Милау (Фогтланд)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милау (Фогтланд)
Место во Рајхенбах во Фогтланд
Панорама на градот
Панорама на градот
Панорама на градот
Грб на Милау (Фогтланд)
Милау (Фогтланд) во рамките на Германија
Милау (Фогтланд)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Фогтланд
Град Рајхенбах во Фогтланд
Основни податоци
Површина 4,73 км2
Надм. височина 305 м
Население 2.585  (31 декември 2014)
 - Густина 547 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. V
Пошт. бр. 08499
Повик. бр. 03765
Портал www.mylau.de
Координати 50°37′0″N 12°16′0″E / 50.61667° СГШ; 12.26667° ИГД / 50.61667; 12.26667Координати: 50°37′0″N 12°16′0″E / 50.61667° СГШ; 12.26667° ИГД / 50.61667; 12.26667

Милау (германски: Mylau) — поранешен град во округот Фогтланд, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа во долините на реката Гелч и Раумбах, поток кој тече од Рајхенбах во Фогтланд, кој локално е познат како потокот на сапунот поради текстилните фабрики за боење кои биле изградени на неговите брегови. Градот се наоѓа на 6 километри југоисточно од Грајц и 20 километри југозападно од Цвикау.

На 1 јануари 2016 година, Милау и Рајхенбах во Фогтланд се споиле кон новиот град Рајхенбах во Фогтланд.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIV век била изградена населба во подножјето на замокот Милау (1180 г.). Императорот Карло Четврти му ги доделил градските права во 1376 година. До крајот на XVII век, градот бил недоволно значаен; во 1650 година бил населен со само 24 куќи. Потоа забрзано започнал да се развива поради подемот на ткајачкиот занает, што придонело за забрзан развој на текстилната индустрија во XIX век.

Развој на населението (до 1960 година, податоците се однесуваат на 31 декември):

  • 1706: 900
  • 1834: 2.393
  • 1871: 4.449
  • 1890: 6.353
  • 1910: 7.957
  • 1925: 7.166
  • 1933: 7.375
  • 1939: 6.986
  • 1946: 7.562
  • 1950: 7.234
  • 1960: 6.668
  • 1964: 6.393
  • 1971: 6.087
  • 1990: 3.658
  • 1998: 3.364
  • 1999: 3.328
  • 2000: 3.316
  • 2001: 3.202
  • 2002: 3.119
  • 2003: 3.080
  • 2004: 3.013
  • 2005: 2.979
  • 2007: 2.889
  • 2008: 2.878
  • 2009: 2.858
  • 2012: 2.699
  • 2013: 2.649
Податоци пред 1998 година: Digitales Historisches Ortsverzeichnis von Sachsen
Податоци од 1998 година: Statistisches Landesamt Sachsen

Места на интерес[уреди | уреди извор]

Замокот Милау бил изграден во 1180 година како место каде Раумбах се вливал во реката Гелч и сè уште постои. Еден километар северозападно од градот се наоѓа светски познатиот Вијадукт Гелч, кој ја преминува долината на Гелч. Исто така вредна за посета е градската црква St. Wenzel изградена во 1890 година, која вклучува оргули поставени од Готфрид Зилберман во 1730/1731 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]