањето на финансиските совети од нејзиниот дечко “ но сепак одлучила да не поднесува обвинение против него.

Таа претходно била во долгогодишна врска со Џеј Лијон (претходно познат како Брент Тутан) , главниот вокал на групата Тамарама , кој се појави на МТВ во првата епизода на “Градот”. Кер се појави во нивното видео за песната "Се’ за мене ". Тие се забавуваа околу четири години но врската заврши по нивна заедничка одлука, во средината на 2007 година .


Кон крајот на 2007 година, Кер почна да се гледа со актерот Орландо Блум. Тој е исто така член на Сока Гакаи Интернешенал. На 12 февруари 2009 година , Кер и Блоом учествуваа во "Австралија зближува" за собирање на средства и пари за жртвите од австралиските пожари на 7 февруари 2009 година.

Кер ја одржува нејзината линија се секојдневно вежбање на јога, џогирање, и диета на база на сушен зеленчук, свежо овошје и риба.

Надворешни врски[уреди]