Минимализам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во визуелната уметност и музика минимализмот претставува стил со кој го прикажува редуцирањето на елементите во дизајнот. Минимализмот во уметноста се појавува со развојот на Западната уметност по Втората светска војна, особено со развојот на американските визуелни уметности во 1960 тите и раните 1970 ти год. Истакнати уметници поврзани со ова движење се: Доналд Џад, Џон мек Кракен, Агнес Мартин, Дан Флавин, Роберт Морис, Ана Труит и Френк Стела. Минимализмот произлегува од редуктивните аспекти на модернизмот и често се толкува како реакција против Апстрактниот експресионизам и како премин кон Постминималната уметност. Поимот го прошири своето значење со цел да опфати движење во музиката каде би имало исто такво повторување какво што има во композициите на Ла Монте Јанг, Тери Рајли, Стив Рич, Филип Глас и Џон Адамс. Минималистичките композиции познати се и како системска музика. Поимот “ минимално “ многу често во секојдневниот говор се однесува на се што е преостанато или соголено до она што е само од суштинско значење. Се користел и за да ги објасни драмите и романите на Самјуел Бекет, филмовите на Роберт Бресон, приказните од Рејмонд Карвер и автомобилските дизајни на Колин Чапман. Зборот “ минимализам “ за првпат бил употребен во Англија во почетокот на 20 тиот век за да ја опише “ композицијата од 1913 год. од рускиот сликар Касимир Малевич која се состоела од црн квадрат на бела површина “.

Минималистички дизајн

Поимот минимализам се користи и за да се опише тренд во дизајнот и архитектурата каде предметот се смалува се до неговите потребни елементи. Минималистичкиот дизајн е под големо влијание од јапонските традиционални дизајн и архитектура. Дејноста на уметниците на Де Стијл претставувала главен извор на референца за таков вид на работа: Де Стијл ги развило идеите кои можат да бидат изразени преку посебно организирање на основни елементи како линии и рамни површини. Архитектот Лудвиг Мис ван дер Рое го усвоил мотото “Помалку е повеќе“ со цел да ја опише својата естетска тактика за организирање на голем број на неопходни компоненти на една градба за да создаде впечаток на ектремна едноставност најстојувајќи секој елемент и детал да може да се искористи и за визуелни и за функционални намени. ( на пр. дизајнирање на под кој воедно ќе служи и како радијатор или голем камин кој би ја загревал и бањата). Дизајнерот Букминстер Фулер ја подржувал идејата на архитектот “Правејќи повеќе со помалку“, но неговите интереси биле повеќе ориентирани кон технологијата и инженерингот отколку кон естетиката. Слична намера имало и мотото на индустрискиот дизајнер Дитер Рам “Помалку но подобро“ усвоено од Мис. Конструкцијата содржи релативно едноставни елегантни дизајни и умерена употреба на декорации. Осветлување, користење на основни геометриски форми како линии, користење на само еден единствен облик или мал број на слични форми кои би биле составни делови на едно дизајнерско единство и комбинации во ненападни светли бои (обично природни текстури и бои) и извонредна реализација влијаат на убавината на градбата. Понекогаш со искористување на убавините на природните шари на обложениот камен и дрвото кои што ги има во одредени едноставни структури, заедно со вистинските метали се доаѓа до едноставна но и во исто време и извонредна архитектура и престижен дизајн. Урамнотеженоста во светлината на боите и разликите меѓу боите на површината можат да ја подобрат визуелната естетика. Структрурата обично би имала индустриски и просторно стилски искористувања (ламби, печки, скали, технологии) и прецизни и едноставни компоненти (како ѕидови или скали) коишто би биле поврзани со уреди, рамни или речиси рамни покриви, пријатни негативни простории и огромни прозорци за да може да влезе сончевата светлина. Минимализмот и научната фантастика во доцните 20 ти год. придонеле во футуристичката архитектура и модерниот домашен дизајн. Модерната домашна минималистичка архитектура најверојатно довела до популарниот стил на отворена кујна и дневна соба со остранување на непотребните внатрешни ѕидови. Луис Бараган е уште еден многу важен модерен, минималистички дизајнер. Минималистичките архитектонски дизајнери се концентрираат на врската меѓу совршена положба, површина, умерено осветлување и внимателно земање предвид на празните простори настанати со отстранувањето на три-димензионалните форми од архитектонскиот дизајн. Повеќето атрактивни минималистички домашни дизајни не се во целост минималистички бидејќи користат скапи материјали за градба и реализација и се поголеми. Некои од современите минималистчки архитекти се: Џон Посон, Едуардо Соуто де Моура, Алваро Сиза Виеира, Тадао Андо, Алберто Кампо Баеза, Јошио Танигучи, Питер Цумтор, Хју Нуел Јакобсен, Винсент ван Дујсен, Клаудио Силвестрин, Мајкл Габелини и Ричард Глакман.

