Милан Станковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милан Станковиќ
Основни податоци
Родено имеМилан Станковић
Познат(а) и какосрпски: Плави чуперак
Роден(а)09 септември 1987
Обреновац, Југославија (денес Србија)
Жанр(ови)поп, српска музика
Занимање/њаПејач
Години на активност2007 - сѐ уште
Мрежно место[1]

Милан Станковиќ (српски: Милан Станковић, 9 септември 1987 во Белград) е српски поп-фолк пејач.

Животопис[уреди | уреди извор]

Станковиќ својата кариера ја започна со учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ („Звезде Гранда“), каде тој станал фаворит. СМС гласовите го сместиле на првото место 12 пати од 14 емитувани натпреварувачки вечери. Тој влегол во супер-финалето и го привлекол вниманието на пошироката јавност. Во истата година, неговиот сингл излегол во компилацискиот диск „Звезде Гранда“ (со тираж од 100,000 примероци). Тој станал многу популарен на територијата на целиот просотор на поранешната Југославија, тој исто така остварил голем успех во доста европски земји.[се бара извор]

Албум „Соло“[уреди | уреди извор]

Во мај 2009 година излегол неговиот прв албум „Соло“ (50,000 примероци). На овој диск се појавиле сите негови песни, од кои најмногу се издвоиле песните: „Соло“ и „Фејс“. Песната „Фејс“ добила и видео запис. Албумот бил издаден за Гранд Продукција.

Евровизија 2010[уреди | уреди извор]

Тој исто така учествувал во емисијата „Три па еден за Осло“ („Три па један за Осло“), српскиот нациoнален избор за претставник на изборот за песна на Евровизија 2010 во Осло. Тој победил на изборот и истата година ја претставил Србија на Евровизија со песната „Ова е Балкан“ („Ово је Балкан“). Милан влегол во финалето и на крајот завршил на 13-то место.

Кариера[уреди | уреди извор]

По враќањето од Евровизија, тој влегол во конфликт со неговата продукциска куќа и со директорот на продукцијата, Саша Поповиќ. По скоро една година во јуни 2011 година, Милан го издал својот сингл „Перје“, за која и самиот се јавува како композитор. Во октомври 2011 Милан го решил проблемот со Гранд Продукција и го раскинал договорот. Со раскинувањето на договорот Милан започнал со европска турнеја. Својата прва турнеја ја започнал во Швајцарија.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Видеографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]