Минангкабау (јазик)
| Минангкабау | |
| Baso Minangkabau | |
| Застапен во | |
|---|---|
| Регион | Западна Суматра, Риау, Џамби, Бенгкулу, Северна Суматра, Ачех (Индонезија), Негери Сембилан (Малезија) |
| Говорници | 8,5 милиони (2011) |
| Јазично семејство |
австронезиски
|
| Јазични кодови | |
| ISO 639-2 | min |
| ISO 639-3 | Или: min – минангкабау zmi – негерисембилански малајски |
| Викимедииниот Инкубатор испробува Википедија на минангкабау (јазик) |
Минангкабау (Baso Minangkabau; индонезиски: Bahasa Minangkabau) е австронезиски јазик што го говори народот Минангкабау во Западна Суматра, западниот дел на Риау, на југот на Ачех, северот на Бенгкулу и Џамби, како и од доселениците во неколку града низ Индонезија.[1] Јазикот претставува и лингва франка долж западното крајбрежно подрачје на покраината Северна Суматра. Се говори и во извесни делови на Малезија, особено во сојузната држава Негери Сембилан.
Поради големите граматички сличности помеѓу минангкабау и малајскиот, статусот на нивното сродство е спорен. Некои го сметаат за дијалект на малајскиот, додека други тврдат дека е посебен јазик од истата група.
Дијалекти [уреди]
Јазикот има неколку дијалекти кои напати се разликуваат и од село до село (на пр. преку река). Тие се: рао мапат тунгул, муаро сунгај лоло, пајакумбух, пангкалан-лубук алај, агам-танах датар, панчунгсоал, котобару, сунгај бендунг аир и карангањар.[2] Во секојдневното општење, членовите на народот Минангкабау од разни области го користат дијалектот агам-танах датар (наречен Baso Padang или Baso Urang Awak = „нашински јазик“) кој има улога на стандард.
Поврзано [уреди]
- Минангкабау (народ)
- Малаички јазици