Миом на матка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Миомите се бенигни израстоци од мазното мускулно ткиво на матката. Се јавуваат кај 20 - 50% од сите жени. Секоја трета жена, по 35-тата година од животот, има миом. Миомите растат на различни места и делови на матката. Причината за настанувањето на миомот не е сѐ уште позната, но со оглед на фактот што миомите јавуваат во репродуктивниот период на жената и што нивната големина се намалува во постменопаузалниот период, сето тоа зборува во прилог на естрогената зависност на миомот Поголем број на жени немаат никакви симптоми и кај нив може миомот случајно да се открие, при рутински гинеколошки преглед. Поголемите миоми можат да пердизвикаат неправилни, интензивни и продолжени крварења пратени со анемија, како и чувство на притисок во стомакот или чувство на надуеност. Понекогаш миомите ги притискаат околните органи како: мочниот меур и дебелото црево и на тој начин да предизвикуваат одредени тегоби. Чести се и болки во слабините.