Милош Билбија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милош Билбија
Роден 26 февруари 1948
Босанско Грахово,  Босна и Херцеговина
Починал 21 април 2010
Скопје, Македонија Македонија
Занимање археолог

Милош Билбија (Босна и Херцеговина, 26 февруари 1948 - Скопје, 21 април 2010) бил виден македонски археолог, долгогодишен истражувач на праисторијата, најпознат како пронаоѓач на познатата неолитска скулптура Адам од Говрлево.

Животопис[уреди | уреди извор]

Билбија е роден на 26 февруари 1948 година во Босанско Грахово, во Босна и Херцеговина, а дипломирал во 1973 година на Филозофскиот факултет во Белград на Катедрата за археологија. Работел во Музејот на Град Скопје, како виш кустос во Одделението за археологија, а во неговата богата професионална биографија остануваат забележани систематските археолошки истражувања на неолитските и металодобните култури во Скопската Котлина, на наоѓалиштата Скупи, Чрне - Маркови Кули во Скопје, Говрлево, во Матка - Михајлова Пештера, во истражувањата на праисторијата во Славонија, Хрватска, во наоѓалиштето Церје во Словенија и други. Билбија бил член на Македонското археолошко научно друштво. По тешко боледување починал во Скопје на 21 април 2010 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ПОСЛЕДЕН ЗБОР Милош Билбија 1948 -2010, археолог“. Утрински Весник. 23 април 2010, 17:53. Посетено на 2011-12-06. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]