Минималистичка архитектура и простор

Поимот “ минимализам “ е тренд од почетокот на 19 тиот век и постепено станало важно движење како реакција од премногу декорираниот дизајн од претходниот период. Минималистичката архитектура станала популарна во доцните 1980 ти год. во Лондон и Њујорк, каде архитектите и модните дизајнери соработувале заедно во бутици со цел да постигнат едноставност, употребувајќи бели елементи, ненападно осветлување, голем простор минимална количина на предмети и мебел. Минималистичката архитектура го поедноставува просторот за живеење за да се открие суштинското значење на квалитетот на градбите и да ја пренесе едноставноста во ставовите кон животот. Таа е во голема мера инспирирана од јапонскиот традиционален дизајн и концептот на Зен филозофијата.

Концепти и елементи на дизајнот

Концептот на минималистичката архитектура е да отстрани се што е непотребно за на крајот да остане суштинскиот квалитет и со тоа да се постигне едноставност. Идејата не би била целосна без декорации, но сите тие делови, детали и столарија се намалуваат до онаа фаза каде што понатаму никој не би можел да отстрани ништо за да го подобри дизајнот. Она што се зем предвид за “суштинското” се јасност, форма, детали на материјалот, просторот, место и човекот. Минималистичките архитекти не ги земаат предвид само физичките квалитети на една градба. Тие навлегуваат подлабоко во духовната димензија и во невидливото, обрнувајќи внимание на изгледот и на деталите, луѓето, просторот, природата и материјалите. Сето тоа го открива апстрактниот квалитет на нешто што е невидливо и самата суштина ја бараат токму во тие невидливи квалитети. Тука спаѓаат: природната светлина, небото, земјата и воздухот. Притоа, тие ја разгедуваат средината за да ги откријат најважните материјали за градбата и да создадат врска помеѓу градбата и местоположбата. Преку основните геометриски форми, елементи без декорации, едноставни материјали и повторувањата на структури се добива чувтсво на ред и суштински квалитет. Природната светлина во градбите ги открива едноставните и чисти простории. Кон крајот на 19 тиот век кога уметничкото и занаетчиското двжење започнала да биде популарно во Велика Британија, луѓето го ценеле ставот “вистината на материјата” , со почит кон подлабоките и природните карактеристики на материите. Минималистичките архитекти “понизно слушаат за да разберат” , барајќи ја суштината и едноставноста преку повторното откривање на вредносните квалитети на едноставните и обични материи.

