Милош Красиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Милош Красиќ
Miloš Krasić
MilosKrasic.jpg
Лични податоци
Роден на 1 ноември 1984 (1984-11-01) (29 г.)
Роден во Косовска Митровица, Србија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Положба десно крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Фенербахче
Број 27
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2004 Војводина 77 (7)
2004-2010 ЦСКА Москва 150 (26)
2010-2012 Јувентус 39 (8)
2012- Фенербахче 0 (0)
Репрезентација
2006- Србија 46 (3)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Милош Красиќ (Српска кирилица:Милош Красић,се родил на 1 ноември 1984 година во Косовска Митровица,СФР Југославија) е српски професионален фудбалер кој игра за Фенербахче и српскиот национален тим.

Стил на игра[уреди]

Красиќ е десно крило или играч од средината на теренот кој игра по десна страна,забележлив по моќната техника на дриблање и брзината.

Клупска кариера[уреди]

Рани години[уреди]

Кога започна во клубот Фк Рудар Косовска Митровица од неговиот роден град,во 1999та година Војводина го забележа Красич и тој направи трампа северно на 14 годишна возраст.Тој следните четири и пол сезони ги помина во Нови Сад каде се усоврши и стана капитен на тимот.

ЦСКА Москва[уреди]

Војводина и ЦСКА Москва преговараа за трансфер на Красиќ уште од јануари 2004та, но зделката не успеа. Дури и тој оствари неколку неуспешни патувања во Москва. Конечно, за време на летото 2004та се комплетираше зделката и крилото тргна кон Русија. Тој одигра добро на три натпревари за време на победничката серија на клубот во УЕФА купот 2004-05, вклучувајќи го и одличниот настап во финалето. Тој исто така му помогна на клубот да ја освојат руската лига 2005та и 2006та година, рускиот куп во 2005, 06, 08 и 2009 и рускиот супер куп во 2006та, 2007ма и 2009та година.

Јувентус[уреди]

По долги шпекулации во летото 2010та,Јувентус и ЦСКА Москва се договорија за трансфер на Красич,според кажувањата за сума од околу 15милиони евра.Официјално на 21ви август Красич стана играч на Јувентус и му го доделија дресот со број 27.Красич одигра главна улога во дебито на домашен терен против Сампдорија,при што асистираше гол и беше креатор на голем број шанси.Натпреварот заврши 3-3.На неговиот втор меч,на гостински терен против Удинезе тој повторно се покажа како главен творец на победата од 4-0,со асистенции за гол до Кваљарела и Маркизио.Првиот гол за Јувентус Красич го постигна против Каљари на 26ти септември 2010та година со постигнување на хет-трик.Првиот гол за Маркизио на европска сцена тој го постигна против австрискиот тим Ред Бул Салцбург во групата А во Уефа Европе Лига 2010-11 носејќи му бод на Јувентус на меч кој заврши 1-1, по асистенција на Красич.На 26ти октомври 2010,тој доби забрана од два меча неиграње поради симулирање,и покрај тоа што доби пенал(кој подоцна беше промашен)за време на мечот од лигата против Болоња.Красич постигна гол во победата од 0-2 против Џенова откако Едуардо ја смести топката во својата мрежа во 18тата минута. На 12ти декември 2010,Красич постигна победоносен гол во последните секунди од мечот против Лацио кога неговиот обид се одби од Муслера и влезе во мрежата.Мечот заврши веднаш по постигнувањето на голот,а Јувентус победи со 2-1.Тој постигна сензационален гол против Бреша во победа од 2-1.

Фенербахче[уреди]

На 3-ти август 2012 Красиќ го комплетираше својот трансфер во Фенербахче за сума од 7 милиони .

Меѓународна кариера[уреди]

Репрезентација до 21на година[уреди]

Красич беше важен дел од составот на Србија и Црна Гора до 21 година на последните две ервопски првенства за играчи до 21на година,како и на олимписките игри летото 2004та.Тој учествуваше во тимот што заврши втор во европското првенство до 21на година во Германија,но не одигра ниту еден натпревар.Два месеци подоцна беше дел од истиот состав,но на олимписките игри летото 2004та.Во мај 2006та,Красич играше главна улога за Србија и Црна Гора до 21на година во шампионатот 2006та година против Казахстан.Тој исто така играше и на мечот против Португалија на 28ми март на стадионот на Црвена Звезда во Белград.Натпреварот заврши нерешено 1-1.Красич беше важен дел од Фудбалската репрезентација на Србија во квалификациите за светското првенство 2010та.Постигна еден гол на мечот против Литванија,уште еден против Австрија и намести три гола против Романија со што Србија осигура пласман.

Титули[уреди]

Италија Јувентус[уреди]