Миле Кокотов
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Миле Кокотов е роден 1964 година во Штип. Основно и средно образование завршил во Штип а студирал во Скопје на Електротехничкиот факултет. Основач е на првата приватна телевизија „ТЕКО ТВ“ во поранешна Југославија (1989 година) [1]. Еден од основоположниците на приватните електронски медиуми во Македонија. Се залагал за развој и плурализам на медиумите во време кога имало само неколку државни медиуми. Исто така, активно учествувал на повеќе меѓународни советувања за развој на медиумите на балканот
Во 1990 година на првите слободни повеќепартиски избори беше избран за советник во собранието на Општина Штип (1990 - 1996). Бил активен член на собраниска комисијата за информирање. Член е на радио клубот од Штип од 1977 година и активно придонесува за ширење на радио техниката и електрониката меѓу младите.[2][3]
Еден е од основачите на Асоцијацијата на приватни радио и телевизиски станици во Македонија (денес АПЕМ). Исто така, основач е на неколку кабелски телевизии во Македонија и Србија.
Како менаџер на „Кадис“, добитник е на престижната награда "International Star Award - Gold Category" од страна на "BID Business Initiative Directions" во Парис 2007 година.[4]
Од 1999 година живее и работи во Скопје