Влијанија од јапонската традиција

Идејата за едноставноста се појавила во многу култури, особено во јапонската традиционална култура на Зен филозофијата. Јапонците ја користат Зен културата во естетиката и елементите на дизајнот во нивните градби. Оваа идеја за архитектурата имала влијание врз западното општество, особено во Америка од средината на 18 ти век. Покрај тоа, била инспирација за минималистичката архитектура во 19 тиот век. Концептите за едноставноста ги пренеле идеите за слободата и суштината на живеењето. Едноставноста не е само естетска вредност, тоа има и морална перцепција со која ја анализира природата на вистината и ги открива важните квалитети на материите и предметите кои се од суштинско значење. На пример, песочната градина во храмот Руоањи ги прикажува концептите на едноставноста и на суштвеноста преку огромен простор и со поставување на само неколку камења. Јапонскиот естетски принцип на Ма се однесувал на празен или отворен простор. Со тоа се отстрануваат сите непотребни внатрешни ѕидови и се отвора простор помеѓу внатрешноста и надворешноста. Френк Лојд Рајт бил под влијание на елементите на дизајнот од јапонската лизгачка врата која овозможувала да се поврзе надворешниот со внатрешниот дел. Уредувањето на просторот со празнина е уште една идеја со која се се сведува на она што е најосновно. Јапонската естетика на Wabi-Sabi го вреднува квалитетот на едноставни и обични предмети. Го цени отсуството на непотребни компоненти за да гледа помирно кон животот и да ги открива најсвојствените карактеристики на материите. На пример, намерата на јапонската флора уметност, позната и како Икебана, е да се остави самиот цвет да се изрази. Луѓето ги отстрануваат гранките, лисјата и цветовите од растението и го задржуваат само неговиот суштински дел. Ова ја спроведува идејата за суштинскиот квалитет и вродениот карактер на природата. Ма јасно се прикажува во јапонската архитектура, во дизајнирањето градини и цветни аранжмани (Икебана). Сепак, Ма никако не е само концепт за просторност, сеприсутна е во сите аспекти на јапонскиот секојдневен живот, во временските и дневните навики.

Минималистички архитекти и нивните дела

Јапонскиот минималистички архитект Тадао Андо, го пренесувал јапонскиот традиционален дух и неговото гледиште кон природата во своите дела. Неговите концепти на дизајн се: материјали, чиста геометрија и природа. Обично користи бетон или природно дрво и основни структурни форми за да постигне ораниченост и зраци од светлина во просторот. Тој воспоставува однос помеѓу местото и природата со што создава ред со градбите. Делата на Андо и интерпретирањето на јапонските естетски принципи се од големо значење во јапонската архитектура. Концептите во Vitra Conference Pavilion, Weil am Rhein, 1993, служат за да ги соединат врските меѓу градбата, човечкото движење, местоположбата и природата. Всушност и важна цел на минималистичката идеологија е да воспостави врска помеѓу градбата и местото . Во градбите се користат едноставни форми на круг и правоаголник со цел да се разликува од земјиштето и празни простори во внатрешноста и природата. Во претсобјето има огромен прозор со глетка кон надворешноста. Со ова се постигнува едноставна и смирувачка архитектура и го зголемува нивото на светлина, ветер и природното својство во просторот. Џон Посон е Британски минималистички архитект, чиишто дизајнерски концепти се душата, светлината и ред. Тој верува дека и покрај тоа што намалениот неред и едноставноста на внатрешноста доаѓаат до онаа точка каде ја надминуваат идејата за суштинскиот квалитет, постои чувство на бистрина и изобилие од едноставност наместо празнина. Материјалите во неговите дизајни ја откриваат перцепцијата за просторот, површината и обемот. Освен тоа, тој претпочита да користи природни материјали поради нивната свежина, чувтсво на длабочина и квалитетот на поединечното. Поттикнат е и од големото влијание на јапонската Зен филозофија. Бутикот Келвин Клајн на Улицата Медисон во Њујорк, 1995-96 год, ги пренесува идеите на Келвин Клајн во врска со модата. Концептот на Џон Посон за проектот бил да создаде едноставен, мирен и уредено простран редослед. Тој користел камени подови и бели ѕидови за да постигне едноставност и хармонија во просторот. Го нагласува и намалувањето и ги отфрла визуелните нарушувања, како што се климите или лампите со цел да постигне чувство на чистота во ентериерот. Алберто Кампо Баеза е шпански архитект кој ја опишува својата работа како суштинска архитектура. Ги вреднува концептите светлина, идеја и простор. Светлината е од суштинско значњето, таа воспоставува врска помеѓу градбата и луѓето кои живеат во неа. Идејата е да се спојат функцијата и контекстот на просторот, формите и конструкцијата. Просторот е исполнет со минимални геометриски форми за да се избегнат сите други непотребни декорации. Gasper House, Zahora, 1992 е резиденција која клиентот побарал да биде независна. Високите ѕидови го создаваат окружениот простор, а со камените подови во куќата и игралиштето се спојуваат внатрешниот дел со надворешниот дел. Деталите на структурата прават линии за да оформат непрекината хоризонтала притоа, природната светлина се одбива хоризонтално низ градбата.

