Министер за надворешни работи на Кина
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Министер за надворешни работи на на Народна Република Кина |
|
Знаме на НР Кина |
|
| Назначител | Премиер, со одобрение од Националното народно собрание |
|---|---|
| Прв функционер | Џоу Енлај |
| Основана | 1949 |
| Портал | http://www.fmprc.gov.cn/ |
Министерот за надворешни работи на НР Кина е шеф на Министерството за надворешни работи на Кина и претставува една од најважните функции во кабинетот. Министерот најчесто е член на ЦК на Комунистичката партија на Кина.
Содржина |
Процедура на назначување [уреди]
Според Уставот на Кина, министерот се назначува по предлог на премиерот со одобрение од Националното народно собрание или неговиот Постојан комитет.[1]
Список на министри за надворешни работи [уреди]
- Џоу Енлај (1949-1958)
- Чен Ји (1958-1972)
- Џи Пенгфеј (1972-1974)
- Чиао Гуанхуа (1974-1976)
- Хуанг Хуа (1976-1982)
- Ву Сјуечиен (1982-1988)
- Чиен Чичен (1988-1998)
- Танг Џиасјуен (1998-2003)
- Ли Џаосјинг (2003-2007)
- Јанг Џиече (2007-)
Белешки [уреди]
- ↑ Член 62 (5) од Уставот на Народна Република Кина.
Надворешни врски [уреди]
- Министерство за надворешни работи на НР Кина (англиски)