Минимална уметност, минимализмот во визуелната уметност

Минимализмот во визуелната уметност се оденсува на “минимална уметност” , литерална уметност и на АБЦ уметноста и се појавува во Њујорк во раните 1960 ти год. кога нови и постари уметници преминале кон геометриска апстракција; проучувајќи ги сликите на Френк Стела, Кенет Ноланд, Ал Хелд, Елсворт Кели, Роерт Риман и други како и преку скулптурните дела на разни уметници како Дејвид Смит, Антони Каро, Тони Смит, Сол Левит, Карл Андре, Дан Флавин, Доналд Џад и други. Скулптурата на Џад била прикажана во 1964 год. во галеријата Грин во Менхетен како и првото флуросцентно светлечко дело на Флавин, притоа и други важни галерии во Менхетен како што се галеријата Лео Кастели, галеријата Пајс започнале со покажувањето на уметници кои што се концентрирани на геометриската апстракција. Притоа имаше два плодотворни и влијателни музејски изложби: Основни Структури (анг. Primary Structures):” Younger American and British Sculpture” се прикажуваше од април 27 - 12 Јуни 1966 година во Музејот на Евреите во Њујорк, организирана од страна на музејскиот Куратор за сликање и скулптура, Кинастон Мекшајн и Системски сликарство(анг. Systemic Painting) , во музејот Соломон Р. Гугенхајм организирана од страна на Лоренс Аловеј, исто во 1966 година каде беше претставена Геометриска апстракција во светот на американската уметност преку слики од видот на “Shaped canvas”, “Color Field”, и “Hard-edge painting” . Со појавата на овие изложби и неколку други се појави уметничкото движење наречено минимална уметност. Во поширока смисла на зборот, европските почетоци на минимализмот можат да се најдат во геометриските апстракции на сликари кои се поврзани поврзани со Баухаус, во делата на Казимир Малевич, Пиет Мондриан и други уметници поврзани со групата Де Стијл, и рускиот конструктицизам, и во работата на романскиот скулптор Константин Бранкуши. Минимална уметност е инспирирана и од сликите на Барнет Њуман, Ад Рајнхарт, Јозеф Алберс и од делата на разни уметниците како што се Пабло Пикасо, Марсел Дишан, Џорџо Моранди, и други. Минимализмот исто така беше реакција против сликарската субјективност на апстрактниот експресионизам, кој бил доминантен во школата Њујорк (анг.New York School) во 1940-тите и 1950-тите год. Уметник и критичар Томас Лавсон во својот каталог есеј,” Последен излез “ во 1977 год. истакна: Сликарство, минимализмот не само што не ги отфрлаат тврдењата на Клемент Гринберг во врска со редуцирањето до површината и материјалите во модернистичкото сликарство туку ги сфаќаат и многу буквално. Според Lawson минимализмот бил резултатот, иако терминот "минимализам" не беше прифатен од страна на уметниците поврзани со него, и многу практичари на уметноста кои од страна на критичарите се назначени како минималисти не го идентификуваат како движење како такво. И Клемент Гринберг се спротистави на ова трдење; во продолжениена својот есеј “Модерно сликање” во 1978 год. тој то одрече ова погрешно толкување на неговите зборови. Гринберг напиша: “Имало некои дополнителни конструкции на она што јас го напишав и кои се крајно бесмислени: Тоа дека рамноста ја сметам не само како ограничувачки услов туки и како критериум за естетски квалитет во сликовната уметност; дека колку повеќе едно дело ја развива самата дефиниција на уметноста, толку подобро ќе биде тоа дело. Оној филозоф или историчар на уметноста или било кој друг кој може да добие претстава за тоа кој сум јас преку изнаоѓање естетски заклучоци на тој начин таа личност премногу буквално се сфаќа самата себе а не мојата статија” . За разлика од повеќето субјективни апстрактни експресионисти од претходната деценија, со исклучок на Барнет Њуман и Ад Рајнхарт; минималистите беа под влијание и од композиторите Џон Кејџ и Ла Монте Јанг, поетот Вилијам Карлос Вилијамс, и пејзаж архитектот Фредерик Лоу Олмстед. Тие на многу експлицитен начин кажаа дека нивната уметност не била во врска со самоизразувањето.